Ке си одиш за ск полека Олабави ја главата да не качиш притисок уште толку. Му кажа ли на др за притисокот ? А за Ск почекај уште некоја недела не брзај
Кај него во ординација сестрата ми мереше килажа , притисок и протеини во мокрача па се оди на преглед . Кажа во Македонија нека ти го следат , ако додека си тука осетиш проблем оди на хитна.
Дали во 9ти м тие што сте а имате гестациски дијабет јадете урми и ананас као за побрз пораѓај? И ако да колку и кога во текот на денот? Дали може уствари воопшто или го креваат шеќерот?
Да се пријавам како поминав. Прв преглед, го видовме бебе на ехо мало малечко колку зрнце Др. вика чекај да пробаме да му го слушнеме срценцето и го пушти и јас не можам да го опишам чувството кога го слушнав… измешани емоции цело време се смешкам од тогаш па навака. Според последно добиено сум 5+6 а на прегледот покажа дека сум 6+2. Рече дека се е ок, освен што имам голема циста и затоа ми рече да пијам Дабростон… не ми е по кеиф што треба да пијам хормонска терапија ама рече мора ради цистата. Ќе ја следиме па ќе видиме понатака што како. Освен Фемибион и Дабростон, друго ништо не ми кажа да пијам. Е сега од што бев возбудена, среќна, збунета… all over the place, не ја допратив др. за се што следи од тестови и слично… ве молам пишете ми редоследно тие што сте го поминале патот што треба да правам…
Со лесно Следно треба крвна слика и урина да испиташ, на следен преглед сигурно ќе ти каже матичната. Веројатно ќе имаш уште еден преглед пред скринингот што е во 12 недела. Мој совет за скрининг е да не го правиш кај матична. Или на ГАК или Систина/Ремедика кај доктор што е стручен за скрининзи. Со првиот скрининг се прави и ПРИСКА (преку крв) која не е задолжителна, ако правиш пренатален тест приската не мора да ја правиш. Потоа на крај на прво тромесечие се прават брисеви и ТОРЧ. Ќе ти каже сигурно имаш време до тогаш. Сега земај си ги витамините, дабростонот (не секирај се секоја втора трудница го пие, тој е за поддршка на бременоста), гали меше и уживај
Јас не се отварам. 4 прста како што дојдов и после две провокации. Контракции идат и до 90 а јас ништо. Не знам што да кажам, се утепав од плачење. Не знам која е тука политиката за царски не ни размислуваат а јас умирам од болки.
Ќе се отвориш. Јас и после 3 провокации не се отварав, после третата дојдов до 2 прсти. Последно ја стопија вагиналетата па ја ставија, и после 4 часа од неа негде го пукнаа водењакот. Па за два саати оттогаш се отворив. Поспоро оди некогаш, само трпение. Немој да паничиш, диши длабоко, смирено, верувај во процесот.
Движи се колку можеш повеќе И топол туш ако има шанси Сеа преку инфузија ке ти стават провокации До сабајле ке гушкаш бебе Издржи
Не плачи и не се стегај, не си единствена, јас па од ич отворена со тие провокации (и тој катетерот како топка плус) 3-4 прсти се отворив. Така ме качија горе и ми дупнаа водењак, тогаш почнав да се пораѓам реално. Чувај енергија, имуни се на плачки таму, јас на крај памтам како цимолев, гајле им беше . Ако ептен не оди, ќе те породат. Ама вака слично како тебе, мене ме чуваа цели 2 дена и после полноќ на вториот успеав да се породам. И што, вредеше . Крајот се гледа, само не се демотивирај, знаеш за што си таму.
Опушти се мама, длабоко диши. Не е прв ваков случај со провокации што го имам прочитано, ќе биде, не си ја троши енергијата за плачење. За брзо ќе гушкаш бебенце и ќе заборавиш на сѐ Кај мене иста приказна како пред некоја вечер, гледам дека пак сон нема да сврзам или ќе биде тоа два, три саати. Денес бебушки се смирени, не е до нив ама склет ми е, имам пак киселини, а згора на сѐ и стомак ме фати. Инаку имам чудно чувство доле, како некоја нелагодност при движење, ко штрекање, не знам како да објаснам, а не знам ни што би можело да значи. Си направив филм дека грлото на матката ми се крати ама тоа е невозможно јас да го осетам. И така, спиј сега додека можеш ми викаат еве колку можам да спијам.
Здраво трудна сум 22н ама мн кашлам и фатен ми е гласот што да пијам? Притоа одам на работа ми треба истиот
И јас исто бев на патолошка седев, додуша мене нејќеа ни провокации да ми стават само на секои 5 минути ме викаа ради тие стажантите на мене да се учат само ми брцкаа доле да виделе колку сум цел ден 4 прсти. Умрев од болки. На крај веќе ноќта ме качија горе со 5 прсти кога видеа дека не можам повеќе ми пукнаа водењак и се породив за 15 мин со 3 туркања
Фала ти многу, не знам дали само со мене е вака случајот што сум малце расеана ама вчера многу информации одеднаш ми дојдоа, башка дека го слушнав срцето емоциите ми беа до плафон и полуприсутна бев. Само се да е добро тоа е најбитно, чекор по чекор ќе одам. Btw, на никој уште не сме кажале. И моите и неговите живеат во странство на различни страни на планетата, моите во Америка неговите во Австралија и тешко се погодуваме со временската разлика и со обврски па не сме успеале да се чуеме и да им кажеме. А ЕДВАЈ ЧЕКАМ веќе да споделам со некој, особено на мајка ми.