Јас бев за првиот и вториот во Ремедика, презадоволна од др Афродита, и кај др Симонида да закажеш нема да згрешиш, стварно посветуваат внимание и се што гледа го кажува на глас, плус еден куп сликички
38 полна недела, бебе карлично. Дали би чекале докторите да се сврти или би ме породиле царски конкретно за Чаир. Ако ме чекаат, до кога? Или ако ме погодуваат царски во која недела прават царски? Дали би можело бебе да се сврти пак?
Здраво, ако може некој да ми каже дали резултатите се во ред? Бремена сум 28 недела и 6 дена. Фала многу
Може да се сврти, до кога би чекале не змам, ваљда до 40та недела, до термин Нели ако не искочи дека мора царски, сепак како и да треба ќе си биде се добро, не му ја мисли и царски да е.
Здраво девојки, Мислење за овие резултати? Примам SiderAL Folic, но веќе два месеци крвта ми е 110-112 а железото е ОК и сега матичниот предлага SiderAL Forte, појачана доза. Дали има подобра опција за терапија според вас, искуства? благодарам
Јас пијам сидерал форте и така ми е отприлика хемоглобинот со него зошто се мислиш дали да го почнеш, мислиш на нешто појака терапија да ти треба? Јас мислам да пробаш чисто ради тие другите параметри да видиш дали ќе ти ги покачи па ако не бива да бараш после тотхема или нешто друго
јас кај др Симонида идам, читав некој во темава пишуваше за кај др Афродита прегледите траат по пола час, кај Симонида мне е така за 15тина мин е готово така да одбери си сама, јас мислам др Симонида е постручна бар вака од зборување од искуства. @bokace1
јас имам добар хематокрит а хемоглобин и ер вака како тебе ниски, ниту матичната ниту др од Ремедика не ми даваат терапија за железо. Мислам дека не ти треба посилен лек ако вака ги оддржуваш
Искуство со др. Снежана Стојковска Булиќ за породување и водење на бременост? Докторката била во Ремедика а сега е во Систина
благодарам девојки, Само сакав мислење да чујам од други пример можеби нешто друго што сте пиеле повеќе помогнало, за да пијам такви. а леукоцитите нормално е што се 12.4? Претходните 2месеци беа околу 10.5 Или нормално е во бременост ова? 23та недела сум
За хемоглобин не се пие сидерал форте, се пие метил б12 1000мг и метил фолат 1000мг и вит ц 1000мг . Зошто да даваш појака доза на железо кога не е потребно, супер е желзото, само треба да се врзе. Ако имаш испиено три месеци обичен сидерал. Почни со другиве, ако немаш испиено три месеци пиј ги комбинирано заедно.
тоа доктор не ми го кажа Пијам пренатални Novalac и Sideral Folic, тоа е се, сега само сака да преминам на Sideral Forte и мене не ми е јасно зошто за хемоглобин даваат суплементи за железото а тоа е добро, не ми е јасно стварно.
Јас буквално цела бременост ја поминсв со 11,3 хемоглибин а железо супер ни еден доктор суплименти не ми даде
Здраво девојки, 32 недела сум. Одеднаш пред еден саат почна да ми се заматува видот и да гледам точки како ми прелетуваат пред очи. Се измив со ладна вода, се напив кока кола и малку се оправив. Но сега почна силна главоболка. Притисокот ми беше 96 со 67, јас и вообичаено имам низок притисок. Дали да одам на ургентно или да почекам да помине главоболката некој саат па ако не помине тогаш да одам? Матичната ми е недостапна во моментов за да ја прашам, затоа и вам ви се обраќам за насоки. Да напоменам дека го осеќам бебе си мрда особено откако ја испив кока колата. И вакво нешто со ваква силна главоболка прв пат ми се случува откако сум бремена.
Па незнам да не ти се мешам ама прашај и друг доктор. Некои се врзани за препарати не размислуваат трезвено а и несакаат даа си го мачат умот.Ама тоа треба да им е јасно кога што треба да дадат. Имаше и др членка тука исто и пишав и во консултација со друг доктор продолжи само другиве витамини. Не е препорачливо и мн високо железо, значи мора да се дадат други суплементи што ќе влијаат на хемоглобинот, затоа што железото е добро.