Мајки 27недела сум.. Во врска со мрдање на бебето некој ден повеќе некогаш помалку нормално ли е јас сакам постојано да ја чувствувам..
Јас сум 23-та па исто така го осеќам кога повеќе кога помалку а кога и воопшто не. Викаат да пробаш со благо и газирано па така да осетиш да се движи. Јас кога влегувам да се капам претежно и кога ќе ја пуштам водата да течи тогаш го осеќам да мрда како пеперутки во стомак. Немој да паничиш се е нормално.
Нормално е. Некогаш повеќе некогаш помалку. Битно е секој ден да го осеќаш. Ако не го осетиш подолг период во текот на денот касни нешто благо и седни или легни на грб ќе почне да мрда. Мојов мрда по цел ден ама ако не го осетам саат два одма каснувам благо и ете го одма се јавува, тука сум
Тие што сте при крај... Овие два дена ме уби од сечење долу како со нож кога мрда бебето, дури ме исцрпува. Сега испив два магнезиуми наеднаш и еден бедоксин за да се смирам. Не знам дали се измешани контракции со сечењето долу (не осеќам менструална болка), ама не се трпи само офкам, потскокнувам, се виткам. Најмногу ме чуди што ме изморува ова. Се надевам магнезиумот ќе помогне. Има ли некоја од вас со ваков проблем?
Мене многу ми е тешко последниве денови, ко да ми фали воздух, ко да не мижсм да дишам…. И кога лежам ми се дешава 21+4
Тие што имате мигрена како се справувате сега во бременост? До 12 недела се трпеше некако како обични главоболки, 1-2 пати пиев парацетамол, сега мислам глава ќе ми експлодира скоро секој ден гледам да не пијам ништо ама не се трпи ова А и мислам дека настинав капак на се, осеќам болка во јајници, кашлам, што пиете за настинка? 16 недела од денес
Исто и мене ми е. Пробај на лева страна да лежиш само. Матката се издигнува нагоре и прави притисок на желудникот и мене ми е како да ми се зема здивот.Види мери си и крвен притисок да не има и тоа врска.
Никако не се справувам. Се молам да помине со парацетамол. Спас ми е ако повратам, и се затворам во темна соба за дремнам едно 15-20 мин да ми помине. До душа од второ тримесечје навака не ме фатила асално фала богу, да не се урочам
Мене ми дозволија од втор триместар и ибупрофен да пијам, до кај 30та недела макс и после ми рекоа пак да прекинам. Не дека нешто многу ми помогна... и магнезиум гел мачкав на глава, врат и Ремиг спреј во нос и со многу одмор некако успевав да издржам.
Секој ден се поише и поише ме фаќа ова настинкава или вирус што и да е, кивам, нос ми тече, поткашлувам и градите ме подболуваат сите мускули, коски ме болат и ко внатрешна темп да иам ми се смачи више...
Па појди на матичен да те слушне и направи лаб дали е вирус или бактерија …ако то трае повеќе од 3дена
Мене ме засекува доле од пред некоја недела, баш како со нож да ме боде некој под стомакот во средина. Ова се дешава обично кога стојам и се виткам автоматски. Трае кратко, еднаш на неколку дена се појавува, ама е баш непријатно. Со претходната бременост немав никакви болки, ова ми е чудно.
И мене од пред некоја недела, ама како поминуваат деновите, така се почесто, и се посилно. Кај мене прееска цел саат траеше, ме полуде, ме исцрпи. Дали ја вознемирив дека чистев, па клекни-стани, наведни се- исправи се... И јас не се сеќавам првиот пат да беше вака.
Бактерија не верувам дека е бидејќи имам продѕирни мрусли... Би требало вирус да е зошто сите дома сме затнати. Утре ќе одам да ме слушнат....