Јас два пати поминав многу лоши стомачни, еднаш само дијареа еднаш повраќање само. Првиот пат за дијареа пробиотици, електролити, сува храна. А за повраќањето ми дадоа и реглан и фамосан. И двата пати инфузија примав тоа највеќе ме дигна..
Малку од малку се потсмири јас не повраќам ама желудникот ме боли, дали сеа ме боли и од детево што ми е наместено таму па клоца у желудник или од вирусов не знам ќе полудам. Градите и грбот ме болеа ми се плачеше нити да стојам нити да лежам нити да седам можев сеа ми е поарно. Пиј дарм флора пробиотик. Мене ми дадоа и антибиптик сеа ради леукоцитите што ми се покачени многу..
Ајде ќе биде уште малку издржи се ближи крајот... Прави тоа што кажуваат за да го убрзаш процесот....
Јас имав во август стомачен и завршив на инфузии.. Ништо не јадев само двопеци, банани и компири варени и печени. Пиј дарм флора и карбомед јагленчиња крши ги у уста и напиј се вода тие смируваат многу
Ми се подсмири малку проливот сега многу повракам, и водата што ја пијам ја повраќам, на итна несакаат ништо да ми дадат освен ако ми бил низок притисокот да ми ставиле инфузија, се исцедив
Јас пиев Локомотив сируп против повраќање што му го препишаа на детето и Наусолвит капки, двете на база на ѓумбир се. Инаку двапати го фаќаме вирусот за месец дена
И кај мене се смири повраќањето, само вчера беше, среќа помина. За болката во грбот и градите, синоќа многу ми се засили, па докторката ми рече да се напијам аналгетик со дијазепам 2мг, и за пола саат ми помина. Можно е да те шутира, бутка по желудник па затоа да ти е болката, често знаев да имам болка во желудник од бебето кога буткаше. Штом ти дале и антибиотик ќе се средиш многу брзо.
За докторите единствен начин да забрзам процес е да ми фукнат провокации, нешто од што најмногу се плашам. Ќе видиме до кога сметаат дека е безбедно да ме држат вака, после нека прават што ќе прават, само нека помине добро.
Мене така ми досаѓаа со првото и дали од страв од прпвокации или веќе му дојде денот во четврток се породив вечерта а у петок бев договорена за провокации Додуша и кога се пораѓав бидејќи брзо не се отварав една што ја познавав сестра само што ме качија у предпородилна кога ставаа брунела директно у вена ми стави провокација да сум се отворела одма после пола саат се породив...