Сега сум добро, но незнам што се случува, нели реков дека болката од препонот се префрли во половината , негде накај 2ч толку многу почна да ме боли од левата страна половината и грбот неможев ни да седам ми да лежам , постојана беше не попуштање, ај викам да не идеме ноќе , и негде накај 7ч го чекав мм да се спреми и легнав и ни помина , сум спиела до 10и30 и сега еве нема никаква болка .. што може да биде ова ?
Пак мислам дека ти лежи на некој нерв и те притиска, веројатно сабајле се поместило па затоа ја немаш болката.
Дојде време конечно и јас да уживам во бременоста Грешно ја измерил матичниот беба, не е школски но два три дена ништо не е . Си одговара за 25/26 недели 850 грама е. Од хитна не се согласија со негово мислење дека до толку е мала. Ја видов и во 4Д лепотица на мајка крофна
Дали имате чувство на загриженост пред преглед? Премногу цела недела веќе пред вториот скрининг сум уплашена, едвај чекам да дојде денот….
Од синоќа почна некоја сува кашлица да ме мачи. Грлото не ми е ни црвено нити имам болки но постојано ме тера да кашлам што почнува да ми станува исцрпувачки. Денес ќе се обидам да се лечам ао чаеви, мед, гаргара со солена вода но ве молам доколку имате некој совет пишете ми акл не ќе отидам и кај матичната. Малку сум загрижена што сум 39 +1 г.н.
Ајде и тука бе прашам вас мајки што сте се породиле. Има ли некоја од вас што се породила во Жан Митрев, кај кој доктор и како сте задоволни од целокупниот третман од влагање во болница до породување до одење дома со бебето? За Систина има доста пишувано ама за Жан Митрев слабо. Јас сум ептен на почеток но сакам со време да ги размислам овие работи бидејќи сум со вграден пејсмејкер и не сакам да се пораѓам било каде туку кај стручен и професионален доктор. Кардиологот што ми го следи пејсмејкерот уште од дете, работи во Жан Митрев. Па чисто ги разгледувам опциите дека можеби е добро да се породам таму бидејќи така и он би можел да биде присутен на породувањето доколку има потреба (а најверојатно ќе има). Не знам дали би можел да присутвува во болница каде што не е вработен, затоа ве молам за одговор, препораки и искуства. Благодарам однапред, убав ден на сите.
Млеко со прегорен шеќер ми помогна најмногу ама земав и Лоратадин таблети бидејќи најверојатно беше на алергиска база ама за него треба да се консултираш со матичен. Има во Зегин еден спреј за грло Пранаром можеш и тој да го пробаш
Ти благодарам за одговорот, ако не ми се подобри состојбата ќе одам и кај матичен. Да не бев бремена не би ошла но сега е дрига ситуација
Земи пантенол со ц од галеника лозенги за грло, ќе го навлажни грлото. Жалфија раствор за гаргара имаш од донвас готов со ментол е, ќе помогне локално антибактериско аниинфламаторно делува. Си имала алергии до сега?