Еритромицин. Нигде не го најдов не се здрави... И тие ми ги даде вагиналети Полигинакс тие ги земав, а земав и ацидосалус гел за интима во еурофарм многу е добар
Низ аптеките во Чаир да провериш, посебно онаа што е карши Веро, од семафорите накај Топанско кога вртиш. Не знам колку го знаеш делов, а и јас не сум најдобра во објаснување ама во зградата што гледа накај Веро е, нема шанси да ја утнеш. До неа има Sara Fashion.
Девојки, јас сим 22+5, до сега се чувствувам одлично но сега ми се случи непто чудно.. почна да ме боли стомак и бев во вц, после кратко време почнува пак да ме боли но сфаќам дека не како за во вц, многу чудна болка нешто слично како за менструација и многу се исплашив. Со еден спонтан сум на почеток на годинава и на се се притресувам.. Сега ми е смирено но дали е ова нормално? Дали да одам веднаш на гинеколог?
Клексани до 13та недела примав, сите испитувања што ги правев ми беа добри и немав индикации за тромбофилија и ми ги прекинаа, пред неполни две недели бев на втор скрининг и се беше супер, грло затворено без индикации за предвреме раѓање..
Здраво, Дали вие што сте имале вагинален преглед после тоа сте имале како контракции? Тежина во препони, стврднувања на стомакот, болки напред долу, по малку и во половина?
@Anie93 , тебе те касна пчела пред неое време. Дали осети да се вознемири многу бебето? Не застана откако ме касна, еве веќе пола саат.
Јас клекнав да земам нешто од ќесичка која беше на под ставена ама изгубив рамнотежа и треснав на гз. Не беше од високо, како деца кога правевме "не ја лажи земјата", немам ни болки ми ништо вака, не знам дали е за на лекар ова или да не паничам за ништо?
Па редно е веќе главата им ја отеков на сите Појма немам дали е тоа што треба да биде или пак си стварам лажни тревоги.
Не знам, дека е хемија а пред царски... нешто алергија ...анестезија...не знам мозокот ми е пуштен на најјако