Фала ти за објаснувањето. Значи тоа е проблем само кога е константно така, а не како кај мене има покачување, па се враќа во нормала. Ми тргна грижа од глава, фала ти многу
Јас бев со кила и исто ми искачаше ептен, ама ни еднаш па не отидов на Хирургија. Ќе лежев, сама нежно ќе масирав и ќе се поднаместеше. Највеќе приметував ако повеќе се најадам, ако се заморам повеќе ќе излезеше тогаш многу. Језиво изгледаше, боли неубаво... Да не те плашам ама и како напредува бременоста, знае и полошо да изгледа. Само со такво мирување, нежни масажи и ќе се намести цревото. Јас сум пред 1г породена, ми се испапчува и сега. Рекоа дека сум за операција, ама не сум се одлучила... ми е страв... Исто пак ако се преморам, најадам мн.. тогаш е најлошо. Инаку далеку е бебе, заштитено е.. неможеш ништо да направиш не се секирај..
Леле ти благодарам многу, многу ми значи кога некој ќе сподели како да ми олеснува, почнав да јадам да се поправам комично сега пак не јадам и намалив и тоа не ми е битно на 2 саати по 4,5 залаци ќе јадам и ќе лежам и мирувам до крај на бременоста ако треба само да не дојде до нешто лошо, дека 11 год ја чекам оваа бременост.
Генитално, идејата беше дека ова ќе е поефикасно за обајцата, да не одиме одма на антибиотик. Нема други околности од претходно, здрави прави отидовме. Нејсе, не е битно. Немам желба да докажувам или убедувам нешто, само поделив мое искуство. Секако не претендирам дека сум во право.
Па и јас се надевам дека нема да имам, вака претходно бев одвај 55кг, сега онака ептен малку сум поправена, ама и да се појават тоа е, секако после породување ќе спласнат. Па да, гледам да се контролирам со соленово, а вода со сила си пијам цело време ама и деновиве соленково ме тера на водичка.... ајде уште малку ќе се истрпи, само со потењето навечер и дежурање не знам што ќе се прави, а очи ми паѓаат, клима дува, јас жива вода...
Да се пријавам со неколку часа сон, не можев воопшто да заспијам вчера, што од топло, некој внатрешен склет ми избиваше, до тоалет 500пати станав и на крај се преместив и дремев во дневна за да не го разбудам маж ми. Маливе инаку цела вечер си правеа журка, поактивни до сега не биле - цела вечер луѓе, таман едно ќе се смири, другото ќе почне, нормално дека на момент испаничив и помислив да будам маж, дека доле ги осеќам, као готово раѓам. После наредната минута се тешев и си се смеев сама на себе, така се раѓало, без ниедна болка. Не знам колку е маана ама колку и да сум уморна преку ден не можам да спијам па така си го истерав денов. Бевме по креветче сабајле, купивме и нешто облека, тоа по мерак на татко им, newborn се ама вака големи ми личат па мислам дека нема да ги носат на почеток. Ама не сакав да му кршам мерак, он си ги бираше, слатки му биле. Инаку не можев да одам, на 5мин. правев пауза, па и топло, гужва ама тоа е. После затоа си лежев цел ден, дури сега земав кујната малку да ја средам и пуштив една машина па ќе ја пружам во ладовинка, да не искачам сабајле на тараса. Не верував дека некогаш ќе го кажам ова ама пресреќна бев кога заврна и залади вчера. И така, си се изнажалив во принцип, а ништо не кажав. Туку со хормони до плафон како се справувате?
После породување уште толку се изразени. Кај мене барем така беше еве 5 месеци сме пак ме фаќа лудило ...издржи требаат нерви
Лелеее колку бебиња се родиле јас не сум ја отворила темава мекиците ладни! Да ви се живи и здрави @Dijana DM @Guns N` Roses
Мајки дали неколку дена пред да се породите имате менструални болки особено навечер? 36+ недела сум. Последните 2,3 дена имам такви болки не се многу болни ама ги има и назад доле осеќам. Пред 2 дена бев на цтг немаше контракции. Со првото детенце само ми пукна водењак и не памтам вака да имав болки неколку вечери по ред. Како да знам ако се породилни болки? Почнуваат како благи менструални?
Мислам дека немаат врска овие болки со вистинските. Јас со првото не памтам било какви болки да имав, а сега навечер имам болки доле баш менструални обично само од една страна ама не ги сметам за аларм. 35+ сум јас, нека поседи уште малце
Добро утро. Да не има некој список што е потребно за новороденче за дома, да не трупам работи непотребно. Пр. колку тетра пелени, козметика, четка за коса, облека 56 ка дали и по колку купувате, онакви на прерамки дали ќе ми требаат, шишиња, цуцли? Што е полесно за почеток целосни или дводелно да го облекувам? Бањарки колку една две пет Кадичка на почеток ќе треба, со ногарки без? Ми викаат што ќе ти е сеа на рака ќе го заплакнуваш само... За креветчето две постелнини за почеток со се оградици земав, мн се малку се? Не знам кај терам... Купив нешто ама се некако малку ми е И за боја за количка не можам да се решам едни ми викаат не црна за бебе, друг вика ќе ти се прља многу светла ако земеш ...аххх На некој може му е смешно ама јас мака си имам од што се ближи пораѓај, дали сум спремна или не, како ќе се снајдам
Ти пишувам што купив и од сестрами што зедов. Бањарче 1, од мекици добив 3 сега имам 4 тетра пелени купив 20 од берово од мекици добив 4.. се користат максимално од старт. Кадичка купив ниска со мрежиче се користи до 2 годинки комотно, прво со мрежичка до седнување, нема зошто на рака да држиш и да се стресираш кога ќе станеш купка дали ќе ти се лизне бебе, ставаш на мрежа и тераш. Имав 18 боди по долги /кратки 50ки-56ки комбинирано бебе ми се роди 2кг, мои беа 4, др све од сестрами исто внуката 2кг се роди па ги користев подолго, 62 ки имав 6 , исто добив на мекици доста нив не баш мн ги искористив долго, е сега 68ци имав доста зборам преку 30 што мои што од сестрами и вртев 10, некои не и ги ни облеков тоа што гледав дека и е најудобно зара и тритекс носеше цело време. Шпикозни имав 10 од 0-3 и уште 5-6 од 3-6, ама се стопли и само тие од 0-3 ги носеше за спиење подле по боди. Ќебе имав едно купено, ми донесоа може над 6-7 на мекици. Козметика ми даде цела колекција веледа пријателка моја што сум и старосватица, и кумовите исто од германија веледа. Ништо не купив до сега еве 4 месеци. Две колешки од аптеки исто козметика веледа им кажав користам. Фул сум хаха. Сега сме на ромпери све цело лето. Мои само 6, др од мекици и сестра. И постелнини си купив една 6 делна од бебе хом, и 3-4 чаршави со ластик од берово и стружанка за менување. Имам 2 непропусливи чаршави за мало креветче и 2за големо. Па тоа незнам друго што вака не ми текнува, во главно земи да имаш основно. Ќе носат луѓе, блиски, колеги, стринки, тетки. Што ти одговара ќе користиш. Најбрзо помина 0-3на 3-6. Тоа ти ќе имаш повеќ искуство дека бебе е на време со добра родилна килажа. Моето е прематурче.
Денес сум прв пат на гинеколог откако дознав дека сум бремена, 5+6 сум. Ранко е и не знам дали ќе може да се слушне срцето денес, ама превозбудена сум вчера цела ноќ се вртев не можев да спијам.
Јас првпат на ехо бев во 6та недела и видовме само срценце, после тоа и во 8ма го измерија само пулсот. Тогаш ми кажаа рано е да се слуша, зошто тие шумови му сметаат на бебето, и ќе почекаме нареден преглед. Сега сум 11та недела и нареден понеделник сме на преглед пак, па ќе видиме како ќе биде.
Со лесно! Ние на прв преглед, 6 недели плус некој ден беше го слушнавме ама не знам кога најрано може да се слушне. Дај боже да си го слушнеш да ти дојде душата на место