јас го правев пред неколку дена кај др Котларова и она 15мин гледаше и тоа ми се чинеше малце…. Ама оба
Ама во Ремедика за еден час има 1-2 термини закажани а во државна 6 и плус рандом луѓе што ќе дојдат, научени се набрзина да гледаат. Плус гледаат по многу скрининзи дневно, точно знаат што и како да видат. Не се грижи, сигурно е се во ред.
Јас бев кај Данева на прв околу 10 мин, Кај Кочоски на втор исто толлу, што му напоменав за грлото па пак седнав да ми измери. Кај Др Афродита Ремедика по 30-40мин. Све детално опуштено.
па кај др во Ремедика има за една смена преку 20луѓе, не дека нема, не се грижам зошто ете бев на две места ама деф ако бев само на клиника ќе ми беше шубе. И чисто да споделам искуство кас веќе не би идела кај овој др
Да, те разбирам и јас сакам да ми зборува и објаснува некој. Скрининзите ги правев кај др Афродита во Ремедика и траеа по 30-40минути ама реално она се детално објаснуваше и по 3 пати се навраќаше на секој орган, па на 4Д па убаво да го фатиме во лиценцето, па муабети на кого личи ехее ама реално може она и за помалку од 10 минути да види се што треба, само го нема тој притисок како што го имаат на клиника зошто од тие 20 што се во смена уште 2-3 и се скрининзи
Јас не би била сигурна дека за 6 минути на прв скрининг може да се види баш се што треба да се види и измери, колку и да бил стручен докторот. Од друга страна не значи и дека ако трае 40 минути дека ќе види се, ако не знае што да гледа, Има толку многу параметри што треба да бидат проверени и измерени што мене ми делува нереално се да се заврши за 6 минути. @Anie93 јас не би се мислела ни минута, одма би заминала на второ мислење, макар и по цена да платам дупло и добро е што имаш отидено. Едно невнимание од доктор може да чини многу, а и ти сигурно ќе сакаш да си спиеш мирно наместо да мислиш дали се е во ред. Немам коментар од сето ова што го читам...скрининзи по 6 минути, специјализанти вршат вагинални прегледи без ракавици, родилки закачуваат бактерии од пораѓај...страшно.
Матичниот ми посвети скоро 1 час на втор скрининг исто и доктор Павле Димчев во Систина ме гледаше најмалку пола час. Премалку е да се видат сите потребни работи за толку кратко време.Појди си на второ мислење
А низ форумов како што гледам се добро има пишувано за докторов, јас ќе бидам прва изгледа со вакво искуство Си бев јас во Ремедика пред 5дена, сега отидов да видам каков вајб ќе ми даде др чисто зошто многу го фалеа за пораѓаи
28 гн сум. Правев ддимер ми излегоа 720 ама активирано парцијално ми е 22,4. Упат за на трансфузиологија имам тек за петок ме фаќа паника да не е многу страшно ова? Има ли некоја со слично искуство?
Мене ддмери 711 и активирано парцијално ми е 22,6 и ми рекоа дека ми се супер резултатите. Испрати ги кај твојот матичен чисто да си бидеш мирна, мене ми рекоа дека нормално е ддмерите да се покачени малку во бременост
Матичниот ме праќа на трансфузиологија рече дека е нормално ама да сме биле сигурни да видел трансфузиолог да потврди дали е во ред.
Не ја памтам докторката од вториот скрининг ама ми рече замисли дека детето ми нема преткомори на срцето, да дојдам за еден месец на контрола, мислев дека ќе умрам. И нормално дека си отидов приватно си платив да за ми кажат дека се е во ред. Скринингот помина со нејзино зборење на телефон и траеше точно 5 минути. Заборави да го измери бебето па откако се избришав ми рече ајде легни пак да ја измерам и ми вика ејј гледај сега се покажа има преткомори ама нема врска дојди ти секако на контрола за еден месец. Апсолутно ништо друго не ми кажа. Кога одам во Њу борн пошто сум ин витро скрининг ми прават со детално објаснување дури и до колку прстиња има на рачињата и ноџињата. Кога отидов на контрола на клиника друга ме гледаше и кажав што ми кажаа на претходниот преглед нејзиниот одговор беше имаме секакви доктори и стажанти.
Вчера правев скрининг и приска, добри беа резултатите. Прво си реков нема потреба да правам пренатален ама после разговорот со докторот такво шубе ми се кладе, денес појдов се боцнав. Не знам дали е игра на зборови на докторите за пренаталниот ама како што сум хипохондрик и од се се плашам.. Ми рече дека и со добро ехо и приска можело да излезе проблем на пренаталниот. Искрено се надевам дека се ќе е во ред и на тој, да не ми е мисла. Се изнапишав што ми тежеше, извинете. Сакав да прашам, резултатот сама можам да го видам или е со параметри доктор што треба да ми ги објасни? Во Биотек го правам.
Да и ја правев во Биотек можеш сама да си го прочиташ нема ништо нејасно низок и висок ризик така си пишува
Таков е тој мене коа го прашав за пол ми рече јас тоа не гледам гледам да е здраво и прегледите му се 3 минути ако одлучуш кај него само кажа му за вигинален преглед да те предупреди да ти каже што ќе прави си тера работа без многу зборење
Едно глупо прашање, ама прва бременост ми е.. Утврдувањето на полот сега со тестот е 100% точно? Дека е рано уште.
мене он ми рече денес полот го знаеме така? Не знам го читав како добра опција за пораѓаи ама искрено после денес 90%сум не