Јас тие три дена кога се пораѓав ептен малку ја осеќав , буквално да не беше цтг немаше да знам дали е океј. Може се ближи пораѓајот зашто сум читала и други искуства дека бебињата се смируваат кога ќе дојде време. Касни и нешто благо, напиј се кока кола, треба да делува.
Синоќа ептен малку, скоро воопшто. Ноќеска ништо не осетив. Сега малку се раздвижи. Изедов банана, се напив нес кафе. Изгледа спиело, а јас нестрплива, дека прв пат се случува ова и ми е необично. Ќе одам попладне кај матичната, да не ми е мисла до вторник. Фала ти.
Јас дека внимавам на шеќерот, не пијам воопшто кока-кола и не јадам благо, но денес ќе направам исклучок. @Peperutce6 се ближи крајот, скоро и го одредивме со докторите вчера. Може и тоа ми влијаеше. Емоции на максимум...
Да знаеш дека се што осеќаш ти осеќа и бебето. Јас кога ми рекоа дека сум отворена пулс 130 ми се качил , бебе имаше пулс 190... После тоа се смирив и се беше океј.
Одлично штом помогнало, изгледа му требале малку шеќери Пред да одиш кај матичната гарант ќе се разлумпува Знам како оди тоа, во 37ма мислам беше тргам демек со болки и не ја осеќам, по пат почнува да прави бам бум, на цтг исто лудува, се засрамив ќе мислат лажам тие таму Имаат и такви некои помрзеливи денови... Но како и да е, следи си движења, штом нешто ти е чудно прво пробај промена на позиција, со течност и храна, па ако не бива фаќај патот за преглед.
Утре здравје домче си одиме Луда куќа е тука , секој различно кажува но сега измерија цервик 26 милиметри . Мојата Дарија е добро
Со првото имав дгестациски дијабет ама ништо не ми дадоа ни терапија ни исхрана посебна. Сеа се одлучив да не правам со второво испитување, дома само си мерев со апаратче и секпгаш ми беше низок или нормален шеќерот. Не можам таков стрес пак да поминувам многу ми се слоши во првата бременост, ноќна мора ми беше и сега за да идам. Предложете ми некој доктор каде сте иделе за скриен шеќер да одам со резултативе од дома што си мерев...
Јас жени немам број од матичната и не сум во комуникација. Правев во 21н скрининг втор во Ремедика и на Гак(како што се пожалив погоре) Сега планирам накај 24та тек да идам кај нејзе да и ги однесам резултатите и за што следно. Има ли нешто сега што треба да се прави или добро ми е тогаш за гестациски дијабет да проверам и контролно ехо дека. На секои 4недели си правам
Дали има некоја мајка сега со термин и раѓа на ГАК ? Ако има со лесно да вие , чувајте сила за буткање ,не се трошете во викање и дерење и дишете длабоко. Леле жени, до толку ли боли?
Како се најде ти да слушнеш дерењето . Боли ама не се памти болката зошто е друга димензија. Чим се решаваме за второ, вреди
Многу боли поготово крајот како да ти се кине телото, се согласувам не смее да се вика јас бев присебна дај Боже и со второво да бидам, затоа имав сила на бокс да туркам ... Се заборава лесно болката зошто само што ќе излезе бебето готово се поминува во секунда ниедна болка немаш веќе. Јас сум 27недела и не ми е страв пак од тоа, тоа проаѓа страв ми е од тоа што го преживеав после пораѓај... Сакам да останам жива за детето поголемо и за бебето што допрва треба да се роди
Тука на патолошка Секоја што дојде , вика ли викаа . Тие што се за царски не им се слушна глас , ама тие природно кукуу мајко
На патолошка ли викаат, јас мислев горе во родилна си слушнала, таму е главното викање. Не мора да значи дека ќе ти биде тебе така, еве јас на патолошка и горе до бокс глас не пуштив, а не ни слушнав некој многу да вика 2 дена доле. После на бокс ме болеше нормално, ама не ми доаѓаше да викам. Почнав да викам пошто сите околу викаа, да не ми олесни случајно нешто
Од тука почнуваат Верувам дека боли нормално , ама слушањето од страна како викаат. Дури трудница 31 недела со прст отворена побара да си отиде од што не издржа тука да лежи.