Да ама на клинички се 1.000 доктори а Адела е една и такви ко неа се можеби уште 100, нека се и 200, а сите други 800 се оцрнети и им се вадат муабети заради такви ко неа. Еве ти личен пример, вујко ми веќе пензиониран доктор, специјалист хирург на клинички цел живот, никогаш не земал мито, цел живот скромно живеат. Згора на тоа, не пие алкохол воопшто. Милион пати се случувало да му остават во канцеларија виски, вино, бомбоњери од блиски на колеги што ги видел, оперирал, сѐ раздавал на сестри, болничари, да однесат дома да се почестат. А милион муабети сум слушала дека барал и земал мито, дека поубаво ги гледал зошто му купиле виски или бомбоњера а апсолутно ништо од тоа не било точно зошто вискито не ни му стасало дома, бидејќи не пие. И не е само тој, познавам многу што секоја сабота и недела своеволно одат да ги гледаат пациентите. Иако не им е тоа опис на работно место. Плус да не збориме за тоа дека фамилијата на доктор секогаш пати, зошто пациентите се на прво место. И да, знам дека никој не ги натерал да се доктори, ама голем дел од нив заслужиле да ги третираме со почит и благодарност, зошто многу од нив живеат од нивната плата, која патем е доста скромна. За тие што лично ви побарале мито, нема муабет, треба да им се одземе лиценца.
Машко е. Јас планирам за по дома да си носи се од сестра му ама баш се што ќе ми дојде при рака, а за кога ќе искачаме, шетаме, по гости, ќе си купам неколку комплетчиња машки. Да се знае дека е машко Не планирам да купувам многу пошто ќе му купат и мојте да не се трупам само со облека.
Јас во нетрпение, нервоза, страв дека не сум спремна, замисли сега на праг на 38ма недела Не знам дали може на еднаш да се скрати, затоа што кај мене пак оди преспоро. 36та недела 1,5цм отворена грло размекнато, 37ма недела 1,5-2цм отворена, грло меко и скратено. Од утре 38ма, кој знае дали има напредок. Јас само чувствувам дека е поголема па ме фаќа паника. Ти посакувам поскоро да се гушкате. Навистина, има некоја како мене што едвај чекала да се породи, и после тоа ја мавнало нешто во глава дека е неспремна, па како се ќе се смени...?
Сите сме такви, снемува нерви во 9ти, особено со второ. Јас па мислев 40+5 сум се породила со син ми, а сум се породила 41 рамно полна, на провокации сум заминала 40та. Вчера кога сфатив дамла ме удри, ако ми се деси тоа сега ќе збудалам . Ајде следна недела ќе летне со првачињата, па и таа после нејзе.
Ни јас не планирам многу да купувам. Затоа и извадив алиштенца во неутрални бои кои ги носела ќерка ми. Но, женски боденца по дома? Розови, со цветови, срценца? Не ми иде, ама ќе видам како ќе го личи. За надвор секако машки. Секако ќе трае кратко, неколку месеци. За во градинка ќе мора машка облека.
Еве јас 35та недела сум. Бев преопуштена, најнормално се однесувам, работам, патувам...но пред 2-3 дена како што викаш, "ко да ме мавна нешто" дека сум неспремна и дека ќе биде претешко......а дека ќе се смени се, верувај дека ќе се смени. Но, ќе мора да се снајдеме.
Мислам дека ова со стравот сите го имаме Нестрплива сум да го родам ама чим нешто осетам како пецкање или тегнење на стомакот веднаш ме фаќа страв или паника
Прееска ме фати паника, почнав да плачам. Денес некако многу поболни движењата, со појако сечење. Се исплашив многу, викам како ли ќе боли ако сега вака реагирам...(Имам трауми од минатиот пат). Па почнав да се мислам да одам со царски, преку ноќ... Тебе прво бебе ти е? Ме тешиш барем дека не е само кај мене ова со стравов.
Не мора да значи дека ќе тераш до крај, можеби овој пат ќе те спаси од толкаво исчекување. И јас со првото се породив 40+5, истото како тебе го мислам
Многу не има Значи како се ближи времето, така стравот ни се истакнува. Памтам и со првото исто ми се случи, само баш на почеток на 9ти месец. Почнаа од никаде да ми се појавуваат мисли па како ќе биде, па дека нема да имаме блискост со маж ми (ќе не дели). А сега, сфаќам колку луди мисли биле тоа, го обожавам, и баш напротив, не зближува
Денес јас честам, но не мекици за ќерка, туку за мој роденден За овој роденден, посакувам сите да си ги дочекаме бебињата живи и здрави, да сме многу похрабри, посилни, а со тоа стравовите да останат зад нас. Исто така, посакувам секоја жена која копнее да стане мајка, Бог да и ја даде таа можност И секако, да си остариме покрај своите деца во љубов и радост.
Женички јас само наминав да ве поздравам. Уживајте си во бременоста и наспиете се убаво, оти ќе си ги барате овие денови Еве ме мене будна со бебуш на гради, само така спиеме навечер. Прекрасни моменти се ама исцрпувачки се првите денови, со лесно на сите, вреди секој труд и мака да знаете
Да, ама не се спие барем имаш друштво И едвај чекам и ми фуфка како што викс @Black-Beauty не од пораѓајот толку, колку од тоа како ќе се снајдам
Не можете да не се снајдете. Не знам како да објаснам ама самото ќе ви дојде и ќе знаете што точно треба да правите со бебето. Според мене она правото мајчинство т.е правата улога почнива тек после неколку месеци да не речам година дена, кога ќе почнат да разбираат. Кога треба да почнат да учат, да се воспитуваат. Е тука е тешкото ако се потфрли. Како мајка на едно дете, сфакам дека периодот кога ќе се родат е уствари најлесен. Освен неспиењето. Па кога ќе дојде лазање, проодување е потешко, па тантруми уште потешко и ќе си викаш што не беше уште малку бебе. Секој период си има своја тежина. Ама и своја убавина. Така да мајки пуштете мозок на пасење и само чекајте ги бебушките да се гушкате
Кога е најдобро да почнам да мачкам крем против стрии? И од кој сте задоволни да го препорачате? Јас веќе имам стрии како да сум родила пошто во пубертет ептен нагло се здебелив многу и ми попукаа и стомак и гради. Ама да не се прават нови, кога да почнам да мачкам? Сега сум 6+2.
Јас ништо не мачкав толку рано дали еднаш месечно ако ми текнеше и немам. Мислам дека зависи до кожата и најважно е да пиеш вода, многу вода да се хидрираш. Иначе земав Baby love mama масло од ДМ, по препорака од тука, ем не е скапо ич, не е повеќе од 200д(за разлика од другите) преубаво мириса и супер е, мачкав од време на време кога ќе ме зачешаше стомакот, сега пред пораѓај мачкам на два дена од тоа масло и тоа плавото од кам млеко за тело со бадем... А добив подарок кремата од невен во ДМ што е ама таа на раце повеќе ја ставам а ми рекоа дека исто многу добра била за стрии. И било што да мачкаш мачкај после туш кожата додека е влажна така поубаво се впивало