Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. BubamaraM

    BubamaraM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    647
    Мими супер ако е така.
    Нагласив во пораката дека пишаното е од муабети, ниту сум се бањала, ниту видела извештаи од завод. Како и секое лето, ги има и двата муабети. Едниот дека е чиста наспроти другиот дека е нечиста и луѓе фаќаат инфекции.

    Лично би ми било несигурно да влезам особено Лагадин на пр, кај што ептен маваат в очи цевките од хотелите и шанкчињата (од вц) пуштени вдолж в езеро. Можеби има и други такви места, не знам.
    Едит: И на Славија се видливи цевките, особено погоре кај кафанчињата и кај Аквалина.
     
    Последна измена: 19 август 2025
    На naturally, fragaria, EarthFire и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    919
    Не знам точно, не пишуваше конкретно, но ни се појави чешање и печење кај мене, црвени дамки кај него. Мене ми даде докторката вагиналети и видермина гел, нему канестен маст. Тој првиот ден бевме цел ден на Градиште.
    Ова беше лани пред да забременам, сега тој не ми дава да пливам таму, тој се исплаши :)
     
  3. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.208
    Допаѓања:
    4.695
    Пол:
    Женски
    На Лагадин водата е истото така пречиста.
    Цевки не сум видела, а и да ги има од нив не истекуваат фекалии, ниту некогаш имало видливи остатоци. Да не се шири паника, особено не од муабети кој што кажал.
    Колку само доктори кажале дека е безбедно, има официјални податоци од релевантни институции кои сигурно знаат многу повеќе од некои кои шират муабети.
    На кој му е страв, нека не влегува :D..... Го имаме најубавото езеро во Европа.
     
    На Anastasia579 и Anie93 им се допаѓа ова.
  4. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.208
    Допаѓања:
    4.695
    Пол:
    Женски
    На кои делови од телото ви се појави инфекција и црвени дамки? Кај двајцата исто? Зошто ви дала различни лекови? На тебе антибактериски, а нему против габи? :^)
    Мене ова ми личи на инфекција добиена од друго нешто, пред Градиште (одма, за еден ден не ми се верува да се развие инфекција, па и од вода која е пречиста).
    Нејсе, да не се правам доктор, секој си знае за себе.
     
  5. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.426
    Допаѓања:
    16.169
    Пол:
    Женски
    и јас пробав на два пати ама да те влече стомакот многу чудно.:D Се брцкав минатата недела, сега неделава е ладно и баш ми е криво ама тоа е колку толку влегов:)
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BubamaraM

    BubamaraM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    647
    Немам амбиција да ширам паника. Муабети се муабети, не можат да се земат како релевантен пример - особено во фризерски салон, но, мене ми е загрижувачки да слушнам неколку жени со слично искуство, за нив или за деца со кожни воспаленија, уро-генитални инфекции и сл.

    Што истекува од цевките неможеме да знаеме, сепак се малку затрпани со песок не излегуваат така на површина на вода, за дотолку охриѓани пазат на естетика. :D

    Да не бидам оф топик, за жал ова е Мк, факт е дека не треба и не смее да ги има тие цевки. Дури и да истекува само водата што мијат чаши со сјај за миење. Не треба да тече в езеро. За на тв и извештаи, ние сме меѓу првите економии во светот, така и со водите и сл., да не заборавиме дека Охрид е на конец да биде испишан од Унеско заради урбаната мафија, меѓудругото и заради (не)заштитата на водите и околните сливни реки. Едно google пребарување е доволно да се види што објавуваат граѓаните - има еден куп слики од 2024-2025 од излевање на канализација в езеро, а вамо градот споделува извештаи за чистота на вода - прва класа. А знаеме како кај нас се прават мерења со наместени услови...

    Дека имаме најубаво езеро во Европа - имаме. Дека кон езерото и природата се однесуваме катастрофално како општество - се однесуваме и тоа е непобитен факт.

    Пак ќе речам летово сум ретко во Охрид, ама сум видела со свои очи во тие неколку доаѓања. Ова е само споделување на мислење а не ширење паника. Сметам дека реалноста е инаква од прикажаните извештаи.
     
    На naturally и fragaria им се допаѓа ова.
  7. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.208
    Допаѓања:
    4.695
    Пол:
    Женски
    Да не мешаме урбана мафија со највисок квалитет на вода во езерото (на сред езеро е со степен на чистота за пиење). Со години сум на езерото по цело лето и никогаш не сум слушнала за инфекции од водата, ниту лично ми се случило.
    Побрзо инфекција се фаќа ако се допреш со нечиста рака, отколку од вода.
     
  8. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.208
    Допаѓања:
    4.695
    Пол:
    Женски
    Да, баш е чудно, како и да пливаш, како да потонуваш :D:D. Ќе се стопли водата.....:hug:
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    1.562
    Пол:
    Женски
    Во државна сум. На цтг бебе тахикардично, контракции не покажува . На ехо се океј , вагинално отворена 4 прста. Како не знам ни јас сама . Ми дадоа инекција и треба да повторам цтг за еден час. Инаку ја осеќам ама послабо некако. Изгледа ќе раѓам денес или утре. Многу се загрижив за бебето а и мојот пулс 130 вањда и тоа има улога. Не знам.
    Дајте некоја утеха дека се ќе биде океј ве молам.
     
    На Harper, Baby warrior, Ladyme и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.426
    Допаѓања:
    16.169
    Пол:
    Женски
    јас 15години доаѓам во Пештани, водата ја гледаш дека е чиста, се гледа дното, има камења, нема ѓубре, нема цевки… децава што сум ги гледала со годинини пијат од видата затоа што мало дете не можеш да му забраниш :) се едни исти сме тука со години. Така да бар за тука тврдам. :)
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MorskaSirena

    MorskaSirena Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.937
    Пол:
    Женски
    Ќе биде се во ред, не се грижи. Само замислувај си дека за кратко ќе се гушкате :inlove:
    Ти посакувам брзо и лесно да помине се :l:
     
    На Eho и Puffy2019 им се допаѓа ова.
  12. jagoda777

    jagoda777 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    1.514
    Пол:
    Женски
    Ајде @Peperutce6 дојде денот :l:со лесно нека ти е, чим си во болница не се секирај, денес е празник убав ден :l:се ќе биде добро :hug::hug::hug:
     
    На Eho, Puffy2019 и fragaria им се допаѓа ова.
  13. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    1.552
    Пол:
    Женски
    Твојот пулс е од тоа што си се вознемирила од тоа што ти го кажале.
    Се ќе биде во ред, не грижи се. Штом си таму под надзор, се ќе помине како што треба, може ќе те приклучат и цело време на цтг ако сметаат дека е многу важно да ја следат постојано.
    Немој да се плашиш, се ќе заврши во најдобар ред. Наскоро ќе си ја гушнеш твојата мала лавица :hug::l::f:
    Те чекаме тука наскоро за да ни се пофалиш, а ние да славиме :party: :hug:
     
    На Anastasia579, pikachu2, Eho и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Newgirll

    Newgirll Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2019
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Девојки здраво, една прашање за оние што се пораѓале во Систина, дали има скриени трошоци што после ви ги наплаќаат дополнително или таа останува сумата ( освен нели ако не е бебето во инкубатор), од која недела уплативте депозит 15 000ден и дали од тогаш кога уплаќате прегледите се беспатни не го разбрав баш докторот ми закажа контрола 35 недела вагинален преглед и ехо дали тој преглед се плаќа тогаш? Фала ви однапред.
     
  15. jagoda777

    jagoda777 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    1.514
    Пол:
    Женски
    Јас уплатив капар, а прегледот си беше наплатен, со 10% попуст, само цтг не платив.
    За скриени трошоци не прашав :$и да има нема да ги кажат:) повеќе тука од искуства би дознале него таму на шалтер
    Се надевам нема да треба инкубатор, тука читав дека е огин од ден ...
    Ако знае некој за жолтица што ги печат колку е, и дали и тоа е у цената. :)
     
  16. Sunrise!!!

    Sunrise!!! Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2023
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    542
    Пол:
    Женски
    За жолтица ако е за деновите додека си таму печењето не се доплаќа. За отпосле не знам.
    Јас немав дополнителни трошоци, се породив царски и немаше проблем со бебето за некои дополнителни прегледи или нешто слично.
     
    На jagoda777 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    2.595
    Пол:
    Женски
    Ќе биде се во ред :hug:
    Со лесно мама :l:
     
    На Eho, Puffy2019 и jagoda777 им се допаѓа ова.
  18. pikachu2

    pikachu2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2015
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    1.300
    Пол:
    Женски
    Гушкање за тебе и Марија :l:

    @Peperutce6 мама ајде чекаме добри вести, држ се :l:
     
    На Puffy2019 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tulip023

    Tulip023 Активен член

    Се зачлени на:
    4 април 2025
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    181
    Пол:
    Женски
    Јас се породив минатата недела. Кај мене немаше дополнителни трошоци, цената беше пресметана со попустот од 10% минус сумата од депозитот. Од 35та недела ништо не ми наплаќаа, ни цтг ни прегледи. Пред 35та недела, откако уплатив депозит (околу 20та недела), цената на прегледите исто ми беше со 10%.
    За сончање за жолтица исто не ми наплатија плус.
     
    На pikachu2 и Puffy2019 им се допаѓа ова.
  20. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    1.552
    Пол:
    Женски
    Прашање за вие што сте во 9ти месец, или што сте се породиле.
    Дали имало моменти кога бебево не ви се смирувало во стомак долг период?Знаете ли колку време е нормално да лудува внатре?
     
    На Bebence2025 му/ѝ се допаѓа ова.