Честитки драга. На интензивна кај проф. Софијанова се е во најдобар ред. Незнам кој Ве води ама целиот тим е одличен. Поминавме и ние една недела на интензивна и една на неонтологија. На интензивна имаше многу предвремено родени бебиња за кој мислам дека сите си поминаа во најдобар ред , само е потребно време. Така да само трпение и верба
Честитки и од мене мама Живи и здрави да сте... Те следам од почеток дека заедно почнавме и заедно тераме. Ич да не се секираш ќе биде се како што треба...со првото кога се пораѓав со мене имаше во соба една мајка исто така малечко беше си стигна до 1900 во инкубатор и ги пуштија и знаеш уште што девојче беше, девојките се храбри, силни, така ќе биде и со Дарија. Дедо Боже е голем . Поздравче. Чувајте се и дедо боже да ве чува
Dali kandidata vlijae na poragajot ? Dali mozi prirodno ili so carski treba za da ne se prenesi na plodot ? Dr brisevi se okej site ama kandida imam od pocetok na bremenosta...
Бев 36, мирно беше цтг, ми рекоа во 38 да отидам исто беше мирно цтг ама имав индикација за царски и ми закажаа царски за во 39 недела
Јас ја имам оваа бременост цело време, кажав на ГАК, рекоа педијатрите да им се напомене да го следат бебето кога ќе се роди, царски не спомнаа.
Прво, сакам да им честитам на сите мајки кои се породија во изминатиов период. Да ви се живи и здрави дечињата, да сте живи и здрави и вие со нив. Второ, 9+5 сум и се размислувам дали да го сменам матичниот гинеколог. Одам кај д-р Оливера Арнаудова во Деметра Медикал, жената е многу фина и се е тоа ок, ама некако последниве два пати кога бев откако дознав дека сум трудна многу беше некако изгубена, полу присутна, спомна дека се спрема за свадба за ќерка и па можеби ради тоа беше дефокусирана. Ништо посебно не ми кажа, на се што ќе ја прашав многу кратки одговори ми даваше без многу детаљи и објаснување, некако ради реда беа прегледите а јас сакам да одам кај доктор кој што ќе биде детален и ќе ме води сериозно и професионално. Дали некој од вас водел бременост кај неа па да споделите искуства? И би ви била благодарна ако ми препорачате стручен и солиден гинеколог, пошто сум плус со пејсмејкер па сакам да бидеме во добри раце и јас и бебе. Сега додека е д-р на одмор бев на преглед кај нејзината замена - д-р Личоски во Јане Сандански. Искрено многу убав впечаток ми остави, ми посвети време и ми објаснуваше... на мисла сум не знам што да правам...
Мајки !! Дајте нешто страна совет од каде да порачам онакво пластично за чување на алиштенца и се за бебето... Немам толкав простор за гардероби и големи работи...
Никола ми е матичен неколку години, односно 7-8. Ок доктор е, искусен. До сега ми нема направено некоја утка, како кажал, така било и за бременост и кога имав полип минатата година. Последнава година сега оваа бременост на моменти како да се гасеше, некогаш е супер, некогаш ти дава впечаток дека не те перцепира што му зборуваш, зборувам за односот, али во глобала си тера се по протокол како е пропишано за бременост, не скока испитувања итн. Само имам мала замерка кон него за кога ќе имаш бактерија, само лупа антибиотик, без пример локално вагиналети, има доктори даваат по шема.. Исто кандида имам цееела бременост, не ми кажа да земам канестен ниту еднаш, а секретот ми е од нејзе. Може не смета дека ќе има ефект, ама ете така во таа ситуација кога ќе ми излезе на брис нешто, не осеќам дека некоја стратегија има, освен орален антибиотик. Ете ако се мислеше за него, во глобала искусен и ок дијагностичар за мене, само на моменти отсутен. А може и сите имаат такви моменти, сепак се луѓе..
Јас сум кај Кокоромановска, задоволна сум, внимателна е, иако мислам дека сите работат со некакви протоколи и не ти даваат превентивни испитувања (кои би спречиле белја, а ги научив овде) без да имаш индикација.
И јас сакам да ја сменам матичната ама здравје одкако ќе се породам. Сега сум кај др. Надица ПЗУ МАМА.
др христина во ферти клиника, темелна е во се, сите испитувања прегледи лабораторија ги дава на време
После секој преглед бев со прашалници во глава секоја работа ја кажуваше беше половично кажано и не знаев дали е добро или лошо тоа што ми го кажува. Кога и да ја препрашав пак не добивав конкретен одговор. Кога има гужва гледа само да поминат сите што побрзо. Не ми е многу посветена иако има знаење. Можеби е такава станата затоа што е пред пензија не знам...
Од скопје си така? Гинековита др Сузана ја сум задоволна втора бременост ми води ако воопшто примаат нови