22 + 6 Ме исплаши сега јас не ни знам што да очекувам, ниту пак знам како изгледа да имаш лажни контракции.
Мене ми е прва бременост 30та недела сум и врска немам како изгледаат лажните. Некогаш ми се стврднува стомакот ама болки немам, а за неправилна форма немам приметено. За вистински ми кажа дека е рано.
Па тоа се лажни. Кога се стврднува стомакот онака баш како топка тврд и тоа проследено со некое чудно чувство, не се болни ама како притисок, како грч, не знам како да објаснам. Неколку секудни, минута и пушта полсе. За не правилна форма вањда кај сите е различно, може варира и како е бебе наместено
проверени брисеви и уринокултира, се е чисто. Па на едното ехо 35мм вика топ, на другото 32мм аааа веќе на граница.
Како стврднување на стомакот, неколку секунди. Уживај и да ги имаш затоа се лажни, јас 39+1 се породив
Мене Симонида ми викаше во тие недели да не е под 2,5. Мене ми беше 3цм во 22 недела ми рече не мора ништо ама ми даде утрогестан по еден да ставам зошто ме знае дека сум паничар. После на секој преглед ми го мереше, си стоеше 3цм. 39+ се породив. Прати го почесто и слушај ја докторката.
и мене ме знае дека сум паничар, прво почнав топ, сега секој втор ден и пишувам и ме теши само хахах. Ја слушам и и верувам, она ми рече на 3недели да доаѓам па си викам сигурно знае што прави.
Истото и мене ми го кажа баш сега во 23недела, мене ми е 3.3, ми рече слободно шетај, пешачи, вежбај итн. Не знам зошто се секирате, никаква терапија не ми даде. Сега ме зачудивте
Посебен случај сум јас сама си ја прашував може ли ова да пијам, може ли она да испитам. И она ај као, не треба ама земај. Тежок пациент хахах
мене сама ми рече по два утрогестана од 200мг и по два магнезиума и плус ферона ама тие уште ги немам земено. Ама секој случај различен
Нема врска ништо од тоа. Кај мене беше 2 недели напред, па демек беше како што одговара за неделата, па пак 2 недели напред па правев скриен шеќер немам ништо едноставно бебето е поголемо.
Дали некоја од вас имала искуство со крварење во 20 недела? На два пати од сабајле имав кафеаво на бришење, се плашам да не прокрварам. Беба ја осеќам си мрда, немам никакви болки, лежам одмарам.. Не сум во можност да одам на лекар бидејќи сум во странство
Мерките кај мене воопшто не се погодија за толни. Ден пред пораѓај ми ја мереа 3300 максимум, се роди 3880. Дека има голема глава за 3 недели повеќе, детево малечко главче скроз се океј.
Ова со главата ме потсети на сестра ми кога и кажаа дека главата на бебето е многу голема, не била во размер со телото, за на крај да се роди најнормално бебе и еве ја сега девојка, ништо не и фали. Некогаш се чудам на докторите.
Девојки кога бебиња се свртени со глава доле со газе горе каде ги осеќате ударите? Под пупак или над? Мојов господин е со главата горе со газето доле и ударите ги осекам над и во висина на пупак. И за колку време ви се свртеле со главата доле т.е да се наместат за природен пораѓај?
Да не креваме паника, но обавезно оди на лекар. Крварење во таа недела може и да не биде добро и да е поврзано со кратење на цервикс.
Мојава беше со глава доле ниско, гз у десно ребро а со нозе ме маваше лево некаде измегу ребро и пупак висината... значи како подковица свиткана па кога ќе се натртеше со тоа газот, па се пика у ребро.. мислам дека уште ме боли од тогаш