За железо така? За мене лично само Тотхема и трудна ја имам пиено и вака општо при ниско железо. Триста работи имам пробано ама брз ефект како тотхемата не ми дало ништо
Теткииии се роди моето мало дебело пеперутче Ви благодарам на сите што бевте со мене и ме охрабрувавте Господ на сите ваква среќа да подари
Еее додека стигнам да дочитам си се породилаа, ајдее честиткии да сте здрави и живии, поминаа тешките денови идат убавии ❤️
Девојки и жени јас само малце да си олеснам. Уште 5дена сум на втор скрининг, неделава се ми е тоа во мисла. Едвај чекм да ми кажат дека се е во ред и да си олеснам малце Не ми се верува дека помина пола бременост
Пораѓаат како сакаш само ако дадеш мито... Јас разбирам да инсистираат на природно, ама толку часови да ја остават во болки, без анестезија ми е нечовечно. Важно се добро излегло на крајот.
Дали втор скрининг е касно во 23 недела и 5 дена (24 доаѓа скоро)? Тогаш ми закажаа немаше ништо порано
Секако дека ќе биде се во ред Кога прочитав дека ти поминала пола бременост се сетив на денот кога бев точно 20-та недела, и си викав уште колку многу пат има пред мене, а летна времето. Од задутре сум 38ма, од 36та па наваму ми се чини цела вечност
Зависи од доктор кој се погодил, викаат Кочоски до крај тера испукале не испукале не се замара, врски имав кај него го викаат, со раната отворена и ми вика што дигаш паники ништо не е... ќе затвори ако не за една за две три недели. и замина. И што да кажам емпатија нула, его само. Верувам дека со пари третманот е подобар, осетив на своја кожа таму. Да се здрави и живи ајде, следно ако идржам до крај идам приватно.