Девојки, во 28 недела ми се угуши бебушот. Еднорога матка дијагноза. Прва бременост. Ве молам пишете дали имате вакви искуства? Има ли шанси второто да го износам до крај??? Очајна сум
Сочувство! Имам искуство со загуба на бебе во подоцна недела, не конкретно со таков проблем. Само да ти испратам прегратки и поддршка, знам колку боли. Се надевам дека во иднина ниту една нема да го доживее ова и дека што побрзо ќе добиеме живи и здрави бебиња. Ќе веруваме дека се случуваат чуда.
Не можам а да не искоментирам во последно време ,само некои чудни имиња , фала богу некој саглам име да даде на дете . Честито
Честитки!! Јас за мојата незнам неможам да е одлучам.. Ина, Софи, Лана, Лара, Искра, Маја, Магдалена... Ама многу ми мава умот на Софи.. Тоа име го засакав уште кога бегав од училиште кај мајка ми во градинка донесоа две близначки Лина и Софи толку беа мали чудо невидено... Со Софи многу се приврзав и реков ако имам женско ќе се вика Софи.. Ама не сум само јас да одлучам за жал..
Ете, чекала името да си го носи. Да сте здрави и живи. Пиши како помина кога ќе можеш да не окуражиш нас со слична судбина
Многу ми е жал…Имаше една членка мислам дека беше со иста дијагноза само не ми текнува да ја означам. Ако се сетам ќе ти пишам, само знам дека имаше повеќе спонтани и на крај роди бебенце пред некоја година кое го износи скоро до крај. Најди некој специјалист со големо искуство што би те следел, консултирај се и пред бременост. Моја препорака е Др Котларова во Ремедика. Колку што се сеќавам и членката што ти пишав одеше кај неа. Биди силна Едит: се сетив @Thinkerbell. мислам дека беше со таква дијагноза, ако не ја згрешив со таг.
Мислам 30та недела. Јас го правев во 28ма затоа што сум трудна со близнаци.Ти препорачивам да одиш кај др.Симонида Котларова во Ремедика.
јас имам малку поразлична матка од нормална, имам разговарано со др Котларова на таа тема уште пред година и она ми даде насоки како што да се прави, побарај ја за консултација. Многу ми е жал @Јона
@Јона искрено жалам за загубата, мислам дека @Kala22 беше со еднорога матка и си го износи бебушот до крај ќе ти сподели искуство...
Ви благодарам на сите за честитките, Господ со убавини да ви враќа. Името навистина и било судено За сега ќе ви кажам две работи, првата е дека немаше абер и мораше со провокации, а втората е дека епидуралот фатиииии Ако успеам вечерва, ќе ви пишам се во породилни, за да ве охрабрам вас на кои ви доаѓа редот.