Со лесно пеперутче, се надевам брзо ќе се олесниш. Каде се пораѓаш, побарај си царски ако веќе сакаш и долго време се мачиш и не се отвараш.
Таму кај што е, за жал нема како сака...во државна е. (Извини што враќам во нејзино име). И јас ја мислам и ја чекам цело сабајле да пише...
Дај Боже да е така, ама ако не прочита а не е се уште, мислам дека сите ќотек ќе јадеме Шала на страна, само да се добро
Здраво трудници 27ма недела сум. Болки во кичма веќе неколку дена поточно од ,,опашката'' и болката се шири кон левата нога. Се укочувам и при седење и при движење на моменти. Сигурна сум дека е некој нерв, можно ли е бебо да притиска така? Породена сум царски пред 14 месеци, па дополнително од што сум боцкана сигурно и тоа си прави проблем. . Некоја до слично искуство, ии дали пиела нешто освен магнезиум?
Да не те разочарувам исто болката ми почна од опашката па колк за на крај да ме боли цела нога закачена ми е. Еве цел месец не ми поминува како бебе расти се повеќе си боли, само дома сум едвај до тоалет да одам. Ништо друго не пијам, бев и на ортопед и на физијатар само маст локално нешто мачкам и по потреба пијам парацетамол од кој само неколку часа ми намалува болката.
Јас имав таква болка пред 2 недели. Пробај со жежок туш на местото ( значи назад) и истовремено масажа со кружни движења. Мене тоа ми го препорача бабицата и ми помогна. Дополнително можиш да земиш Б6 витамин , јас пијам 20 мг дневно.
Во првата бременост имав гестациски ама со ништо не ме водеа ни со храна ни со терапија. Ми е мака да идам да проверувам сеа во вторава ја прашував докторката дали може со апаратче да се проверувам да не идам на скриен немав конкретен одговор не знам што да правам..
Добро е да го направиш тестот. Најпрво, поради бебето, а потоа и за себе, да си знаеш. Висок шеќер е опасен за бебето.
И јас имав 4.8 на гладно, па по 1 час и 2 часа си покажа благо покачување. Најдобро е да се слушаат препораките на докторите. Секако, ти си знаеш дали ќе правиш тест, или не.
Денес полна 29та недела по мерки бебе одговара на 27+5. Се друго е во ред протоци, плодова, димери, освен што сум малку анемична 115 хгб. Обично и на претходните мерења секогаш беше 5-6 денови помалечка, а овулацијата беше со Овитрел така што не беше задоцнета. Се загрижив ако имате позитивни искуства ве молам споделете
Мерките ќе варираат постојано. 2 недели +- не е загрижувачко. Мојата беше две недели понапред, па се израмни. Исто нев со Овитрел, плус инсеменација. Едно мало мрдање на бебе, ќе покаже друга мерка. На тројца различни доктори да одиш, ќе биде различно. Не се грижи, уживај си.
И мојава е две недели назад . Треба да сум 26 ја сум 24. Знам и јас кога точно овулирав, но ете пак е назад . На почетокот беше една недела па се израмни , и сега две недели е назад .
Здраво девојки 21 недела сум, пред малку се лизнав малку и паднав на колк.Немам никаква повреда на рамно паднав дома ама многу ми е страв да не сум го повредила бебето. На контрола рутинска веќе бев оваа недела и не знам дали да одам пак поради ова…