На првата контрола во 6та недела ми даде да испитам, што значи сум проверувала прв пат во 11та недела. И на секоја контрола ми даваше да проверувам
Девојки/мамички во која недела почнавте со перење на бебешка облека? Јас сум крај на 8ми месец и прва бременост, да се информирам бидејќи не сум сигурна. На колку степени може да се пере сета памучна облека (шпихозни, бодиња), и дали стерилизиравте шишиња и сл. веќе овој период или е рано, дали треба да почекам од кога ќе дојде бебе.
Јас првиот пат ги перев во 8ми месец па после пред да се пораѓам во 38 недела ги преперував пак, сега не планирам порано од 38 да перам.... Прашина се фаќа само за џабе.. Си купувам некое парталче нешто ама си го кревам на страна не перам уште ништо 7ми месец сум..
Да, паметно, само прашина ќе фати па треба да преперувам. Значи да почекам уште некоја недела. Фала ти
Јас искрено ќе средам се 34та најкасно, шишенца и такви работи откако ќе се породам. Со првото 37ма точно се породив и да не ми беше средено не знам што ќе правев
36+ почнав да перам, до 37 имав испрано скоро се. На 60 перам. За стерилизирање, неделава 38+ стерилизирав тоа што планирам да пакувам за болница само да ми е спремно за во ташна. А и друго нешто ситно ќе стерилизирам, мада не ни имам многу работи сега зошто планирам да дојам. Според мене кога ќе влезеш во 36 полна треба да си се спремаш затоа што ако се случи да се породиш ќе треба друг да ти пере све и да ти средува. А јас не би сакала тие работи да ги препуштам на друг за бебето. Алиштата си стојат во плакар, ништо не им е.
Леле девојки, јас толкав апетит имам не можам да ви опишам. Се стрвам на се живо и диво и морам под итно да почнам да се контролирам. За некој ден влегувам во 9та недела, до сега освен осетливост на мириси, гадење на моменти и замор немам ништо друго фала богу, не сум ни повраќала. Али ова со хранава не е на арно, ќе се тркалам ако продолжам вака. Како да си помогнам, help.
Јас никогаш немам испитувано ни во бременост ми спомнале дека мора да се испита. Имав школска бременост а сум 36г.
Пак јас со прашањата околу мрдање на бебето. Пред два дена имавме фамилијарен настан кој беше доста исцрпувачки, со гласна музика и доста замор. Денес бебево (21 недела) душата ми ја извади - шутира на сите страни. Кога не го осеќам се загрижувам дали се е ок, ама и ова исто ме загрижува. Да не го имам истрауматизирано со гласната музика? Дали треба да бидам загрижена што е толку активно?
Немаш потреба да се грижиш, може му била музиката некоја стимулација ама ништо страшно после па ќе се смири некој ден ќе се мислиш што е.. само ете не внесувај плус шеќери уште толку да прави журка
Па рано ти е, ќе видат по постелката ако има индикација за да испиташ порано сигурно ќе ти каже матичната.
Мајки дали да земам од овие суплементи 28+5 сум... Докторот го барав на одмор е.. Немам пиено витамин Ц А магнезиум земав ќесички.. Од пренаталните Прегназон земав имам уште лента и пол па сакав да сменам.. Утрогестан навечер пијам од 200мг и Метилирана фолна а ама од вчера главоболка малаксаност дали декс време ќе менува незнам јас како претепана сум.. И патем од која недела се влегува во 8ми месец..