Јас ги оставив ..многу ми се вртеше во глава и нозете ми се одземаа како паничен напад...вознемиреност ..катастрофа ама топ што се откачив ќе видиме до кога ..иначе пушев по кутија дневно
јас, пушев по 2 кутии скоро дневно и со првата бременост ги оставив скроз, па после пак пропушев, па кога останав пак трудна пак скроз прекинав... е како не знам да ти одговорам
Знам дека обично важи правилото дека вторите полесно се раѓаат и секако дека секогаш е различно, ама има ли шанси ако првото се родило неколку дена пред термин, второто сепак да надмине термин? Термин ми е нареден петок, ама некако никако не се чувствувам дека се ближи време за пораѓај @Трагедијаупмм мислам дека ти со второто надмина термин за некој ден. Со првото исто надмина термин?
Леле уште тоа ми треба не сум го слушнала ова Првото скоро 41 недела го родив едвај више ми се смачи сеа второво кога?
Јас и првиот пат ги оставив и сега еве пак. На психичка база ги оставам јас едноставно не можам да се помирам дека трујам бебе кое може да има којзнае какви проблеми. Имам преголема грижа на совест, ни алкохол не пијам иако знам дека по една чашка трудници си пијат. На почеток ми беше тешко без цигара сега веќе не. Гледај го како шанса да ги оставиш , ја се надевам нема да се вратам на нив. И трудница со цигара не личи кога ќе ја видиш лепотица со цигарата... Без навреда нели, кој како си мисли нека си прави се надевам ќе ти помогнам да ги баталиш
Јас што прашував жени вака во околина отприлика исто се пораѓаат, дури второто и повеќе го носат. Мојов е 41 со 300 перипетии провокации, ако чекам за ова сам да почне процесот мислам 42 ќе фатам. Може е малку полесно со второ (мада и тоа не мора да значи), ама порано да се раѓа мислам не
Тешко оди, контракции по неколку часа, стомак се спушта, но џабе, застанува процес. Денес утепувачка, изгледа го фатив вирусот како @mama11 , се ме болеше страшно, грло, глава, мускули, повраќање, блага температура, болка ужасна во гради и грб. Па почнав да си плачам дека болна ќе ја пречекам ќерка ми... Инаку, многу ме освежи Ургент Ц на Провен, алал да им е. Утре сум пак на преглед па да видам што ќе прави докторката веќе со мене Кај тебе како е?
Абер немам јас, полна 38 денес, оваа недела со првачето се преокупирав ми летна. Битно се го спремив за школо. Сега уште да си ја спакувам торбата за болница до крај и чекаме
Првачињата си ги подготвивме и испративме, можеме да здивнеме Леле ова со чекањево утепува скроз, јас 40+1 направив веќе... Може ќе ме престигнеш како сум тргнала
Исто буквално и јас. Од кутија на ден до ич во 3 дена од позитивен тест. Едноставно не ги ни мислам од што знам дека нема сега и готово. Не постои тоа за мене сега. Два три пати пати во некои ситуации ми дошло да ме фети кеиф, на плажа и сл, ама немам искушение. И се слагам дека трудница не ја личи со цигара. Се извинувам ако ова е предиректно...
Ајде ќе биде деновиве кај тебе, ти давам предност. Пиши што ќе направиш, сега често ќе одиш на лекар. Јас некако не се осеќам спремна сега уште, не знам. Мене детево ми настина од една недела во училиште, сега не сакам да го оставам
Ќе пишам Од вторник до петок имаше разлика на ехо, летаа некои бели точки во водата. Те разбирам, како поминува времево мислам се навикнав на ситуацијава и се чувствувам како да нема крај, како не дај Боже да нема да се породам Секогаш ние што имаме веќе барем едно дете ќе имаме причина што не мачи како да го оставиме "само"
Девојки како се справувате со стомачен вирус во бременост, тоест дали сте имале, мене ме исцеди од сношти и плус повраќање а досега од кога останав трудна немам повраќање, што да се пие освен пробиотик