30та недела беше свртено со глава долу, 32ра карлично, 34та пак свртено за природен пораѓај. На ГАК ми рекоа дека има врска прворотка и второротка и дека за второ до покасно може да се врти.
Девојки може ли некоја да ми дефинира што сакаат да кажат со новоста за безболно породување која од вчера кружи за на ГАК од 1.10. Дали значи дека сите ќе добиваат епидурал? Според коментариве ДА
Јас ги осеќам над пупак. Мислам во 8ми се свртеа со главите надоле и така се уште може дека немаат веќе простор за мрдање
Сега ја отворив емисијата и слушам, ДА! Браво ако е вистина за секоја пациентка да може да добие епидурал!! Кажа дека ќе почнат исто од 1.10 со часови за психофизичка подготовка на трудници, еднаш неделно. Може ќе се најде на некоја.
Се соочил ли некој со вакво нешто? Во неделата почнав да повраќам и имав дијареа, температура, дехидрирав, за среќа се среди брзо, утредента почнав да кашлам, кивам, нос да ми тече. Сабајлево еве пак дијареа. Не знам каков вирус е ова, дури ми е страв.
Ако добро разбрав те прашуваат дали сакаш анестезија или не. Едино рекоа дека доколку некоја жена веќе се отворила и сметаат дека нема време за анестезија ќе се породи без неа. Јас се пријавив за вежбите чекам да ми се јават да кажат од кога како ќе се почнува. Многу се мислам за пораѓање каде. За жал не можам да си дозволам приватно тогаш Ремедика би ми бил изборот. Да споделите мислење и искуство за ГАК и Чаир. Исто и за царски слушнав може да се договориш ако сакаш, па и тоа ми се мота низ глава. Малку сум во хаос а времево некако лета 30+5 сум.
Илиевски во Чаир за прв скрининг добар ли е? Или не знам некој од ГАК? Многу пари ми се во Ремедика 6100 го качиле од пред 2 години нецели..
Дали на блек фрајдеј имаат попусти по бебешкиве продавници за крупни ствари-количка, креветче, итн? Си викам, дали да почекам ако може да има попусти тогаш
Има цело време некои акции на одредени производи, почни да ги пратиш. Ние купивме креветче мобилно, после некоја недела над 1000 денари попуст имаше..
Мене ми беше на стомак, само "вагинално" ме виде како и дали ми е добро зараснато доле кај што бев сечена
Вагинално, и по правило треба да е така, за убаво да те види дали и како напредува раната доколку си природно породена.