Пред скоро месец ме имаше фатено вака. Мора да се истрпи некој ден, ќе помине...и мене ми беше чудно грбот и градите ме наболуваа два-три дена.
Значи вториве деца потешко се носат. За раѓање ме убедуваат дека било полесно, па ајде да видиме, белким тоа ќе се исплати Ти како си со болката од песокта, се смири или исто е?
Тебе првото ти е природно? Добра сум, сега за сега , во исчекување , само многу ми е страв да не ме фатат двете болки истовремено
Да, природно, но со провокации, па не го сметам за скроз природно Не би требало да те фатат истовремено штом се смирило сега. Лошо е што болката ти е кај половината, па сфаќам што те плаши, но верувам дека се ќе биде како што треба
Ова е некој вид на корона. Во понеделникот јас бев со сува кашлица само еден ден потоа како да ми беа воспалени синусите и бев омалаксана, но од вчера сопругот и свекрва ми се со температура. Дома имавме брз тест за корона, излезе позитивен. Само побрзо да поминува и да нема температури
Па и со провокации е природно каква болка имав уше да не се смета за природно 4400 кг го родив ова потешко го носам ваљда лесно ќе излезе
Па баш дека повеќе боли, исфорсирано се во кратко време, затоа викам дека не го доживувам баш како природно, со добивање на природни болки, спијам на увото дека ќе е помалку болно Уффф со среќа нека ти е
Мислам дека нема правило, ни за носење, ни за раѓање. Мене второво ми е прелесно за носење. Породувањето ќе биде повторно со царски, па здравје боже, се да помине во најдобар ред. Сите ќе издржиме .
Јас пак да се пожалам... Не знам дали пд вирусов или од бременоста ама грбот мислам ќе ми се распарчи на две половини, на средина на рбетот ме кине, не можам да спијам, не можам да лежам, да стојам, да седам ништо болка што ме нервира многу....
Значи страшно со второво се изнамачив... Уште од почеток како почна еве 7ми месец маста ми се извади се нешто се случува...
Која недела си? Јас кога влегов во втор триместар доста долго кивав и ми течеше нос воденкасто. Сега сум 26та немам гајле со тоа.