Легнав во кревет, ќе пробам да заспијам. Се смирува ова, не дека имаше нешто многу прееска ама сега уште помалку. Утре од 11ч отвара ординацијата, ни на работа не планирам да одам само да се малтретирам.
Во 9ти и во стоење го имам тој жар. Ноќиве ме уништија киселини, ма и преку ден. Прееска задремав затоа што станав во 3 ноќта и ми дојдоа само што задремав, така ми е овие два дена на секое легнување, ужас. За прв пат пробав Гастрогард, не ми помогна ни еден час... Тој период во кој што си, спиев во дневна на гарнитурата, само таму ми одговараше да не го чувствувам жарењето.
Јас сум скоро 26та недела, и кај мене се појавија последниве неколку недели... и мене ми беше чудно зашто никогаш до сега не сум имала вакви киселини
Девојки ви се случило ли да имате голема надуеност во стомакот и гасови? Веќе 5 дена по ред мислам дека стомакот ќе ми пукне од надуеност, имам гасови и грчеви во долниот дел на стомакот, особено навечер, секоја вечер се будам. Пијам пробиотик Линекс, но воопшто не ми делува, дали можеби има нешто друго што би ми помогнало?
Страшно... како е можно така?!? Неписмени Неписмени... лежев таму што генерации нови идат да ти е срам да кажеш, кои глупости ги трескаа и глупо на Докторове им паѓаше. Ама може беља да ти направи, да се пожалиш, кога си пак на преглед?
Во петок сум , искрено и да се пожалам мислам дека ќе биде џабе , само ќе пазам и веќе нема да дозволам така
Па ако памтиш која била, ете да не и се повтори, јас бактерија фатив од таму од такви без ракавици ставаа кондом на сондите, и нигде не видов со алкохол да дезинфицираат раце пред да работат во главно специкализанти. Три пати ме прегледа вагинално додека бев таму ама со ракавици такви по една спакувани стерилни, дека све доктори беа, еднаш ирена, еднаш кочоски и еднаш симеонова. Катастрофа секако.
Женски, јас само плачам, и тоа плачам... пред пораѓај сум и толку сум емотивна, ужас, дури не можам да изустам збор ако некој нешто ме праша јас да не се расплачам. И за без врска, некое видео текст ќе ми излезе јас крокодилски солзи ... Хормониве се лудило а?Лигла станав...
Кога имаш закажано? Дел е од хормоните, ама и притисокот дека знаеш кој ден е го прави своето. Секој ден што си поблиску до датумот ќе ти биде потешко. Ќе го гушнеш бебето наскоро и ќе помине
Од крај на седми месец си плачев цело време … никогаш нема да заборавам … се возам по партизанска ќе ми текне нешто или некоја песна на радио и ќе се заплачам. На рсбота во канцеларија сум се затварала да се исплачам така ми доаѓаше 8ми месец неколку пати неделно. Маж ми дома кога ќе ме видеше ми викаше не си нормална оди прошетај и врати се да не те гледам ваква носиш здраво право дете плаче за незнае што
Јас сакам да ве прашам, дали од бременоста во се појавија некој промени кај другарката доле? Тие што родиле , дали после тоа се враќа на старо? Мене к*иторисот ми смени боја .