Јао жени, која се мачи со отоци? Абе ногава лева со денови ја осеќам како да влечам вреќа по мене. Искрено се надевам со топлото ќе завршат маките, до Декември ако терам вака отечена ќе биде забавно
Мене ми стиска на некој нерв, таман се пофалив дека барем менува еден ден една нога, друг ден друга, веќе трет ден само лева нога ме боли. Ужас, по неколку пати на ден боли корне, пред два дена плачев од што не можев да ја издржам таа грда болка. Може и кај тебе е така штом осеќаш на една нога. Инаку во комбинација ми е со отоци на нозете, ми помага кога ќе ги изладам нозете барем две-три минути со ладен туш. Потоа оставам да се исушат, и мачкам крема. Пробав со две, едната ми има некое такво подолготрајно дејство, а другата реагира побрзо ама прво те лади до тресење, па после се препотуваш. Оваа е таа со малку подолготрајно дејство. Оваа е таа што лади многу брзо.
Дали некоја од вас има искуство со хематом и одење на работа? Во првата бременост бев на патолошка до крај, имав хематом, лежев строго до 4-5 месец, ама со оваа морам да одам на работа поради започнати проекти кои не можат да ги превземат некои од колегите.. башка што дома имам 1.5 годишно дете освен мирување (не знам колку е возможно), што друго да запазам на работа и дома? Седечка положба ми е константно без дополнителни оптеретувања.
Мене тој период ми се јавија и тоа од смоки или од густ сок (праска/микс) и тоа навечер најлошо да не можам воздух да си земам. Некогаш и преку ден ги имам сега сум скоро 26та па ги немам толку често. Мислам ддка од хормони зависи и тоа.
Здраво мајки чекам бебе во октомври па истражувам за педијатар ве молам препорака за педијатар влае, ѓорче, карпош за прворотка што ќе им сигурно милион прашања
Јас сум задоволна од сите доктори кај Паскалов, позади Форца. Детални се прегледите редовни до годинка, достапни на вибер ако затреба нешто.
И ја сум со хематом ама освен утрогестан навечер не ми спомна др да мирувам или да ми каже да останам на патолошка. Кај мене бар хематомот не е опасен. Тебе ти кажаа мораш на патолошка или самата сакаш ради првото искуство
Не можам нигде да го најдам лекот еве уште си седам без терапија. Го немаат ни во Зегин ни во Еурофарм.
Јас имав уреоплазма од први брисеви во бременост, сега конечно на последни брисеви 34 недела ја нема( ми остана кандидата само), 2пати пиев антибиотици во тек на бременост и ставав 4,5 пати по 2 дози вагиналети Полигинакс
Која недела си? За хематом многу е битно каде е лоциран, субхоријален/ретрохоријален и која му е големината во однос на плодот, од доктор што ти е препорачано? Ја имав хематом и два пати на ургентно завршив со поголемо крварење со исфрлање на засирена крв, а крварев on и off се до крај на прв триместар. На памет не ми дојде на работа да одам, стресно е, а и секако ми препорачаа мирување. Примаш ли терапија клексани, аспирин и прогестеронска поддршка? Мене аспиринот ми го прекинаа поради крварењето а клексан продолжив превентивно како терапија против згрутчување на крвта и по индикации од хемостазата.
Мислам дека нема некоја точна временска рамка кога се појавуваат и од што. Мене во вториот месец и дел третиот ме убија киселини. Такво нешто немам осетено до сега. После тоа ги снема, уште не се појавиле пак, ќе видиме за понатаму
@Joanna28 @Milkiway Првата бременост морав патолошка да одам беше огромен хематом со секојдневни крварења. Сега сум 6+4, хематомот е странично од плодот и е исто голем. Вчера имав кварење за кое примив инекција и во петок уште една, во меѓувреме пијам Дабростон 2х1. Денеска немам крварење, освен минимално кафеаво. Не ми спомна матичната патолошка, освен да мирувам и кревам тешко. На работа освен за во тоалет и до кујна не станувам. Дома ми е поголемиот проблем со малото..
Мислам и со седењето може да прави притисок хематомот. Немам лично искуство ама имам близок пример. Најдобро со гинеколог консултации да си правиш.