Слушалки на уши и гледај серија Некој има и што не викавме Не е до толку деее Киретажа без анестезија е врвот таму е влезот на пеколот Хахаха Ајде не се плашите Господ наоред вие по него и се ке биде ок
Фала на сите за честитките ве гушкаме со бебе на сите со лесно Опоравувањето е малку... Затоа ме нема... Ми трне рана, стомак ...боли , болат цревата што се местат, органите...
Честитки мама! Да сте живи, здрави и најсреќни! Баш денес те помислив дека те нема да пишеш, помислив да не си се породила, ама знам колку мачи тоа прашање па викам ќе си ќутам
Да кажеме дека не боли ќе лажеме. Ама и неверојатно е, која сила ја имаме ние жените на крајот, кога е тоа што највеќе боли, а паралелно треба и највеќе сича да избутаме. Ама се се заборава. Да ме прашаш сега за болките, не се ни сеќавам. А да. Не викајте без потреба. Дишете. Сила ви треба за буткање.
Слушав жена како вика без престанан 4 саати нели на интервали факаат контракции или цело време боли ?
Ајде, не мисли на тоа. Викала, викала.....сите се различни. Ти како што си имаш ризична бременост (ако не грешам), кој знае дали и ќе дозволат природно породување. Може ќе одат на сигурно со царски, порано малку од термин.
Честиткиии Јас многу добро памтам колку викав со првото и коа излезе баткото спремен за во школо голем ми беше се јасно. Ама еве ме со второ трудна така што очигледно сум заборавила
Јас на контракции глас не пуштив. Болката ја издржував. Дишев, а и немаше многу време и до пораѓај. Брзо се одвиваше цел процес.
Не боли цело време, на крај само малце со провокации знае да биде со неправилни интервали (кај мене така беше). Да викаш 4 саати само си одмагаш, рачунај колку е отворена, мене на 3-4 прсти горе ме качија веќе. Не гледај други, некогаш, или најчесто знаеме да си направиме филм за нас на база на нешто што сме виделе или слушнале, а за колку работи поима немаме. Не знаеш како ќе ти биде тебе
Не слушај други сите имаме различна толеранција на болка некој ќе рече одма се породил некој за 20 саати боли многу ама се изджува ние жените за тоа сме создадени ќе изджиш се опушти се ќе биде се во ред со лесно и со господ напред
Абе види, една во предродилна се дереше вриштеше си реков оваа тука се пораѓа готово. Доаѓа доктор, женава од паника си викала - Др и вика немаш ни контракции на цтг Јас не викав, и не памтам дека нешо екстремно болеше Од кога стварно почна да боли до крај имаше 10 минути. Се преживува
Многу клише муабет, ама слушај ме мене со тазе искуство Штом искочи бебето ништо не осеќаш, значи не верував кога ми кажуваа. Ама едно олеснување кога ќе осетиш ќе видиш. Инаку да , боли. Јас имав контракции ден ипол , после ми ставија епидурал и до 7 прста беше океј ама после.. Рачунај дека споро се отварав јас. Може тебе ил нема да те боли и може супер ќе поминеш Може и мене вака некоја жена ме слушнала и се исплашила кога раѓав