Ете ме, се исфарбав, и тоа сама да не бидам ко баба со седа коса и корен... после царски не смеело фарбање 6 недели ... И тоа прочитав Фала ти на одговор
Ејјј немој вака...се надевам дека не е вистина. Зарем и без амонијак ќе делува на млекото? Таман се помирив дека после тоа ќе се замарам со фарбање...
извини сега тек гледам…. Па искрено не приметив нешто разлика во движењата. Ама јас бев тогаш 19/20та
Живи глупости. Не читајте се и сешто. А и ако анализирате толку, ќе треба да одите на врв на некоја планина да живеете. Зошто најголемиот отров, го дишеме секој ден.
Кажете ми некои таблети за киселини и рефлукс. Денес др Котларова ми наброи 3/4 ама сите ги заборавив
За кисилини од скоро почнав овие да ги користам по препорака на матичен доктор, а претходно го правев лекот со содабикарбона, вода и лимон.
Дали можеби имате искуство со некоја маст за надворешни хемороиди 32ра недела сум. Кантарион, кокосово масло и вазелин не ми помагаат. Не ме болат ама ме нервираат што не се повлекуваат.
Леле и јас имам, ама не ги чепкам сега чекам да се породам па после. Факту крема или било која кортико крема ми рече доктор да мачкам ама дека шубе ради бременоста па ќе ги решам после ...ако помогме нешто да се повлечат
Мене ми даде едни кесички Waya StopReflux и не ми помогнаа нешто посебно а беа скапички, една колешка ми ги предложи Гастрогард таблетите уште немам земено нешто плус а и не ми е до толку за да пијам нешто сега за сега. Избегнувај што ти смета и јади помали оброци.
на било која храна ми се појавува буквално изненадно, може да имам 3добри оброци и следен ден на било што. Затоа не можам да приметам што ми смета, а оброците секако ми се мали…
Девојки како сте? Јас пак со моите луди мисли Денес се чувствувам многу омалаксана, утрово се разбудив рано, сакав да спијам но не можам да заспијам, неколку пати бев во вц со потечна столица, на моменти целосно препотувам но друго ништо не чувствувам. Пред некој ден пишував дека имам кашлица но таа помина во еден ден , правев гаргара со солена вода и исплукав тонсили што најверојатно ми го дразнеа грлото, повеќе кашлица немав но синусите како да ми се воспалени и од носот ми тече проѕирен секрет. Да не бев бремена воопшто немаше ни да забележувам дека имам некоја тешкотија. Го прашувам чат гпт дали е можно да е започнат процесот за пораѓај но сакав да ве прашам и вас, дали ова ви звучи како да ќе се породам за скоро. Утре сум на контрола но не можам да се стрпам, секакви мисли ми се мотаат низ главата
Киселините во бременост не се од оброците. Последните 3 месеци имав страшни киселини, до толку што не можев ни нешто асално да јадам, спиев во седечка положба потпрена на перница на задглавјето од спалната, но едноставно за жал не може ништо да ги спречи затоа што во тек на бременост не потекнуваат од дигестивниот тракт.
Мене докторката ми ги препорача Stop Reflux од Waya. Ми рече ни Рупурут ни Гастрогард никако да не земам зашто тие работат на поразличен принцип од Stop Reflux. А како што членка има пишано погоре, киселините во бременост не доаѓаат од храната туку од друг фактор, затоа и класичните таблети не се препорачуваат. Инаку во аптека ми рекоа дека Рупурут не е толку безбеден за трудници и дека ако веќе сакам да земам такви подобро да земам Гастрогард.
Да не ми ја препорачаа во родилна кремава требаше да одам на операција за отстранување, чудо од крема е и безбедна е за во бременост и после во доење. Со првото умирав од запек цела бременост, родив големо бебе природно и ми станаа како балони повеќе болеа од раната и после пораѓај само ова ме спаси господ да ја благослови таа албанка/босанка што и да беше што ми ја кажа. https://www.annifarm.com.mk/wp-cont....2134-RECTANAL-AID-CREAM-50ml_Anni-Farm-1.jpg
само рупурут ме спаси умирав од киселини последните 2месееци пред пороѓај во сред ноќ ми доаѓаа буквално додека не се породив константно само со рупурут ги снемуваше на некое време —- се пробав друго кај мене не делуваше
И ја ќе ја земам ама гледам дека во ани фарм ја нема на залиха. Дали оваа и е замена? https://zegin.com.mk/mk/frezyderm-r...-simptomi-na-khemoroidi-i-analni-fisuri-40-ml