Јас кај д-р Надица сум била само еднаш на преглед, кога се сомневав дека имам инфекција затоа што имав симптоми. Чекав саат ипол за да бидам примена зашто во исто време бевме закажани 3-4 жени. Прегледот беше со брзина на светлината, воопшто не беше заинтересирана за муабет, рече ќе ти се јавиме кога ќе стигнат резултатите. После три месеци стигнаа резултатите… never again кај неа.
Да да често се случува и ова. И не е достапна многу за пациентите се иде преку сестрите како расипан тел.
Дали вие што носите женско, престанаа да ви растат влакна на нозете? Јас не можам да се начудам каков благодет е да не мораш да се депилираш. Екстра естроген е чудо!
Не знам дали полот на бебето има врска. И јас имам женско и мене ми се намалија влакната во бременост ама не се секирај ќе си се вратат пак после пораѓај.
Нема врска полот на бебето. Скоро прекинаа да ми растат влакна, ептен ретко, заборавав кога сум ги депилирала. Ама затоа сега...
Мене Личоски ми е матичен, јас паралелно терав прегледи и кај него и во Ремедика, секогаш детален, не се брза, ми објаснуваше по пола саат нешто ако прашам, секој преглед исто беше. Знае да е уморен при крај на смена ама нема да пропушти ништо. Едино што ехото му е постаро, ама и сам си кажува, тоа што треба да го види се гледа, само нема сликички и останато.
Јас си поврзав дека мора да е од бременоста, пошто не може туку така одеднаш баш сега да немам влакна, а цел живот ми растеле за 2 недели А депилаторката ми рече, дека носиш женско затоа, и си го прифатив така
И те како има врска полот. Со женски ради повисок естроген влакнатоста се намалува, со машки ради тестостеронот се зголемува. Јас сум со две женски и намалената влакнатост ми беше една од најдобрите работи во бременоста. Буквално од почеток до крај освен интима никаде влакненце немав. Како бебе ќе излезеше, така влакната за една недела се враќаа.
Јас носам две девојчиња и воопшто не ми се намали растот на влакната, а го читав тоа и претходно по други теми и баш се израдував ама ништо.
Две другарки што беа трудни со машки исто немаа влакна во бременост. Секако естрогенот кај мајката е зголемен без разлика на полот на бебето.
Правев брисеви сите се уредни само кај брис од вагина пишува нормалната микрофлора е редуцирана. Треба нешто терапија за ова?
Во првата бременост, терав со месеци недепилирана нозе, раце, пазуви пошто преспоро растеа.. Сега мислам дека после два дена ми се израснати џабе се депилирам. И двете се машки..
Јас второ машко и не ми растат како претходно. Со првото не памтам ама мислам бев повлакнеста. Мене па ми викаат дека машко нели и неговите хормони се подудираат па као наводно оно ќе е повлакнесто
@EarthFire две ќерки имам,во првата бременост не приметив,а во втората на рацете,надусници абе влакненце немамав,на нозете исто тек тук по некое.. Од бременоста е уживкај си,оти после се враќа во нормала и тоа