Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.161
    Допаѓања:
    4.612
    Пол:
    Женски
    Бебето е машко или женско?
    Ако е машко, што планираш да му облекуваш од ќерката? Дај ми идеи.
    Јас извадив бели и кремасти боденца и шпихознички, ама не ми прават баш ќеиф. Се познава дека се носени. Си сакам нови облекички да му облекувам. :D да го личи дечкото во машка облека (доминираат диносауруси во машката облека :D:D, ќе си пукнам, ич не ги сакам). :D
     
    На Puffy2019 и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  2. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.522
    Допаѓања:
    23.409
    Пол:
    Женски
    Нетрпението е поизразено веќе. А да не зборам за движењето…
    Ахх , се потсетив лани ова време, со стомак до заби, броев и чекав кога ќе ја гушнам ѓаволкава моја.

    Ајде која од вас ќе биде на исти ден, како јас лани.
     
    На Black-Beauty, Puffy2019, ALISA0000 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.522
    Допаѓања:
    23.409
    Пол:
    Женски
    Докторов беше на визита пред да се породам. Баш ќути и ништо не коментира.
    На 7 прсти отворена, ме остави и си замина. Среќа дојде мојата златна докторка и брзо завршив со раѓање.
    А он комотмо можеше да ме породи.
    Ама после ноќна смена и троа поспан беше, си брзаше да си оди изгледа.
     
    На Puffy2019 и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  4. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.059
    Допаѓања:
    4.361
    Пол:
    Женски
    Ена јас не ни пробав, зошто е фамилија со мои блиски и они му јавиле, дојде неколку пати ама све намќоресто јас и за грлото бев еднаш ми вика иди шетај ништо не е 29мм дека втор скрининг ми правеше. И кога дојде прв пат со ддмери 11000 кога бев на пин и ми вика и шо ќе го слушаш јани ти, што си ме викнала ете ставај два клексани, он бил за еден доста ми бил од 0.4... после му јавија за раната дојде дига газата е де вика што паничиш ќе зарасне за две три недели место за една.. и замина. А јас повеќе исплашена инфекција дане фатам во 5 дена чаршав не сменија, ни тоа под мене што е, ни спаваѓи немаа. Не се сомневам во неговата стручност ама понашање нула. До мене цимерката цела беше испукана па дека ја повлекле папучната врвка не виделе дека е срасната плацентата со ѕидот на матката па почнала да крвари мн ја успале па ја шиеле, неможеше да стане исто како мене, јас царски она природни ни да седне ни да стане 6 дена била тука и ја пуштиле. Последниот ден беше ок ама пред да оди ми кажуваше и крв и давале и доаѓаше да ја види дека ете тоа осеќал ваљда вина. Ете така се прават пропусти од тие катастрофални еха што ги имаат не се гледа ништо.
     
    На Puffy2019 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    1.425
    Пол:
    Женски
    За која болница ова?
     
  6. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.401
    Допаѓања:
    13.288
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува. Добро зошто мислат дека се богови?
    Како е тоа стручен, а од друга страна грешки прави па се извинува.
    Добро стоки ли сме, штала ли е или болница па ваков третман?
    Жалосно.
    Јас во Чаир со првото до сепса стигнав и ништо не ти е ми викаа, овде 11000 димери и ништо не ти е.
    Срамота.
    Демек стручни биле, само условите биле такви нели. Жими мајка.
     
    На Puffy2019 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.059
    Допаѓања:
    4.361
    Пол:
    Женски
    На Државна Амелија.. таму само можев дека лежев на ПИН 3 недели со скретено грло ме породија 32 недела.
     
    На Amelia. му/ѝ се допаѓа ова.
  8. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.522
    Допаѓања:
    23.409
    Пол:
    Женски
    Ако е стручен, нема да си ги дозволи грешките што ги направил. Тоа не е лош однос веќе. Туку свесни грешки, од преголемо его.
     
    На Puffy2019 и thinkerbell им се допаѓа ова.
  9. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.059
    Допаѓања:
    4.361
    Пол:
    Женски
    Абе незнам мислам дека мн жени и не обрнуваат внимание па што буде биче работава. Јас не бев договорена со никого немав време не планирав таму да се пораѓам, све се надевав ќе издржам. Кога се отворив некако ми дојде апансас. Реков Симеонова ќе и спомнам ама не стигнав да ја видам не дојде ниеднаш.
     
  10. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    3.686
    Пол:
    Женски
    Никогаш нема да заборавам дека на втор скрининг Ќаев гледаше на едно ехо од 72ра пред распаѓање и ми вика ова е мозочето гледаш? Викам не :D после една недела кај Гордана во Систина видов се … докторот беше префин сма пустиот во една простороја темна со железно столче седнат и тоа е тоа 8-|
     
    На Veci@123, Puffy2019 и thinkerbell им се допаѓа ова.
  11. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.059
    Допаѓања:
    4.361
    Пол:
    Женски
    Знам Бела, мн жени породил и тоа началник на родилна е, демек со најголемо искуство, ама егото големо. Па ги заслепува.
     
    На Puffy2019, BellaBibi и thinkerbell им се допаѓа ова.
  12. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.059
    Допаѓања:
    4.361
    Пол:
    Женски
    Ирена на какво ехо внатре на пин што им е ме гледаше па едно е го шетаа патолошка /пин горе доле. Седам гледам матно, она неможе да го фати стомачето да го сликне матно матно... па на тоа учат 3 специјализантки и сега грло ми мереа и става од каде до каде точките оваа и вика погоре еве ја линијата јас со наочари гледам ништо не гледам.И специјализанткава неможеше ваљда да го погоди и вика ај стани. А колку идев на прегледи на 4 дена во Ремедика више знаев све хаха. Хаос греој.
     
    На Puffy2019 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    1.425
    Пол:
    Женски
    Страшно и жално е што мора баш во тој најранлив период да поминуваме и низ тортура од страна на докторите кои баш во тие моменти треба да ни бидат најголема поддршка.

    Не знам што да кажам, само знам дека имам ужасен страв од породување и како се ќе помине.
     
    На Puffy2019, jagoda777 и Ladyme им се допаѓа ова.
  14. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    3.686
    Пол:
    Женски
    Бегај кај тебе немаше избор што ќе правиш во 32ра / гледаш само да извадиш жива глава и бебе- инаку јас сум ставила црвен икс таму од претходната бременост иако само еднаш се појавив и тогаш сум пишувала за тоа во другиве теми да не се повторувам … нема цена психата во Систина штознам јас се осеќав сигурна цела бременост, пороѓајот и деновите после тоа со бебе имаат и они некои утки али се занемарливи. Од мене имаат 8+ од 10 8)
     
    На thinkerbell, Puffy2019, Anaroz1 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.752
    Допаѓања:
    7.687
    Пол:
    Женски
    Имаат и лоши еха на ГАК, јас пример на прв скрининг бев таму во 37ца, ехото беше топ, стварно да не треба да ти објаснуваат, се се гледа. Матичниов пример катастрофа ехо има, јас се чудам како воопшто гледа нешто на него, а не ми направил утка до сега..
     
  16. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    1.425
    Пол:
    Женски
    Јас имам аверзија кон Државна ама исто како членката, ќе немам некој избор ако бебушки сакаат надвор пред 34та, ќе морам да одам таму.
     
    На Puffy2019 и Baby warrior им се допаѓа ова.
  17. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    3.686
    Пол:
    Женски
    Позитивна мисла само, ќе дочекаш 36та!!!
     
    На Puffy2019 и Amelia. им се допаѓа ова.
  18. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.155
    Допаѓања:
    17.557
    Пол:
    Женски
    Најпаметна одлука што ја донесов е да се пораѓам во Систина, ако имате можности воопшто да не се мислите, да не бев во Систина не знам дали ќе издржев, дефинитивно најранлив период за секоја жена. Не жалам ни денар, презадоволна од целиот персонал и од докторот што ме породи др. Младен Ристески, иако бев скептична бидејќи тука на форумов прочитав некои негативни коментари. Се породив царски, уште првата ден раната одлична, не се познава никаков рез, брзо се кренав благодарение на советите од докторот и помош од персоналот. Единствено не бев задоволна од неонатологија, ми го носеа бебето иако знаеа дека сум породена царски и не можам да го кревам, ни да се поместувам од креветот, многу безобразно од нивна страна, гледаа само да го остават бебето, а кога ќе ги повикав да го земат, не се појавуваа, па морав да ги барам пак и едвај се тегавеа да го земат.
     
    На Puffy2019, Anaroz1 и Ladyme им се допаѓа ова.
  19. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    560
    Пол:
    Женски
    Да да јасно, верувам дека било така. Само споделив дека веројатно си е таков човекот, не дека очекувал мито.
    Снаа ми сепак работи со сите доктори сала, она за бремености Кочоски и Ќаев ги збори дека најдобри пораѓаи тераат, сепак е доста време таму и може да направи споредба. Е сега и секое тело е песна за себе.
    Како и да е, не ми беше целта ни да го бранам ни ништо зошто секако не ни водев бременост кај него, ниту се пораѓав на гак и уште три пати да раѓам, изборот би ми бил Афродита и Ремедика.
    А овој муабетов за мито ми е осетлив зошто сум цел живот меѓу доктори и многу пати луѓето сами си вадат муабети дека некој им побарал мито, дека со мито некој подобро ќе ги гледал итн. Точно е дека има и такви што си бараат, ама заради тие е нефер да страдаат и останати што посветено си работат.
     
  20. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.522
    Допаѓања:
    23.409
    Пол:
    Женски
    Па не дека се вадат муабети за мито, туку така си е.
    Сите ја знаат накитената од Гак, која е блиска на јатрва ми и она сама и кажува дека проценува пациент дали има пари и отворено бара мито.
    И покрај тоа што без мито кај неа ќе поминев, одбив да ме следи во бременоста.
    Не е ова само на Гак де. Куп случаеви за мито низ клинички знам.
     
    На Puffy2019 му/ѝ се допаѓа ова.