Не си сама во ова, ќе помине побрзо отколку што мислиш. Немој да се грижи за хаосот дома и ситниците, важно е ти да си мирна и одморена. Мислам дека секоја трудница поминала низ ваква фаза . Хормоните лудуваат во буквална смисла на зборот , тешко е , се те нервира. Со мм сум се карала за најбанални работи и после ми е жал, уште имам такви испади. Пробај да правиш нешто што се исполнува , гледај некоја смешна серија , шетај надвор. Јас деновиве сум многу напната со сите овие симптоми и стравот дека се ближи пораѓајот , сега цел фриждер го превртев исчистив.. Чистев една по една паштета па ти види како е Збеснувам буквално , да знаеш дека не си единствена. Се ќе помине и се ќе биде добро, само трпение , добра мисла и окупирање на мозокот со други работи. @MorskaSirena Не ми се појави , ама затоа цел стомак ми распука од стрии
Стрии имам малку околу пупак од претходна бременост, нови не ми се појавиле и се надевам нема да ми се појават. А за линијава знам дека може и да не се појави ама и да се појави не ми текнува од кога се појавуваше
Фала ти најмногу за мислењево ептен ми значи и искрено баш ми требаше да прочитам нешто вакво А инаку додека уште бев во движење и активна баш прочитав некаде дека бременоста може да биде најосамен период за една жена. И се чудев како е можно, едвај чекав да земам породилно и да уживам, да си спремам сѐ со мерак и на крај се чувствувам толку исфрустрирано, тажно, без енергија да станам и баш така како што прочитав, осамено и некако без разбирање од околина.
Баш е така. Јас од 16та недела бев во кревет. Сите одат некаде прават нешто јас сама по цел ден. Многу е лошо чувството и да буквално мислиш дека никој не те разбира . Многу измешани емоции ама се ќе помине и се ќе биде добро Гали си меше , мисли на позитивни работи. Пушти си modern family мене ми е најкомфорт серија на свет, ме смирува ептен. Ти со две девојчиња си така?
Да, две принцезички очекуваме. Какво е кај тебе? Некогаш имам грижа на совест кон нив затоа што знам дека секој мој стрес и нервоза го чувствуваат и они, а реално се толку мали и не се криви за ништо. Еве, типичен пример од вчера, гледавме креветчиња, секаде едни исти модели, ништо посебно, а цени во вис и на крај решивме да земеме од една познаничка, душекче секако ново ќе си купиме. Леле, вечерта плачки до липање, да не можам да се смирам затоа што ме изедоа мисли како им купувам на старо на децава место ново да имаат, а нема врска, секако е сочувано тоа, а со тие пари сѐ од облека можам да земам ама ете, труднички мозок + хормони и тоа е.
Мислам дека нема трудница што не поминала низ такви фази емотивно Многу и имаат пишувано наназад за истово исто и јас Ја лично сум некако многу храбро настроена и позитивно и сѐ со ред, сега во бременост ми се случи на неколку пати да имам сериозно многу црни мисли и не си личам на себе, и некако сама со себе си зборам во мислите и ќе си го средам но чудно невообичаено И тоа исто многу осаменост на моменти и да има некој околу мене се осеќам само Како никој да не може да ме разбере или дека џабе ќе ми е муабетот Тука најмногу си најдов утеха на форумот и со пријателки што може не ми се толку блиски ама тазе имаат слични искуства Поминува, ќе биде ок што и да се случи ќе се преживее некако... А за тоа со работа Исто мислам дека најмногу ми влијаеше оти ми кажаа не смееш работа не смееш вежбање не смееш ништо, тоа беше на почетокот И мислам дека многу е тешко психички, а да не зборам па без осет поединци ко ќе ми се јавеа и ќе треснат нешто на пример уживај дури можеш супер спиј си сега е супер не работиш Многу се нервирав Оти како многу активен човек да мораш мораш да прекинеш сѐ оти постои опасност за спонтан абортус и сам ќе си крив... многу тешко беше Сега барем малку е по ок од тој аспект Ама работата многу ми недостасува колку и смешно да звучи Онака баш им завидувам на трудници што си работат до крај и се ок, иако и тоа сигурно е тешко за некој Како што ти пишаа и пеперутче Некој филм комедија Малку тука на форум Ако имаш некоја по ок другарка што ќе ти прави ведри муабети И ќе помине
Дефинитивно хормоните си ја играат улогата во бременост многу навистина многу На сите ни е така Повеќе или помалку А за купување работи и јас што може би зела од луѓе па дури и од second hand ништо не е страшно тоа плус од некое бебе земаш не може да е ништо лошо Алишта не би зела на почетокот можеби покасно И сеуште не сум купила ништо иако сум при крај Ќе купуваме после породувањето здравје Сега само ептен најосновните работи за торбица Плус сите исто кажуваат Дека многу брзо ги надраснуваат сите работи бебињата така да нема потреба од трупање непотребно и секако зошто да се прави отпад ако може да се даде на користење на други
Ја сум 30та недела и скроз исто се чувствувам ко тебе. Ништо немаме купено ни спремно за бебињата и тоа дополнително ме нервира. Пред да си легнам се туширам за да заспијам полесно ама џабе ни тоа не ми помага. Од втор триместар се чувствувам осамено и тажно. Се надевам дека брзо ќе помине се. (малку се утешив дека не ми се случува само на мене ова) Со лесно на сите идни мамички
Затворена си нон стоп дома? Многу ми е познато ова (по себе). До пред некој ден кога го пуштав малиот во градинка постојано плачев и мислев на тоа како ќе бидам без него неколку денови, сега е дома неколку денови, се скапав карајќи го. Не дека не прави глупости, грешки, дека е непослушен, ама не е до толку за по цел ден да го карам.Прееска ми падна многу тешко, се расплакав па го гушкав му се извинував што сум таква, а тој душа мајкина кине хартија и ми ги брише солзите Како деновиве наеднаш да се оладив, се ме нервира... Не знам дали мораш да лежиш во кревет или не, ако имаш дозвола за движење, излегувај надвор што почесто. Еве вечерва му реков на маж ми, излегуваме надвор да прошетаме, ќе полудам дома. Првите пет минути пешачење се ме болеше, мислев на породувањето кога како би било. После тоа, на еднаш телово ми се олабави ни нозе ме болеа, ни бебе ми тежеше, ептен се релаксирав, дури не се ни почуствував бремена а не пак како за во деветти месец. Е сега ја заебав малку ногата ја свиткав Па ме фати паника дека нема да можам да одам, дека ќе завршам во гипс на породување Среќа па вистинскиот човек е со мене и ме охрабри, па болката помина и си продолжив внимателно да си газам. Ако имаш можност, излегувај за секаква глупост од дома, ништо друго не олеснува како тоа.
И ти ќе имаш едно мало вакво прекрасно човече, што секој ден ќе те воодушевува, само во женска верзија, дури тогаш ќе видиш што е плачење од љубов Не можам да опишам колку ме воодушевува тоа дете. Ти му се извинуваш тој солзи ти брише. Кога ќе ме забележи дека имам киселини трча да ми полни кисела вода па брзо ми носи, пред некој ден кога ми се појавија светки стоев пред кревет не ми текна да седнам, тој ме повлече да седнам и ми стана подобро...прееска му викам дојди да си полежиме јас и ти сами. Ми вика не сме сами, и дада е тука И обавезно штом види цвет, кине и ми го подарува Како го испофалив ко да му барам жена за да го оженам