Да надополнам само, бидете внимателни,јас изгледа бев гладна,но не чувствував глад заради глукозата што се пие. Само што дојдов дома ќе се онесвестев, се препотив и јадев без осет. Носете си шишенце вода со вас,на мене ми беше дозволено да пијам
Да да После тие два часа може да се јаде и затоа е добро да се носи нешто со себе А вода исто си носев ама по неколку голтки смее во тие два часа
И јас го имам истиот проблем и сеа ми е ноќна мора што треба да испитувам скриен шеќер, сакам да зборам со гинекологот за друга опција или 3 месечен да направам или дома имам апаратче за шеќер со тоа да си мерам неколку дена...
Ии јас овој пат после не јадев до 12 саат, ме држеше тоа шеќерот, не осеќав глад. После исто се стресов и ме облеа ладна пот, малце се извадив од памет, ама од глад беше дефинитивно. Кога каснав се нормализирав. Вие што се мислите одма после будење на пиење шеќер отидете, ќе заборавите на глад
Сакам да Ве прашам дали некоја се соочила исто како мене.На двата скрининзи што ги правев кај матичен гинеколог бебето е супер и се развива во ред спрема неделите на кои се покажува развојот но доцни спрема последната менструација околу 9-10 дена во просек. На секој нареден преглед имам поместување на датумот за пораѓај за ден или два.И матичната и други доктори кои бев на преглед исто ми велат дека е се во ред и дека е зачнато во доцна овулација баш пред да добијам циклус. Тоа е така и се поклопува и со односите и со тестовите кои ги правев и преку урина и крв но сепак се плашам дали е се во ред. Од искуства од други некаде се изедначува со датумот на менструација а кај мене од прво ехо до сега е така. Дали и кај некоја се случило вака и дали до крај било се во ред?
Денес сум на втор скрининг во Ремедика кај др. Афродита, дали може да ми даде со прегледот и конзилијарно мислење или треба да направам посебен преглед?
Повторно цела ноќ грчеви и како менстурални болки и повторно од како станав све се изгуби.... Симптомиве ме зафркаваат тотално.
Првото мислам дека исто каснеше неколкуу дена ама се изедначи. Со ова имав каснење од две недели ,мислам дека е зачнато точно циклус кога требаше да добијам, се е во ред ми ја поместија датата на менструацијата за да не се објаснувам сегде. Место 29ти Јануари сега кажувам 13ти Фебруари дека сум имала последна. Не се плаши, чим се е во ред нормално е
Мене вечерва ме фатија посилни меснтруални болки, на интервали, проследено со течни столици, двапати, мислев тоа е тоа, ќе се засилат болките, кај 5, 6 часот утрово престанаа комплетно. Еве сега пак се јавуваат благи болки, не се засилуваат.
Еве ме и мене со менструални болки сум цела ноќ, бев на цтг покажа слаби контракции докај 40. Докторот ќе дошол покасно сега после пладне пак треба да идам да ме види. Значи немора да значи дека почнал процесот.. болките со денови може да траат ? Одвај чекам више да се породам ,ми се смачи да сум трудна
Верувај дека ми траат веќе недела ипол сигурно . Еве од сабајле сум пак со течна столица . Богами и мене ми е смачено нека се раѓа госпожа. Со @Guns N` Roses изгледа сите три исти симптоми имаме , која ли ќе се породи прва
Имам болки и во половината, од вчера вечерта и бебето ми е многу помирно, се исплашив, почнав да плачам нешто да не се случи, едвај се размрда и од утрово ми е по мрзеливо, иначе лудува во стомакот само што ќе станам.
Zenski zdravo, Pred se cestitki na site mamicki i mommies to be 11 nedela sum i mi ponudija paket od NIPT i Horizon testiranje. Dali nekoja od vas gi pravela dvata testovi po konkretno me interesira za Horizon. Vi Blagodaram i so les
Здраво Која е цената на апартман на гак? Дали е со подобри услови од собите?.... Слушнав пред некој месец климата не работела...?