Ти и @Peperutce6 истите симтоми сте ги пишале, ноќта напнато, а утрото смирено. Мој совет ти е исто како на @Anaroz1 , да направиш цтг поскоро, не чекај до недела.
0 болки.... Така сакам да си ја наполнам кадата и да си лежам да се релаксирам ама не знам дали смеам.. Веќе не сакам ни симптоми да пратам ни ништо само лажна узбуна
Како ги чувствувате менструалните болки? Со денови ме сече долу како со нож, час вертикално, час хоризонтално. Вчера десната нога ме утепа од штрекање на моменти, скроз ме закочуваше во внатрешната страна на бутот и напред, ни магнезиум не помагаше. И дали забележувате дека во тие моменти се движи бебето, или баш тогаш мирува? @Guns N` Roses , @Peperutce6 ? Не знам како да ги препознаам болките, ќе се мрднам од нервоза. Згора на тоа, уште па слушнав коментари како сум се породила првиот пат, како не сум знаела што е што, и уште повеќе ме фати нервоза. Ова со провокациите кои ми ги пуштија не се споредува...
Читав дека баш тоа помага во забрзување. Топла вода Изгледа телото ти кажува што ти треба Баш ме интересира дали ќе ти помогне.
Појачај магнезиум, има и некој гел од магнезиум што помагал. Која недела си? Мене вчера многу ме фаќаа каки грчеви во десната нога, и не ми помогна магнезиум, но утре сум веќе 37ма недела.
Така како нож ме сече кога бебето мрда па мислам ќе му излезе некоја рака од долу хаха А овие сега болки ги осеќам од двете страни на стомакот,кај јајниците и малку над. Така тапи и постојани. Не се на интервали и не поминуваат со одмор. Се надевам нема да се покачат до вечер утре сум на депилација, во понеделник на збар Нека почека бебе па наредна недела нека искача кога сака. Ама да и мене ми е втора бременост ама незнам кај терам,што да очекувам Знам со првото кога се отварав и кичма ме болеше многу... Сигурно после ме очекува вагинален преглед. Од него се плашам најмногу
Ќе почека мама да се среди па да дојде Ова што го опишуваш го имам и јас. Јас мислев дека во карлица ме мава кога ги имам тие тапи болки, лево и десно. А како сечење со нож онака непријатно чувствувам секој ден се повеќе. И јас сум утре на депилација, а задутре на цтг, ако издржам да не отидам до тогаш Вчера вечерта пак забележав малку мокро на ѓаќите, и покрај тоа што сум сигурна дека убаво се избришав по мокрење. Еве сега пак нема абер. Многу ме плаши да не е воденикот затоа што е ризик од инфекции. Не се плаши од вагиналниот преглед, од докторката што ме пораѓаше првиот пат ме болеше многу, а сега од другава пред некој ден не осетив скоро ништо.
Кој ти ги понуди? Матичниот? Хоризон е за генетски заболувања кои можат да се пренесат од родителите. Но проблемот тука е дека треба и двајцата родители да се носители на тој ген бидејќи ако е само едниот тогаш резултатот е низок ризик за таа генетска болест. А доколку пак двајцата се носители, тогаш веројатноста детето да го добие е само 25%. Мислам дека и Авицена имаат таков пакет VeraGene, провери си. Ама јас не би чепкала таму освен ако немам сериозна потреба од тоа. Дури и во таков случај можеби подобро е да се појде во МАНУ и таму да се испита тој конкретен ген. Јас имав случај со генетска болест во фамилија и сакав прво да испитам дали јас сум носител на истата за да знам дали воопшто можам да пренесам понатаму. Од Гинекаликс и од Био Сејв ми понудија таква опција, 400 евра. Среќа па ме посоветуваа да појдам во МАНУ и таму за 550 денари ми го направија истото испитување со упат.
Баш ќе пробам , јас све се плашев претходно да не се отворам од топла вода ама сега баш тоа ми треба @Puffy2019 Сечење долу или како со струја некој да ме боцка. Болки во стомак како кога ти се иде во вц ама не можеш некако и тапи болки во кичма . Инаку не знам не сум запазила дали мрда у тој момент ама цела ноќ грчеви имав особено после мочање , после тоа ништо. Сега му викам на мм доаѓај и да прошетаме на матка до горе не ме фаќа место веќе. За средување , јас синоќа си ставив трепки , викам ај да и се свиѓам кога ќе ме види прв пат Ме прашува жената кога ти е термин викам ја кај и да е треба да се породам . Ми вели ајј само да не те фатат сега на кревет ( во себе си викам дај божеее) Се е спремно уште бејби да е спремна и таман. Многу ме интересира дали сум барем малку отворена , не ме прегледаа претходниот пат бидејќи цтг беше мирно. Не знам дали болкиве се од што е дебелка мојава притиска или некој процес на отварање.. Вака се осеќам по чудно по широко некако ама може само си умислувам.
Дефинитивно јас сум обратно Денес посвежо облачно, као на трудници треба да е полесно Јас не можам да функционирам само ми се лежи На сонцето кога пукаше надвор без проблеми шетам низ маало вртам кругчиња Луда работа
Ми изгледа само како лажна узбуна, лажни контракции, никако да тргне работава, треба да се опуштам, се оптеретив психички. @Puffy2019 правев вчера ЦТГ мирно беше, немаше контракции, имаше доволно плодова вода, бебе си мрдаше, се изгледаше уредно. Менструалните болки ги чувствувам како грчеви ги има па ги нема, се засилуваат па ги снемува и половината ме боли. Тоа така сечење имам кога бебе мрда доле, тоа е поинаква болка, сечење како со нож, остра болка, ама знам дека е бебе. Бебето ми е помирно од вчера вечерта, иначе кај мене е многу активно и тоа ме збунува и ме плаши моментално.
И јас си ги поставувам истите прашање, дали се болките од бебе што притиска. Иначе бев во понеделникот отворена 0 прсти, а вчера не ме прегледа вагинално.
Не се секогаш исто активни . Кај мене на пример има денови каде што е скроз мрзлива и само осеќам како се растегнува нежно , а има и денови каде што ми ги крши ребрата буквално. Можеш да ги пратиш движењата , треба да имаш најмалку 10 во 2 часа. Касни нешто благо, или напиј се кока кола. Седни онака во полу лежечка положба на креветот и малце боцни го стомакот неколку пати и прати ги движењата.
Ве молам без доктор не пробувајте ништо за индукција на пораѓај. Жешка вода од 38-39 степени лежењр повеќе од 10м може да предизвика хипертермиа, да запре крвоток или редуцира према бебе, да бутне притисок па да припаднетр, премногу жешко стрес кај бебе може да направи и да го направи тахикардично итн...еден куп ризици. А најмалку ќе предизвика пораѓај. Комон сенс нека ни е ова на сите Прашајте секс дали смеете ако не пешачење.. Топла бања да, ама жешка никако. Ова ми е од доктори потврдено, сум прашувала затоа што ја се вријам со жешка вода на бањање.. секако сега во бременост никако
Девојки ве читам за контракции. Да ви кажам дека јас отидов на прво цтг и 0 контракции, ме провери вагинален преглед 3 цм отворена. Ноќта имав менструални болки и малку крварев, следен ден цтг 0 контралции, а вагинален преглед 5 цм. Во средата отидов пак на преглед сеуште бев 5цм ама ме задржаа. До поладнето родив . Кога ми ставија провокации почнаа контракциите иначе немав, а ментруалните болки биле од цервиксот што се ширел. Барем кај мене така беше. Со лесно на сите