Не доев воопшто со првото, месец дена поминав низ пекол, 5г подоцна уште сум истрауматизирана. Затоа ако знае некој точно што треба да правам ако не доела од некоја причина нека каже..
Од тие ми е страв, мислам толку ме изреметија првиот пат со таква нервоза... ама ако нема друго тоа ќе е.
Моево ич не ти треба за информација само трауми ќе ти направам... читај по групите за доење таму најдобро ќе најдеш правилни совети.
Јас не ги пиев првиот пат, не ни имав нешто многу млеко, го сопрев "природно", со молзење, со жежок туш и за 4-5 дена се среди. Е да ми текнува и тоа, јас капка млеко немав додека не се прибрав дома од болница. И мислам и ќе немав млеко ако не ми стискаа гради, ако не го ставав бебето. Нели као со царски породените треба да се стимулира за да надојде, не било како со природен пораѓај. Мислам ич ако не го ставиш на града, да видиме дали воопшто ќе надојде, ако веќе надојде таблети. Друго чаре стварно не знам.
Јас природно бев после 3 4 дена дојде ама што викаш со редовно на града, молзење и се тоа .. може нема ни да ми дојде ќе видиме. Фала за инфо не знаев такво нешто дека постои, бар да знам да прашувам
Кај мене за да не надојде млеко дека се породов 19 недела ,гинекологот ми даде достинех.Пак мораш да се консултираш со док за како да ги пиеш.
Јас сум веќе 35 недела. Така планирам, да не го ставам воопшто на града. Најверојатно царски ќе бидам, па ќе пишам баш. А ако веќе само од себе надојде млеко ќе пијам што и да треба, ама пак тој хорор и терор не планирам да го преживувам. Плус овој пат нема да користам породилно отсуство, во најкус можен рок морам назад на работа, што само ќе почнувам, па ќе престанувам. Па ненаспана ли ќе одам на работа за пусто доење. Уште имам трауми, бебе плаче од глад, јас од болка, околината осудува немајка. Од доктор, сестра до баби, свекрви и тетки совети непобарани. Па најјакото беше до 40 дена барем да цицало. Па јас будала се мачев непотребно.
Здраво женски ја продавам Лала перницата за трудници, не е користена ич, со две навлаки, едната не е ни отворена. Цената е 2000д со се двете навлаки, пишете ми пп.
Јас неповикана одговарам ама и јас имам тежок однос со доењево.. Млеко ми надојде одма , и млеко супер. Се тоа океј ама јас немав брадавици ич. Ама буквално ич. Кога не пуштија од болница бебка имаше жолтица. Спиеше цело време и не можеше ни да ми извлече од градите ништо. Се мачев 5-6 дена. Брадавиците ми беа крвишта, ланолин мачкав џабе. Пие она, мене крв ми тече буквално. Пред секое доење плачев се трескав. Грозници ме фаќаа зашто она не ме исцицуваше а немаше кој да ме подучи за пумпа. На прва контрола детево не напреднало ич. Докторката ми рече ако имам да се измолзам па да и дадам од шише, ако не на ад, зашто и за неа е премногу небезбедно што дои од такви крвави брадавици. И дадов од шише два дена , после тоа не сакаше да пипне града. Сега е 1 ипол месец скоро, сеуште имам млеко да се измолзувам со пумпа и да и давам. Иако е поголема и посилна, ја ставам на града ама нема што да фати, се лизга плаче. Искрено ско имам друго дете некогаш, мислам дека нема ни да пробам да ја дојам, чисто за да не осетам такви болки пак. И не , не драматизирам тоа беа страшни болки. Ама кај секој различно, цимеркста моја прво дете брадавици огромни како си цицаше ич не ја болеше, сеуште се слушам со неа и супер и е. Доењето е прекрасно за да се споиш со бебето емоционално , ама за жал можам да кажам дека мене ме одалечуваше, се плашев кога ќе дојдеше време за доење.
Уф, стварно се надевам дека нема да мораш да поминуваш низ такво нешто. Кај мене беше се на куп, млеко прво немав, што е и нормално, па ме тераа да стимулирам рачно и наеднаш ми надојде премногу, градите ми беа полни со грутки и тешки и врели, а бебе не исцицуваше скоро ич. Не смеев да се пумпам, за да не се направи дополнителен проблем, само бебе да цица и јас (уствари маж ми ме масираше) да масирам додека цица бебе, да ги отпуштиме каналите. Туш пред секој подој за отварање на каналите, павлака после секој подој, за затварање на каналите. Лош фат, крвави брадавици, сето тоа мислам ме болеше повеќе и од самиот пораѓај. И како капак на се, бебе беше со подврзано јазиче и не качуваше на килажа. Моравме да го мериме бебе со маж ми на вага и да запишуваме, по 4 пати на подој на секои 2 часа, за да утврди патронажната дали воопшто исцицува нешто. За мене многу тежок период, без поддршка од патронажната и нејзините насоки, немаше да успеам никогаш. Месец дена ни требаше за да влеземе во шема со доењето, после тоа си го доев до негови 14 месеци.
Ќе кажеш дека не сакаш да доиш, побараш достинекс да ти дадат. Инаку чисто за инфо, и мајка ми со мене поминала низ пекол, со мастити, рани, инфекции, триста чуда и не ме доела ич, ама брат ми (помал од мене 4г) одвај го откачи на 3 години од доење, вика песна беше од прв ден. Сакам да ти кажам, ништо не те кошта да пробаш, природен процес е доаѓањето на млеко, барем додека си во болница ако видиш дека не оди, ќе прекинеш. Секое бебе е различна приказна. Она па кога ќе речат сѐ е до упорноста на мајката, ми се превртува во стомак.