Бев и во Ремедика кај Симонида и во Систина кај Корнелија. Ме прегледаа и ми кажаа дека се е во ред, да се опуштам само треба. Еве се опуштам веке неколку месеци...
Колку и да звучи клише , ако медицински се е во ред верувај дека ќе биде кога најмалку очекуваш . Пиј си метил фолат метил б12 , витамин Д и мозок на пасење. Можеш овулација да си следиш и да темпирајте односи ништо друго. Мене ми требаше активни 8 месеци , година дена така тук таму однос за да останам бремена сега. Кога кажа докторот матката е здрела за бременост , другиот месец бидна. Напорен процес е психички но кога ќе биде вистинско време ќе се израдуваш.
Примај терапија тројна, мирувај и редовни прегледи. Јас имав 29 мм грло таа недела, издржав до 32ра недела, други и многу повеќе. Само терапија да се погоди. Серклажот е нож со две острици. Грлото е мускул, и варира. Со поставен серклаж ако тргне да се отвара нема назад, доколку нема серклаж со редовни контроли и мирување строго ќе варира ама може да се врати колку и да се скрати. Од 1.3на 2.1 ми се враќаше. Јас примав терапија во Ремедика магнезиум интравенозно со но спа инекции, ми помогна доста да дојдам до 29та.
Немам правено, затоа барам стручен доктор што ќе ме насочи што да испитам и како понатаму да постапам. Го препорачуваш ти Димитров за оваа проблематика?
Девојкии Како сте? Денес бев на контрола, беба не сака да излезе Грло 42мм, беба уште високо наместена, цтг уредно и мирно. Денес сум 38+5 г.н. докторот ми закажа контрола за една недела. Дали е можно преку ноќ да се случи грло да се скрати и бебе да се спушти? Веќе сакам да се гушкаме
Лејди, јас за првата бременост кога прокрварев, снаа ми анестезиолог е на гак и ме прати кај него да ме види зошто вика дека е еден од подобрите за ехо. Ме гледаше, се беше уредно, после 5 дена се виде проблем кај Афродита. Дозна тој дека имало проблем и дека сум ја прекинала бременоста, 100 пати ни се јави дека не можел да си прости што не видел и дека ме пратил дома со уверување дека е се океј. Мене многу позитивен впечаток ми остави. Меѓутоа снаата уште од прв скрининг ми напомена дека не доаѓа за пациенти ако не е на работа, дури ни за колеги, едноставно си го цени слободното време. И не зима мито. Снаата вика колку пати ќе го замолам да види некоја другарка, роднина, еднаш му однесе благо нешто и пијалок вика ми го фрли пред сите колеги ме посрами. Таа му е идеологијата, не зема мито и ниту доаѓа на повик. А бил врв за природен пораѓај и до ден денес и карлично поставени бебиња ги тера природно. Само не зборува многу и делува намќоресто. Ова ти го кажувам дека и да си пробала да подмитиш кај него немало да успее. А за многу други доктори на гак се знае дека така оди работата, за жал.
На колку степени ги перете прв пат новите алишта за бебе? Една машина на 60° ги уклучив, ми рекоа многу било 60° па сега вторава на 40°, доволно е? 2 часа ќе ги врти
Ја кога ги перам на ќере пуштам на 90С. Сега и за бебе ќе ги пуштам на 90 што си е сигруно сигурно си е
Па скоро се ако не и се ми е памук. До сега ништо не се собрало. Ново што ќе добие бебе можеби ќе путам на 60 а се останато од ќере што ќе носи он обавезно на 90 ќе перам
Никогаш не сум перела поише од 40 па ништо немал проблем со кожата. Еднаш се случи кога од Виолета бебешката сменив на Бекутан само тогаш се нафрла. А приметив од Бекутан и ми обелуваа сликичките на блузичките. За флеки омино користам и се вадат и на 40
Baby care програмот кај мене на машина е на 60. Од син ми алиштата ги исправ 2 пати на 60, а новиве се мислам.. Некој вика на многу нежна програма, некој на вриење. За новиве најверојатно на baby care еднаш ќе ги пуштам. Сега ако не ги переш на висока темп и се плашиш од собирање, после што ќе биде со флеки, ќе мораш на повисока температура. Јас и во сушара ги сушам, не планирам да пеглам тоа ми е смрт, нека се соберат ако решиле шо да им правам .
Можеби е подобро да консултираш ивф-доктори во некоја од тие болници. Пр. Петановски, Ивановски, Поповиќ, Димитров..... Дали имаш проверено амх? ФСХ на трет ден? Тироидни хормони? Проодност на канали? Спермограм? Може и треба само опуштање и да се чека моментот, но не чекајте долго, 5-6 месеци, до година максимум. Зависи и на која возраст се... Со лесно!