Секако прашував за издржлива температура која ќе ми биде пријатна на мене да се опуштам . Имав прилично краток цервикс и од почеток секогаш сум гледала набрзинка да се истуширам да завршам работа. Со тоа што сум веќе 39та скоро не знаев дали смее , од инфекции и слично да лежам во полна када .
Сигурно си земала термометар за бебето до сега измери да е под 38. За инфекции може да е ризик веројатно и тоа. Искрено јас не би на твое место на сам крај после е тешко бебето ако ти заврши со терапија. Моето беше избоцкано цело
Ве читам цело време и сега кога пиша 37 недела хахах па јас сум 37 од денес ни на крај памет ми е да раѓам нека седи таму уште две недели Јас ве мислам 40 сте А и дека мора царски кај мене па викам договорено чим е, кај ќе искача сам па максимално опуштена А иначе имам и јас мокро на гаќите исто избришана убаво ама приметив кога ќе станам од притисокот на бешика знае да докапе плус некоја капка ...на ехо плодова вода имаше, немам стално мокри гаќи па не паничам, док. рече тоа тече без престан ако е плодова... Бебе си мрда малку му е потесно изгледа па кога ќе направи некој потег дури подрипнувам И многу се потам, денес посебно под мишка потоп никогаш не сум се потела под мишка... @fragaria знаев дека ќе се смени времето, зошто вчера од кревет не можев да станам, очи не можам да отворам кога е вака
Во најмала рака барем јави се кај докторот што те води, види што ќе ти каже, дали да одиш пак или не, ама не оставај така без да прашаш.
Лелееее Затоа тебе те немаше денес Жива и здрава да ти е, и сите вие покрај неа. за двете Ајде така утеши ме, ме убија црни мисли за страв од болки. Кога ќе можеш шкртни нешто во Породилни приказни како одеше, сите тука не утепа оваа неизвесност
Ти си договорена, затоа не се замараш А и јас си имам друга мака па ми се брза... За истекување на плодова вода јас имав баш спротивно искуство во првата бременост, сабајлето ми протекоа две-три капки по нога, и после тоа кога ме примија пак по некоја капка одвреме-навреме протекуваше, не беше постојано без престан, затоа и се плашам. Ама ајде ќе се обидам да се убедам дека е од недоиспразнетост на мочниот меур, затоа што два дена имаше пауза. 1.5 цм бев отворена во понеделникот, паѓање на мукозен чеп, постелка трет степен, два дена имав навечер "удари" во половина, ова болкава со сечење секој ден повеќе ја има.
Јас женски спиев денски ко пијана сум сега во глава Се разбудив стопена ми се чини, косата водена пижами утоп... Сум се препотила не знам ни како сум заспала, од вакво време најчудно ми е Иначе ве читам со симптоми Кај мене абер нема засега... Стомак горе Ајде можеби од понеделник ќе бидам 38ма па ќе видиме дали ќе почне нешто
Јас не сум ни во 30та, а истово со потењево. Во живот се немам потено до сега ама буквално, сега од што ми иде внатрешен склет не можам да заспијам навечер, едвај и се будам со мокра коса, навлака почнав да менувам секој ден. Инаку ве молам утешете ме дека се хормони и дека ќе помине побрзо овој период, јас веќе не знам што да правам со себе, се можно ме нервира, не сакам никој да ми се обрати, сакам да бидам сама и да лежам цело време. На маж ми почнав за некои банални ситници да му замерувам, а не е свртен дома ко што треба ради работа, па кога ќе дојде моето трубење му фали. Дома ми е хаос, немам сила ништо да фатам. Психички полошо се немам чувствувано до сега и што е најтрагично, не знам што да направам за да си помогнам. Мислам дека и сѐ ми е собрано, до пред месец работев ама последниве три години немам застанато ко што треба и време да си посветам на себе. Цело време бев со трчање на сите страни, сѐ да се стигне, сѐ да се заврши. И сега кога ете малку се олабавив, почнаа тие мисли и чувства да ги имам ама знам дека не е на арно ако продолжи вака. И криво ми е затоа што си мислев дека ќе си уживам во остатокот од бременоста, немав време да си се посветам на тоа додека работев и едвај го чекав периодов за да ми биде вака. Стварно не знам како да си помогнам.
Дали и кога ви се појави linea negra? Онаа темната линија на стомак? Не се сеќавам во првата бременост кога се појави а сега сеуште не сум ја приметила