На извештајот може пишува 30 клексани, ама на фискалнс и на сметкопотврда колку е пишано на тоа рефундираат. Во Велес јас носев извештај од болница од специјалист гинеколог, фискална со сметкопотврда, рецепт од матичен и одзади пишани датумите кога сум ги примила клексаните со печат и потпис и фотокопија од трансакциска. Еднаш имав земено 28 клексани на извештај беа 30,ми рефундираа за 28.
Гледај 10-12 часа да не си јадена вода може да пиеш слушав некаде им викале вода да не пијат исто така што не е нормално
и јас се изненадив дека бараат и копии и ме вратија, особено затоа што на нивниот официјален документ од фондот не пишува дека се потребни копии
а додека сте на темава со клексаните, дали некоја порнесувала со електронски извештај од трансфузилог без печат од клиника?? првите извештаи јани ми ги пишуваше таму и имав печат, а последниот ми рече ќе ти го прикачам на мое здравје матичната ќе ти го даде и сега на тој неам печат, уште неам поднесено и се мислам дали ќе ми направат проблем
мора печат, јани така прави, очекува да си го испринташ извештајот што стига кај матичната и да отидеш кај него кога е амбуланта да ти стави печат
да, за образецот зборувам дека никаде не е наведено дека се потребни копии од сметкопотврда и фискална
девојки здраво, сакам да ве прашам, дали е нормална болка да се јавува во пределот на грбот, плешките, под нив лево десно безразлика во 25та недела? Кога стојам на работа или седам во неправилна положба поизразено е. Исто и половината од десна страна како вкочането ми е кога менувам положба како некој нерв да прерипне да се фати нешто.. Искуства? Масажи дозволени се?
Ве молам за мислење. 22 недела сум, и последниве 2 недели доста често чувствувам притисок за во тоалет, дење/ноќе. Некогаш и само 3 капки имам за уринирање, ама притисок чувствувам врз мочен меур. Правев уринокултура случајно да не е инфекција, не е тоа. Ноќеска станав 5 пати во 2 часа. Во едно станување, после бришење и при миење раце, имав како ептен мал млаз по ногата ми течеше, и на гаќите поголема капка. Не можам да се сетам, во тоа ноќно бунило, дали сум се "домочнала" после станување од шолја, или е можда плодова вода. Немам болки, немам ништо. Утре сум на преглед па ќе прашам, ме интересира само ваше искуство?
И кај мене беше без печат ме вратија ама ми кажаа дека може да стави и матичната нејзин печат па така и направив. Од се треба да си имате копија кога носите документи за клексани.
Здраво, дали доколку се направи Панорама НИПТ има потреба да се оди на приватно за прв скрининг, или доволно е само скринингот кој го прави матичната?
Според мене да си одиш на скрининг кај специјалист, не мора да е приватно. Матичните по правило не прават скрининзи.
Јас правев на ГАК, тие за кај што има термин се претпоставувам квалификувани за тоа. Ели Николовска Ѓоргиевска ми правеше прв скрининг, јас и приска правев, пренатален не. А по приватниве Димчев Систина го фалат, Котларова Ремедика, нека кажат искуство тие што правеле за таму.
Мораш прв скрининг, мн работи се гледаат и мерат. Јас бев и државно (каде ми најде термин матичниот, прв бев кај Данева ГАК) сами ми направија и приска и тест некој за прекламсија и приватно Др Афродита Ремедика мн стручно и убаво ми објасни све. Втор бев кај Кочоски државно, и пак приватно кај Др Афродита. Направи све што ти следува државно и приватно ако можеш супер.