Дали некоја челенка се пораѓала кај др. Чибишева на ГАК да сподели искуство или да ми каже од кој доктор е задоволен.
На некој лошо денес да му е ? хаха После 2 саат више ми се стужи уште не можам да се оправам дали од жештинава не знам
Да, паметно. Консултирај интернист, ја сум со мн низок притисок, ама во брменост ми се качуваше до 140-150, и ми дадоа метилдопа и по потреба дијазепам 2мг. Бев на преглед во Кардио Василева. Отоците може да се од покачување на притисокот, следи го и внимавај си.
Бидејќи беше ставен да омекни додека го правев месото... Па кога почнав да виткам свиткав едно и реков ќе го изедам.. Месото убаво ми мирисаше
Знам ама реков дека жив мислам необарен листот... Затоа шубе ми беше.. Инаку да прашам ќесичките за железо ( заборавив сега не се пред мене како де викаа) навечер или наутро се земаат?
Јас имам од почеток на 5ти месец.. Посебно во жешкото ама мака со притисок немав сега ако стојам подолго поотечена сум... Инаку и јас ќе сменам патика на 40ка..
Немаш потреба за грижа. Иначе, по правило железото се зема сабајле на гладно, пола саат пред оброк, така најдобро се апсорбира во телото, со витамин Ц кога го земаш уште подобро, избегнувај да го земаш со млечни производи, тоа ја намалува апсорпацијата.
Ме фати некоја настинка, не е страшно ама во старт сакам да ја исечам во корен. Како омалаксана сум ме боли телото, грлото ме подзаболува и носот малце ми тече. Утре одам за Охрид, па бев до Зегин да ми дадат нешто ако можам да пијам. Ми го дадоа ова, парацетамол + витамин ц се раствара во вода. Им кажав дека пијам Дабростон и Фемибион па да не биде проблем, рекоа не. Ајде вие поискусни со вакви ствари да ми кажете дали можам да го пијам, да не си направам беља. Или нешто друго ако имате предлог? Благодарам однапред за помошта.