Јасно, само ми е чудно уште првиот месец да има вакви промени, затоа прашувам дали некој искусил нешто вака рано. Многу аитни се, не се големи тие лушпи како гурелки се и ситни се
Имав и јас и сега чат пат имам. Позабележливи ми беа на почетокот и мене, сега на крај немам толку. И брадавиците ми беа суви, им мачкав од тоа маслото за трудници од дм, подобро ми беше со него.
Две женски имам. Првото ептен беше нежно и такво и остана. Второво мамата ми ја расплака уште во стомак, а такво е и надвор од стомак, збеснато
Направив напор зедов денес за утре ќе се снајдувам... Ексик веќе малку покасно се боцнав ... И мене ми беше шубе да прескокнам
Јас 3 дена не се боцкав кога правев амниосцинтеза, по консултација со лекар, ама до сега не ми биле покачени, заради мутации ги примам. За еден ден не би требало да ти смени нешто, ако ти се во референтни граници, ама да не секогаш. Јас до сега 39гн само еднаш заборавив да се боцнам и тие 3 дена со амниото
Кој ти е матичен жити се? Кој си зима право така да се однесува? За твои пари, ако сакаш и Америка ќе одиш за скрининг. Да си смениш матичниот.
Не би тренало да е проблем. Јас има 2-3 пати "прескокнато" ненамерно, односно имам заборавено да се боцнам, па според резултатите од контролите, немало проблем, се било ОК.
Кој е тој толку јак и стручен матичен за скриниг? Или го чеша џебот па сака пари? Гледаат колку пари се даваат приватно, па играат со жениве. Тоа све би пријавила, гниди. Што земаат пари на трудници, што ги уценуваат итн. Смени матичен, најди само за упати, др све приватно е и така е. Прави си на клиника и плус приватно скрининзи. Све што ти следува државно користи а најди си доктор приватно за добри скининзи најважни се. Извини се нервирам со понашање, работам со нив и ми се повраќа, ретко се наоѓа доктор на прсти да ги броеш во Мак цела.
Моето беше исто големо 4590 и го родив природно во Чаир прворотка ама малце имаа промашено димензии и ми рекоа за прворотки не сака да ризикува никој (збориме и на државно) над 4200 да пораѓа поради неподготвеност на телото за таков напон и поради ризици така што за на приватно сигурно е исто
Јас сум 24 нед и носам машко, ако правам споредба со првото машко кое удираше како сивоња и без престан ова знае да е некогаш поактивно ама со осет. Не мислам дека е до пол - можеби големина, како се поставени нз
Девојки дали сте правеле некоја лаб. во Жан Митрев - било каква пример. Сава ми покрива лаборатории и стално правам се во Авицена, ама сега треба да правам крвна група и Кумбсов и блабла нешто околу тоа што го правеле само Жан Митрев ме најавија од Сава за сите упати таму (вклучувајќи и скриен шеќер) Па некако сум скептична, ич не сакам да менувам лаборатории