Леле некако ич не сум мирна од вчера, а и неспиена некако од вчера осеќам како послабо да е активно бебето. Имам закажано контрола следна недела ама ме фаќа малце паника дека е викенд. Не знам дали е нормално некои денови да е понеактивно. Мислам ми се имаше случено два пати по два три дена исто вака да осеќам ама се беше добро фала богу. Денес нешто ме фаќа страв повеќе
Почнав да пијам, ми измерија и грло, и тоа е во ред, нема никаква промена. Исто и јас се случува да неможам ни да одам. Само ми кажаа повеќе да одмарам и тоа е се.
Ако имаш испитано се и се е во ред, само опушти се не мисли на тоа, не биди во исчекување секој месец и кога најмалку ќе се надеваш ќе биде Мене ни едно ехо до сега не ми било вагинално. И оваа бременост (30та недела сум) ни првата. Имав вагинален преглед само да се види дали е грлото на матката како е. Сепак тоа зависи и од доктор до доктор ама не дека е морално вагинално да те гледа или па само абдоменално.
Пред да одам на преглед сега на 15ти, истото ми се деси. Од 19та недела е баш активна и осеќам убави удари, но 3 дена пред прегледот ја немаше скоро ич, многу ретко ја осеќав. Се си беше во ред на преглед, ми рече докторката да не се секирам да се напијам кока кола благо и дека ќе мрда. Веќе од утредента пак си се врати на старите денови. Така да веројатно и они имаат мрзеливи денови
Да, нормални се. Во тие недели осеќав и голем притисок ниско доле непријатен. Сега повремено исто ми се случува ама ми рекоа ако нема крварења да не се грижам било ширење на матката и притисок на органи. Поздрав
Еве и јас ќе ти ја раскажам мојата приказна. 6 години се обидувавме за бебе, се беше во ред ама никако не бидуваше. Терапии, инсеминации.. ништо не помогна. Во тие 6 години ни се случи и преселба во странство и помина многу време додека ги направат пак сите испитувања што ги имав направено во Македонија. На почетокот на годинава случајно седев со една девојка и ми вика дај да ти ја прочитам наталната карта, си викам ајде зошто да не. Ми виде дека во октомври ми биле најпогодни денови за зачнувањето ама тоа требало да биде помогнато од доктор и дека се ќе се финализира во 2026. И си реков супер, ајде да пробаме ин витро во октомври, штом така викаат ѕвездите. Се опуштив, се посветив сама на себе, редовна во теретана, си слушав медитации. Медитирав тогаш најмногу да се поврзам со матката, иако тоа може звучи смешно, ама јас можев да замислам дека секој орган ми се лечи, обновува само за репродуктивниот систем никако. И секоја вечер и се обраќав на матката дека ја сакам, дека и верувам и ја поддржувам. Ме интересираа и повеќе детали за астрологијата и си зборев понекогаш и со ChatGPT, поставував прашања за плодни денови, кога е најповолно за бременост, иако во глава ми се вртеше ин витрото во октомври. Ова се се случуваше во рок од месец и пол, кога приметив дека ми касни 7 дена. Ми беше страв да направам тест за да не се разочарам, ама пак и си реков, што ако не дај боже има нешто, подобро е да се открие на време. Направив тест и добив две црти. Тотално збунета. И еве ме 15та недела. Се надевам се ќе биде во ред до крај. А, уште нешто заборавив што ми помогна да верувам и дека кај мене ќе се случи бременост е не бев веќе разочарана кога кај сите се случува бременост, само кај мене не, туку почнав да мислам аха ете манифестирам бременост, значи следна сум јас Се надевам на некоја ќе и служи мојата приказна и наскоро ќе се придружи во групава.
Јас рејнбоу почнав од 16 та недела си купив креветче имаше попуст пред нова година во бебесуперцентар ок цени, класично креветче со душек 200евра. После 17-18 нед си купив количка во Белград и тогаш купив од икеа од таму некои раб. И се средив до 25та све. Сестрами ми даде доста работи, ама ете мене така ми беше работава од 25та бев бед рест.. се породив 32ра. Гледав финасиски да не ми е товар све одеднаш на крај и да купам поскапо. Гледав на попуст.
Направи хсг да се види проодност на јајцеводи и следи фоликули на доктор да видиш баш кога е овулација и дали е задебелен правилно ендометриум може ќе треба малку помош со некои витамини додатоци да се подобри ситуација. Може малку е работата. Што имаш друго испитано?
Преточно. Имало периоди кога се осеќав како сама да сум со бебенцето и дека никој не ме разбира, сака.. Дали се хормони или некогаш. стварно така доаѓа не знам. Ќе биде добро
Ги земам и хормоните во обзир ама мислам дека не е само до тоа. Посебно кога треба да мируваш и сите ти викаат "ајде, одмарај сега, ко кралица", а ти се осеќаш толку само, мизерно што немаш сила, а и не смееш ништо што вклучува напор да правиш и осеќам ко само мојот живот да застанал, сите си излегуваат, работа, дома, си бркаат други обврски, а ти иако ги имаш само лежиш, мируваш и секој ден ти е ист како претходниот. Не сум тип што се жали, не ни планирам со некој друг да го споделам ова, само на маж ми ама не сфаќа во целост и мисли дека малце повеќе драматизирам. Ќе биде добро секако, период е и ќе пројде, како и сѐ до сега
Devojki, Vie sto ste sp carski poragaj dali nosete mider poslrle poragaj I kako go sredivte stomakot?
Јас тетра ќе купам нови, многу ги искористив тие што ги имам од првото. Постелнини имам неотвотени за него, а бањарка исто ќе земам нова зошто уште си ги користи првото мала разлика ќе ми се децата. Од друга страна кога ќе одиме кај мајка ми таму бањарките ќе се заеднички од првото исто и постелнина. Битно да се исперени.
Душа. Потполно те разбирам и воопшто не драматизираш. И јас бев во потполно иста ситуација. Лежев од 16та до накај 7ми месец. Исто ми беше. Сите ми викаат уживај си лежиш немаш гајле. Ама уствари никој не ги сфаќа стравовите што доаѓаат со тоа. Дали бебето ќе биде океј, да не се отворам, дали може да ја изнесам до крај. Беше април, си отварав прозор и гледав надвор. Ептен некогаш на тераса излегував . Лежење по цел ден. Ги гледаш сите како уживаат а тебе ти се заврзани рацете. Знаев дека тоа е најдоброто за моето бебе во тој момент ама сепак многу бев дистанцирана од се во тие моменти и тоа ми создаваше тага и бес. На мм бев цело време лута, за глупости. Он си идеше на работа нормално јас по цел ден сама никој врата да ми отвори. И он ми викаше не е ништо страшно ништо не ти фали ама јас се изедов жива. Знам дека е ужасно. Јас се занимавав гледав серии.Последно знам ја гледав Wednesday, ептен е лесна не ме тера да си го замарам мозокот а тогаш таква ти треба.. Инаку не сум сега многу во темава, не сум те прочитала зошто си на бед рест? Ако ти е нешто за скратен цервикс, лежи обавезно ама да те утешам декс јас цело време краток на крај 3 провокации не можеа да ме отворат. Ако сакаш некогаш со некој да направиш муабет слободно пиши ми
Help.. Од вчера сум затната до тој степен што и глава почна да ме боли,не сум спиена ич како што треба. Прснав аква марис baby ама ништо не ми помогна.. Можам ли нешто друго да користам? 13+ сум.
Инхалации, оној џебен инхалатор со еукалиптус помага моментално само.. лепенките детски за одзатнување исто со еукалиптус.. викс смеело да се намачкаш да те одзатне