јас правев пренатален во 11, направив и приска затоа што секако ми земаа крв за други работи ама баш ништо не ти кажува приската буквално систем пресметува според статистички податоци
па меки се, убав е материјалот. Само не се многу високи (не знам дали треба уствари повисоки да се во стомакот) има и како каивче со копче за попуштање во обем. Во гтц има само црно и тегет
Пак јас. 37ма недела, имам чешање по цело тело без осип, навечер што ми смета да заспијам или ме буди од спиење. Почна последнава недела, ме натера ѓаволот да се едуцирам по интернет па читам нешто за холестаза. Дали некој има слична ситуација, дури наредна недела сум на преглед
Јас пак со прашање. Кога почнавте да купувате ствари за бебе, како количка, креветче, облека и се што е потребно? И дали може да ми кажете конкретни продавници, како се со цени и слично? Верувам дека се е прескапо ама чисто да сум во тек, сигурно има продавници со поразумни цени. Ние сега ќе почнуваме со реновирање дома, па да си направам некој план како да ги терам работите. Thank you
Дали и на вас ви потекуваат непцата во бременост? Многу ми станаа осетливи секој пат кога ги четкам забите крварат, дури е и многу непријатно
Da i mi tece krv od niv i mn mi se poteceni lakalut pasta za zabi i meka cetka ke pomine koa ke se porodis
и мене на периоди ми се, а при четкање често крварат. Стоматологот ми рече од 2триместар тоа е веќе очекувана промена. Зошто јас имав потреба од интервенција и ми кажа може мн да крвариш, средства за плакнење можеш да користиш без алкохол само. И пиј витамин ц
Мене ми се појави такво чешање по цело тело во 33 недела. Неиздржливо беше Само миење со млака или поладна вода и мачкав Еуцерин крема, за неколку дена се намали чешањето
Мене во 27ма ми се појави такво чешање, претежно на дланки и стапала ама и низ цело тело. За да бидам мирна си проверив преку крв во авицена..
Јас во 30та недела почнав со купување. Следев кај има попусти па така ги купив основните работи. Количка и креветче од Локо кроко, душек и корито со постоље од bebehome. Цените не ги знам, а и сега може да не се истите.