Цтг е мирно , серклажот малку пуштил и цервиксот паднал на 19мм , прво го измерија 17 па кажаа 19мм . Докторката што ме прегледа кажа не изгледа дека за брзо ќе раѓаш но ќе те примам за да добиеме на време . Притисокот 170/140 па терапија за притисок , и една доза здреење примив. Ја не знам тој од Алексеј што гледаше да измери 36 мм цервикс па уште се убедуваше немало потреба од серклаж
По менстрација 28 недела , бебе си е глава 27+5 стомак 26+4 нозе 26+ некој ден . Околу 950 гр така кажаа . @LiquidLuna треба да проверам и ќе ти кажам , дека без памет бев и не запамтив. @Mumoftwo30 тој од Букурешт поликлиника , кажа бебе топ , цервик топ се е супер 26/27 недела , само ме праша зашто е толку доле конецот му кажав поради водењакот што беше паднат па да не го пукнат .
Ајде со убава мисла ќе помини... @bokace1 стегам прсти најсилно се да биде најдобро.. Сега одмарај не мисли гали меше само и ќе биде ок... Пиши ни од време на време не сакам да ти пишувам да не ти досадувам... Кога ќе можеш пиши
Прати совети од докторите и полежи си у болница колку шо треба ,макар и до крај да си таму За жал некои имаме такви бремености шо лежиме од почеток до крај Најди си серија некоја загледај,некои книги нека ти донесат и уживај Секој ден е плус за бебе Се надевам барем 30 да истерате за почеток а зошто не и 32 34 гн
Само смирено ,ако имаш примено зреење побезбедно е.Слушај док ,примај терапија и се ќе биде добро.Пиши слободно ако ти треба нешто.
Вложливо за врв од прст ми пишуваше и на мене во 24та недела кога бев во Чаир на преглед. Се породив во 39+4. Кога го прашав што значи тоа рече не се секирај некои жени тераат до крај и не се замараше да објасни, така што не знам да ти дадам совет. Само биди трпелива , смирена , пробај да се концентрираш на други работи. Штом имаш примено зреење немаш гајле, ќе биде се океј не се секирај
Сабајлево прво отидов во Чаир и од таму ми рекоа да не одам кај нив се до 35 недела, и разочарана си дојдов на ГАК.
Јас со 3цм отворена и лажни контракции со луди болки бев дома месец ипол првата бременост, се отворив во 33та родив 39+6
Кога се движат помалку бебињата? 37+4 и вчера и денес ептен малку осеќам движења и почнува да ме загрижува. Вчера на цтг отчукувањата беа околу 120-130, па го размрдавме и се зголемија до 140, 150, и рекоа дека е ОК. Но, јас попладнето послабо осеќав движења. Утрово скоро и да не го осетив. А знаело баш да биде активно...
Синоќа пред спиење не се размрда? Обично кај мене навечер после 9 и пол, 10 се активира и лумпува до 2. Неколку пати во деветти ме има сецнато да ја нема да се раздвижи, или пак онака ептен мрзеливо да промрда и толку цел ден. Сега има разлика во меѓу време откако пиша тука? Ако имаш можност напиј се еспресо, најбрзо треба да го раздвижи (барем кај мене тоа видов дека помага). Повеќе мислам дека те има ставено во мисла вчерашното цтг, иако според мене нема потреба за грижа затоа што од 110 до 160 се нормални граници.