Јас со првото дете не правав сега со второто да 99% е точен резултатот замисли полот да го утнат на ваков тест тогаш другите резултати паѓаат во вода тие се најбитни кај мене е погоден полот јас мислам правев во 10та или 11та недела мислам дека за точен резултат битен е и процентот на днк види во пренатални тестови таму има повеќе пишувано на темава има и поискусни девојки
100% е точен полот со тестот. На ехо може погрешно да се види особено кога е рано, ама тестот дава точен резултат.
Гледај, Ќаев на Гак е еден од подобрите особено за спонтано породување. Едноставно е таков карактер, исто како и ние, докторите исто така се различни карактери. Некои се поинтровертни и не зборуваат многу. Најчесто, баш таквите доктори се и подобри од оние што многу зборат и се лесно допадливи. Е, сега, постојат и такви што се и добри доктори и добри оратори. Секако имаш избор да одбереш. Генерално по приватните болници мора да се и подопадливи и повеќе да зборуваат, зошто токму тоа го плаќаш. Тоа што те гледал 6 минути не значи дека не видел се што е потребно. Може некој да те гледа и 30 минути и да утне. Јас имам зборувано дека мене Димчев ми утна синдром, ме уверуваше дека е 100% бебето здраво и за жал тоа придонесе само подоцна да ја прекинам бременоста, иако ме гледаше 20 минути. Секој доктор во својата кариера некогаш погрешил и направил лоша проценка. Ако сакаш државно да се пораѓаш, јас топло би те посоветувала само да си ставиш во глава дека ако некој не зборува, не значи дека е лош доктор. Интересно е како се повеќе се трудиме да кренеме свесност за анксиозност, интровертност итн, а на докторите не им ја простуваме нивната, очекуваме како роботи да работат. Но, бидејќи е доста важен момент во животот на една жена, донесувањето на дете на овој свет, секако е најважно да се чувствуваш ти комотно.
Да, да ти ја сфаќам поентата и се согласувам со тебе, и јас не сакам да е насмеан од 8ца до 8ца, да си муабетиме. Важно ми е да е стручен и да не е сега баш некој дрзок др. Само тоа што толку маллце трае прегледот ми личи на незиантересираност.
Има утки и на тестот. Ретки се , ама има. Нека е живо и здраво бебето, тоа е најбитно. Сепак е 99% , не е 100 и има простор за утка.
Јас ти кажувам од аспект зошто работам продажба на медицинска апаратура и окапав по сите болници, не само во Скопје, државни и приватни болници, генерално не сме свесни кој општ хаос е особено на државна клиника. Имаат закажани по 20 скрининзи, плус пациенти, плус врскаџии а денот и ним им е 24 часа, на тој обрт од пациенти, искуството ги натерало да се фокусираат максимално и за кратко време да видат се што е потребно. Јас кај него бев на еден преглед за калцификати на постелка што имав оваа бременост, човекот ме запамти дека пред 1 година ми зимал брисеви а не сум работела ништо со него и баш бев воодушевена. Ама истиот пристап го имал и кон мене, ме виде 2 минути ми кажа што како, откако ми се врати докторката во Ремедика од одмор, истото ми го потврди. Исто чекаше и една жена, ромка, додека ја гледаше на ехо и вели, ти беше нели со задоцнета овулација, нормален е овој задоцнет развој на плодот. Сигурна сум дека жената не беше со врски такашто јас баш имам впечаток дека е многу грижлив за пациентите само што ете, ваљда си е таков карактер. А вака од искуство, многу од тие доктори што ептен “обрнуваат внимание” и се многу пријатни, лично сум ги гледала во сала за некои случаеви како ги викаат овие “дрските” да им ја завршат операцијата…
@Puffy2019 Колку време ти траеше ваквата болка? Јас денес имав вагинален преглед и сега имам постојано болка, не е периодично или со прекини... постојано имам болки како менструални, а и во половината. Не знам дали е од прегледот само или ова се тие контракции
Пренеталниот тест обично се препорачува кај повозрасни што се над 35 години или нешто ако се забележе сумливо на првиот скрининг. Но изгледа нашите доктори си земаат некој добар процент од тие тестови па ги убедуваат пациентките.
Да, со тестот ти е 100 % точно. Јас го правев тестот и го знаевме полот многу рано, на вториот скрининг докторката го потврди истиот пол.
Па сменета е возрасната граница, затоа што днк на луѓето многу побрзо старее, изложени сме на мн зрачење и лоша храна и воздух. Па све повеќе и помлади имат проблем со зачнување на плодови кои се со различни синдроми и болести и недоразвивање на плодот нормално. Па затоа се препорачува и од 29 години да се прави тестот. Сегде ги прават основните и најчести синдроми на товар на државата, кај нас се плаќа. Од све земаат процент докторите. Пример најмногу од пренатални витамини, ова е гола вода за тоа.
Дали има спас од отоциве на нозе, раце и лице ? Дури и носот ми е потечен Носев патики 38/39 , сега ми се мали 39
Дали ти е ок притисокот? Нормални се отоците, ама види сепак со матичен, т.е кажи му за отоците (ако веќе до сега не си).
На другарка и се има случено ова со броеви на патики и се чудев кога ми кажуваше, а сега и мене почна едната да ме стега. Среќа лето па цело време по влечки го поминав. Вака не се кој знае колку изразени ама јас си приметувам, вереничкиот и бурмата одамна не можам да ги ставам. За отоци на лице, ако ти е за утеха, свекрва ми ме праша прееска дали пред скоро пак сум ја боцкала устата, е до толку сум. Носот уште го немам приметено и се надевам ваков и ќе си остане
Има спас, за едно 3 месеци ќе се спасиме од отоците И мене нозете почнаа да ми отекуваат, глуждовите полека полека не ми се познаваат. Едвај патиките ги облакам. Среќа притисокот е низок. Јас се трудам што можам повеќе, во секое слободно време нозете да ми бидат подигнати така ми спаѓа отокот. И мене устата ми отече како да сум ја пунела Ааа бурмата ја извадив уште пред 2 месеци и не ни пробувам ни планирам да ја ставам додека не се вратам во нормала
извини што прашувам, но ако сакаш да ми кажеш повеќе за димчев.. дали на втор скрининг ти утна синдром? дали беше нешто ретко па го испуштил или нешто очигледно?
Јас имав отоци двете бремености додека не ми открија гестациски. Мислам дека од бел леб отекував, од исхраната нерегулирана, еве сега 37+ недела цело лето без отоци го поминав.