Не можам да дополнам во претходното па ќе имам две мислења едно по друго. Сакав да прашам, торба за во болница за себе и бебушки од каде купувате?
Треба да си носам посебно за мене, посебно за бебки, така? За нив не знам дали можам тие од количката што ни се, баш се така за алишта, пеленки и влажни па само за мене да си купам некоја.
Женски пред некое време пишав и договорив со една членка ама се предомисли да почне со sleepy така да памперсите ми стојат Пакет памперс премиум 2ка /46 парчиња + бекутан 2ка /20парчиња нови неотворени - двете пакетчиња за 500ден 66 пеленки за 500ден Купив повеќе а ги пораснавме пред да ги отворам веќе сме 3ка
Ве молам дајте совет како се справувате со коментари од страна за сѐ нешто? Затоа што пробувам да преќутам ама стварно сум со нервиве при крај веќе. Посебно најмалите атоми во мене се ежат кога ќе го чујам тоа "еве вие како пораснавте, вас вака или онака ви правевме". Да, пред 30години Мислам океј е, толку знаеле и сфаќале тогаш, немале ни толку лесен пристап до информации како што имаме ние во денешно време ама ако не сакаат ни сега да прочитаат како е и што се препорачува барем ќутете си, да користам застарени методи при толку препораки денес од ортопеди и стручни доктори ми е без логика. И така, дојдов само да се искажам/пожалам затоа што стварно го претераа веќе, а мене сѐ ми е на куп собрано и најмала ситница ме нервира.
Се договорив со една од девојките, па со паричките ќе си купиме пеленки за бањање за на плажа пошто одиме на одмор неделава
Нека си зборат ставај ги на игнор, прај си пак по твое. Ехе мене на почеток што се ми правеа па никој не слушав се по свое си терав. Еднаш им реков да знаеа баби да чуваат деца ќе можеа да раѓаат и сеа и толку од тогаш се послабо коментираат и кога коментираат се правам дека не слушам не ме додирнува ништо за детето што ми зборат. Знам сеа и со второто ќе си допуштаат со коментарите ама сеа уште построго ќе си ги вратам у место кај што треба да си седат.
Welcome to the club ..секој си дозволува се.. да кажува што да правиш во својот живот со своето дете ..итн посебно преселени од државава..умораздавање..педијатри неаме ние овде ..во 15 век сме останати...Не можам и јас да трпам веќе се ми е ..преку такво
Сега додека бев на патолошка имав посета преку прозор , и госпоѓата ми вика , знаеш ли сега колку пари ќе отидат во вода . Да да баба нејзина . Само и кажав за мое дете не фрлам пари во вода туку го спасувам. Така да секакви коментари имам околу мене .
Ццц, се изнервирав само што прочитав. Срам да и е, не треба ни да помисли такво нешто, а не па да го каже. Налет и пари и сѐ, најбитно ти и бебето да сте добри. Како сте вие сега, океј е сѐ? Гали меше и збори и на бебушка, ќе биде како што треба до крај
Добри сме , лежам . Пијам терапија , беба е помирна од инекциите за здреење . Треба да одам од Вторник за брисеви да вадам и уринокултура па на контрола. Знае така на бришење денес малку кафенко да се појави па ќе се смири. Не се замарај и ти за коментари , верувај од лошо полошо има .
Јас немам свекрва, само свекор ама со него комуникацијата ни е здраво како си, нешто треба да се купи и толку. Ама затоа ги има мајка ми и татко ми Некни и викам на мајка ми бебе не му треба перница само на рамно треба да спие,е како ние порано вака така. После на татко ми му викам нејќам пластики шишиња на почеток само стакло и ми вика е ти брат ти, братучедите јас не знам кој пиел од стакло ама нека се живи и здрави, тоа се нивни сфаќања, искуства. Утре ден и нашите деца така ќе мислат за нас и се во круг сега зависи што е точно муабетот ама ме замррувај
имам уреоплазма во цервикс и срептокока во вагина. Плус на сето тоа и болна сум вирус закачив со кашлање и нос течење
Дали некоја од вас откажала цигари во бременост и како? пушам електронски по скоро 1 кутија дневно.. Ми се смачи од повраќање и мислам дека некогаш и од нив повраќам…