Дали е нормално да имам како пулсирање доле, мислам дека ќе излезе пред тоа осеќав така кога се движам ама сега и кога лежам. Бебе си мрда Ама многу ниско е изгледа ...37 и 4
И кај мене има пулсирање. Изгледа нормално е. Кај мене е со главата надолу, а нозете горе, со грпчето свртено на стомакот. Со ножиња клоцка, журки прави, со рачиња мрда долу во стомакот. Кај тебе во каква позиција е?
Кај мене пулсираше така пред две вечери. Кај десниот јајник чувствував. Вчера и болки во десен јајник имав, ама џабе. Се било нормално... Туку, од вчера вечер нозете ми станаа како столбови, не можам да си ги познаам. Ужасно ме болат од што се отечени. Има ли некоја совет? Ги поткревам ништо, џабе е не поминува. Многу боли
Јас скрос доле на средина осеќам на моменти како сечење од внатре, нз како да објаснам и кога лежам и кога ќе се движам, свртено е и кај мене со главата надоле. Ставај ладни облоги и на високо и многу водааа
Така е и кај мене, на ехо кога прашав надоле е со главата. Зарем така се цело време? Осеќам дека журка прај, ко ќе ми се оптегне стомакот у ниедна форма...
Преку 3 литри вода испив денес. И што е најинтересно не излегува толку од мене Не знам каде оди Ваеројатно притискаат со главчињата па ни прават забуни. Еве пред малку, не можев да се поткренам од што ме сечење доле, како да буткаше, сечење мислам до доле до влез болеше. Баш се смеам со маж ми за тоа дека докторката ми рече ќе познаеш, имаш раѓано, а јас појма немам што треба да осетам и како да знам дека е тоа вистинското. Ти која недела си?
Здраво девојки Дали некоја имала проблем со кила над папокот во текот на бременоста 25+ 4 сум. Ми излегува постојано она како топче. Пред некој ден малку се вклештија со масажи на хирургија ми вратија , ама пак ми излегуваат. Ми рекоа со масажи да ги враќам но ми е страв кога притискам да не го повредам бебето некако, да не и направам нешто на постелката дека на преден зид од матката ми се наоѓа. Некоја да имала барем слично искуство да сподели овде...
Не се секирај, ќе те породат царски ако сметаат дека треба, не ризикуваат по бебето. И кај мене беше цел ден тахикардично, успано ме породија вечерта царски.Исто отворена 3 прсти како незз болка минимум менструална. Све ќе биде добро ајде таман е пораснатп више сака надвор. Не се паничи со убави мисли ќе заврши све како треба.
Леле браво, јас одвај со сила пијам вода дека морам, вака до сега немам отоци само приметив многу соленко ми се јаде сега, чипс, смоки, маслинки, а претходно, а и до сега не сум имала некоја желба за нив Јас сум 37+5
Трето и четврто цтг океј беше. Да беа лоши ќе ме ставеа вањда на царски , не знам. Имам некои благи болки и тоа е тоа. Господ на помош. Фала ви девојки
Еј камо среќа, ама толку пати си дадов лажна надеж , се превозбудив и се враќав разочарана, што сега се борам со себе да не гледам никакви знаци.
Како го гледаат тоа тахикардично? Кај мене еднаш одеше до 200 на цтг, вчера до 180 и нешто, но во сите тие моменти таа лудуваше во стомак, движеше, а ти спомнуваш дека била успана. Докторите ги гледаа резултатите но не изреагираа, главава сега каша ми се направи од што ве читам.
И јас сум истата, оваа бременост колку ми се јаде чипс и пржени компири, баш од тоа што секогаш се пазам. Се надевам дека нема да имаш ич отоци, иако мислам дека е невозможно. За секој случај, штом не пиеш многу вода, одбегнувај солено. Инаку денес самиот организам ме тераше да пијам вода како луда, цело време во уста ме припекуваше како кога ќе изедам нешто многу солено па имам страшна потреба за вода.
Јас се мислев за оваа баш од таму ама некако мека ми изгледа…. https://bebehome.mk/product/vibboo-мееди-дотс/
Види нормално е вака на зелената слика има нормални откуцаи на срцето, кај розевата има константно високи и ваква линија... кај мене беше така све пробаа и пак беше така. Долните линии се болките до колку се движат и дали има контракции. Срцето е тахикардично бебе зашеметено заспано.. моето го реанимирале затоа имам низок апгар. Мислам ја зашеметија од лековите, т. е сигурна сум. Атосибан втор пат а не се дава во блиска иднина со примерно или еднаш само се дава , магнезиум сулфат, антибиотици,зреење, клексани итн.. комплицирано све. Луди на клиника да не ти оправам. Секако кога више гледаат не бива идат на операција... знаат они.