Јас пред месец дена го чистев плакарот. Имав алишта уште од пред првата бременост а тоа се ххс и хс. Ги гледам си викам божее колку сум била коски и кожа. А алиштана нови некој еднаш облечени, сега гледам кај да ги донирам, пошто не планирам да се вратам на ххс. Што викаш во м сум супер, уствари нешто помеѓу С и М би било идеално
Кренав температура 38 и никако не симнувам повеќе од 37.5. Бев на лекар ми рече само парацетамол на 6 саати смеам, некој бабин лек чаре ?!скоро 37ма сум, не знам што вирус е ова
хахаха јас сепак сакам да се вратам на С подоле не мора, а во икс ес ќе се напикам ако треба само да си облечам некои алиштаа најмногу ги жалам фармерките хахах.
Кога зборувате за килажата веќе, јас и тука пишував цела бременост дека глава не можев да дигнам од лошење и повраќање и киселини, значи од почеток до крај буквално се што ќе ставев во уста, ми правеше да ми биде лошо. Изгубив апетит скроз и гледав да јадам само колку да не сум без ич. Едвај, едвај издржав до крај и се здебелив само 2,8кг, фактички слабеев на некој начин. Фармерките од пред бременоста до крај можев да ги закопчам и освен некои хеланки труднички, ептен да не сум без ич, ништо не сменив од гардероба. Стомак едвај имав, додуша и висока сум јас, ама онака, стомакот ко грубо 6ти месец некаде ми изгледаше. Малово се роди 3700гр и 53цм Многу ми е смешно, уште не ми се верува. Јас не знам како порасна толкаво и каде било напикано Утре си одиме дома и баш ме интересира колку кг ќе покаже вагата и во кое бројче облека ќе влезам Само ме фаќа страв да не се фрлам сега на јадење, да наплатам за тие 9 месеци нејадење
Пишто сум срцка во брзање и недочитување сум зела фарба со амонијак а што е најтрагично не ја зедов фискалната . 18-та недела сум .На мислење сум да ја искористам…..што мислите вие ?
Девојки ми треба ваше мислење. Оплодувањето ми беше во Плодност, и се до тука за преглед одев кај нив за 2 дена влегувам во 10 недела, за прв скрининг закажав во систина пошто ми е мн блиску Скопје одколку Битола 3 саати пат во еден правец башка патот ич не го бива, па зборот ми е дали морам да продолжам со прегледите понатака кај нив во Плодност или можам да си терам и кај матичен или некаде каде што ќе ми биде поблиску, дали има некоја членка како мене па да ми каже како е понатака кај нив, дали те обврзуваат да мораш да одиш кај нив пошто таму те оплодувале
Што дишеме деновиве не верувам дека фарбата е поштетна. И јас решив да се фарбам веќе на човек не личам пола коса бела пола кафеава пола плава. Ужас
Девојки јас сум 17та недела, досега си одам кај матичнава и сум задоволна. Но планирам да се пораѓам Плодност, и се мислам да одам на неколку прегледи претходно чисто да се запознаам да одберам доктор. Многу ми го препорачаа д-р Владко Ѓоргиевски. Што мислење имате за него за пораѓај за царски? Инаку се размислувам и за вториов скрининг да одам кај него настрана од на државно, што мислите, дали некоја правела кај него? Дали има некој бенефит од скрининг и во Плодност(пример подобро ехо)?
Може звучи малце смешно, ама пробај натопи чорапи со оцет и облечи ги. Исто и облоги (крпа натопена со оцет) ставај на чело/образи. Разладува, освежува. И јас бев со температура пред некое време, покрај парацетамолот, со ова се ладев. Да помине побрзо
Здраво 12та недела сум ми останаа уште 2 таблети од Фемибион 1 да ги допијам и може да земам 2ка? Од 13та недела е Фемибион 2 изумив да ја прашам матичната..
даа можеш слободно и во двата има фолна, во 2ката имаш плус омега. Јас првиот триместар пиев редовно, после почнав преку еден ден, ми се случува некогаш и два дена да не пијам. И баш ја прашав др вика ако си јадеш разновидно немаш гајле
Лелее идентична ситуација. Гушки до тебе, знам како се чувствуваш. Ќе ти пишам, само да се соземам малку