Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. gladiola

    gladiola Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    130
    ДОБРО УТРО МАМИЧКИ САКАМ ДА ВЕ ПРАСАМ. НЕСТО ВО ПАНИКА СУМ ИМАМ МАЛИ БОЛКИ И ПЕЦКАЈЊЕ ВО ВАГИНАТА ПА МИЕ СТРАВ ДА НЕ Е СТРАШНО НЕСТО ВЕ МОЛАМ ЗА ОДГ
     
  2. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Добро утро мешиња! Јас сношти забележав дека за време однос имам болки при длабока пенетрација, и еве утрово ме боли стомакот :?: Незнам дали да се обратам кај докторот и дали е за паника, но навистина сум исплашена...докторот ни дозволи да имаме односи во текот на бременоста, нормално без внатрешна ејакулација, но еве сега се појави овој проблем... :|
    Плус, изненадувачки, желба за секс скоро и да немам :worried: што е спротивно од она што на повеќето трудници им се случува, зголеменото либидо... И пак испаничив да не е нешто не во ред со хормоните...


    Доколку микробиолошките тестови и ПАП-от ти се уредни, нема место за паника...
     
  3. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    Препорачливо е до 13недела да се воздржите од секс, а потоа доколку е се во ред и имате дозвола, да си продолжете најнормално.
    Исто така без егзибиции во бременоста, сепак се работи за друга состојба и фино е да се припази.
    Се надевам дека се ќе биде како што треба, само мирувај повеќе
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    јас вчера бев кај матичната и се си мислев дека ке ме прегледа ке си ја видам бебушка, ама таа ми вика нема потреба се сме направиле шо треба, сите контроли, прегледи се е во ред , па ке дојдиш на крај на месецот за да земиме само брис за стрептокока и толку...
    искрено бев тажна кој ке чека еден месец за да си ја видам бебушка :(
    а и да си прашам понекогаш го осекам мешко многу затегнат и неможам да се исправам, тоа е нормално???
    и имам мака во вртењето ноке кога спијам ич неможам да се вртам, и само на десна страна можам да спијам :?:
     
  5. Katalea

    Katalea Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    200
    Добар ден мешковциии... Еве ме и мене.. Ме немаше еден период, имавме некои обврски со мм а потоа си отидовме на едно мало одморче каде не користевме интернет и баш се одморивме.. Инаку ве мислев и одвај чекав да ве прочитам кога ке се вратам иако сте биле доста активни па ми требаше повеке време :)
    Пред се да им честитам на сите нови мамички и да им посакам добредојде на новите мешковци, да имаат лесна и убава бременост.. Ние сме супер, пред две недели бевме на контрола и се беше во ред, бебушка си спиеше и не мрдаше нешто посебно, но најважно е дека напредува супер и дека се е во ред.. Тежеше дури 245гр :) срце малооооо... Ново е тоа што дознавме дека е машкоооо :rofl: :rofl: иако мм повеке сакаше девојче..
    Сега повеке ке се дружиме, тука сум.. Ви посакувам убав ден!! :* :* :*
     
  6. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.646
    Допаѓања:
    8.392
    Мамички јас не ве дружам веќе после минати 5 дена во болница и борба за детето го изгубив и абортирав ;(
     
  7. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Здраво труднички и од мене. Јас деенс се осеќам како да ме згазил воз, ме болат нозете, рацете, цела се осеќам тромаво :( , навечер не можам никако да се наместам да спијам, на страна кога легнам ме болат колковите и никако да заспијам, де од едната де од другата страна и само нешто ме боли :( дали и кај вас е така или само кај мене? :?:

    иииииииии :( сега го видов овој пост.....Зошто мила абортираше???? Што се случи???? Баш ми е жал,навистина,не знам како би те утешила ;(
     
    Последна измена од модератор: 11 април 2017
  8. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    леле сварно ми е ногу жал, што се случи?
     
  9. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.646
    Допаѓања:
    8.392
    Водењакот ми напукнал причина нема се беше во ред брисеви и прегледи.Како резултат на тоа сум се отворила 3 прста немаше мозност за цирклаж, шансите беа минимални да го износам до 7 месец со лежење,ама ништо не биде се отворив го родив и толку скршена сум се е готово ;(
     
  10. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Која недела беше мила? Толку ли докторите не можеа да најдат начин да го спасат душичето?? Офф лелеле се наежив цела :( :(
     
  11. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.646
    Допаѓања:
    8.392
    5 и пол месеци и морав живо да го родам свесно знаејќи декаке умре ке се одјавам сега стварно не сум восостојва да пишувам
     
  12. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    леле баш ми е жал , што и да ти кажам сигурно нема да ти ја намали болката :(
    ама мора да бидете храбри, дедо боже пак ке ви даде бебенце и ке си бидете најсрекни на светото :hug: :hug:
     
  13. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    Леле љубица и јас исто посебно синоќа незнам ама многу ме болеше стомакот а еве и денес цел ден ме подболува дали се имам истегнато на нешто и јас се осекам многу затегнато и ич на лева страна неможам да спијам а посебно како што реков синоќа да два, три пати ме штрекна од болка.

    Ле ле душичка многу ми е жал навистина и неверувам дека на некој нема да му биди или барем ке почуствува тага кога ке ко прочита постов што и да кажеме веќе е сувишно за тебе само храброст
    :( :( :( кога ке прочитам вакви постови значи се ми се врти во главата у. п. м. ( се извинувам вака ) таа само си ја кажа тагата
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    fairy88, многу ми е жал...и знам дека што и да речам нема да ти ја ублажи болгата. Господ е голем драга,среќата како што отишла така пак ќе си дојде. Верувај!!!
     
  15. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    fairy88 мила навистина сочувствувам.... сега мора да бидеш храбра и силна ...
    те гушкам
     
  16. gladiola

    gladiola Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    130
    ПРВО ФАИРУ88 МНОГУ МИЕ ЗАЛ. ЗНАМ ДЕКА Е ТЕШКО НО ИМАЈ ВЕРБА ВО ГОСПОД. Е СЕГА И МОЈОТ ПР ДА ВИ ГО КАЗАМ ДЕНДЕНЕС БЕВ ВО ГАК ПОШТО ИМАВ МН БОЛКИ ВО ГРБОТ И СТОМАКОТ И МИ КАЗА ДОК. ДЕКА СУМ ИИМАЛА НЕКОЈА ИНФЕКЦИЈА ДЕКА Е ПОТРЕБНО БРИСЕВИ И ПАП. НО НЕМИ КАЗА НИШТО ЗА БЕБЕТО ДСЛИ Е ШТЕТНО НЕШТО ИЛИ НЕ СЕГА СУМ ВО ГОЛЕМА ПАНИКА ДО ПОНЕДЕЛНИК
     
  17. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    fairy88 навистина е страшно тоа што ти се десило, жално, зарем и вакви работи има... Сега си скршена, никако нема да може никој да те утеши, но да знаеш дека ќе дојде ново бебенце кое пак ќе ја исполни мама со среќа и жубов. Само да помине овој тежок период што побрзо :*
     
  18. Katalea

    Katalea Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    200
    Fairy88 многу многу ми е жал и знам дека што и да кажам дека нема да те утеши, но мораш да бидеш храбра и силна и да го надминеш ова.. Имај верба.. Ти посакувам се најубаво и најбрзо да не израдуваш повторно мила ... :* :*
    Би сакала да прашам ако некој знае.. На некои моменти чувствувам во мешето како да ми се движат цревата да кажам.. Незнам како подобро да го опишам чувството, и се прашувам дали е тоа бебето или нешто друго.. Краткотрајно е, и на различни делови од мешето, некогаш странично, некогаш блиску кај папочето.. Ке потрае некое време и после ке се смири.. Ај некој ако знае да ми каже, барем да не ме факаат паники... На контролата пред две недели беше се во ред, и ми закажаа за 4 до 6 недели..
    Ви посакувам убава вечер на ситеееее :* :* :*
     
  19. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Каталеа, по тикерот гледам дека веќе би требало да го чувствуваш бебето, јас некаде 18,19 недела за прв пат го осетив и тоа така како да ми лазе нешто одвнатре од десната страна, близу кај папокот, така да не паничи и радувај се, од сега па натака се почесто ќе си го чувствуваш најубавото нешто за кое сите мечтаат :$ :P
    Сега можеш мирно да спиеш ;) Лека ноќ и убави сништа |-)
     
    На Katalea му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Fairy88 баш ми е жал што се така завршило :( знам како е кога се губи бебенце, моја блиска личност помина низ тоа неколку пати. Ама ете, животот мора да продолжи понатаму. Секој нов ден - нова шанса за почеток. Знам дека сега ништо не може да те утеши, загубата е преголема, ама знај дека сите сме со тебе. Те :hug: и те :* .