Мене комбинација вагиналети со еритромицин ми дадоа. Да прашам уште нешто дали негде сте го виделе гелот за интимна нега Ацидосалус?
Се се враќа во нормала фала богу не сум шиена и без тоа се враќа хаха а сега се е потечено на ништо не личи
Уреаплазма јас имам двеве бремености на последен брис. Којзнае претходно дали сум ја имала, на првите брисеви не искачала, а немам незаштитени односи ( уствари никакви немам веќе, ама кога имав со заштита беше). Еритромицин пијам еве сега, првиот пат исто. Не ми направи проблем првата бременост, веќе во одмината бременост не ни може да биде толку страшна, лоша е не дај Боже за предвремено породување, ама чим си ја открила ќе ја решиш.
Девојки, ви се случува ли навечер во спиење да ве боли стомакот странично, како некои затегања? Денес спиев на десна страна и баш болеше/затегаше едвај станав до тоалет па после тоа легнав на лева страна. Ова ли е можеби round ligament pain?
Јас се уште пијам, 38+3. Покрај 3 магнезиуми во ден ме штрекаат јаки грчеви во ногата, се прашувам дали ќе бидам жива ако го прекинам
Фала му на бога добро е се со бебе, потпораснало ми олесна. Д-р ништо не виде освен цистата што си стои иста големина, нема хематом. Ми рече да мирувам и да не се секирам. Тоа што потече беше само синоќа и малку беше, се смири до сабајлето немаше ништо веќе. Благодарам на грижата.
Хахаххахаха И јас сакам, ама немам повод... Кажи ти како изгледаат тие проклети болки, дали е нешто слично од она што го чувствуваше со денови?
Мене последниве неколку вечери ме боли вака странично на спиење, како тапа болка. Не знам дали е алармантно.