31 недела, притисокот ми е низок цело време 90 со 60 ретко ми се качува до 110 со 70. А протеини како се испитуваат преку крв посебно нешто треба да побарам?
Здраво, пишав и во други групи ,ајде и овде да прашам за искуства. За сите оние со висок притисок пред трансфер,дали менувате одма терапија ( со Метил допа) после трансферот или понатака?
5 дена пред трансфер да се навикне организмот на новата терапија. Прво по една на ден, а потоа мерам и ако имало потреба зголемувам. Секогаш така сум правела
Фала да сте здрави и живи . Еве да пишам и тука, се породив царски, овој пат за жива глава не сакаше да излезе бебуш. Убаво буце 3700, ама јас не функционирам за сега и не можам да го видам убаво. Мајки што раѓате со царски, вие сте херои најголеми ! (Пошто јас и двете ги искусив)
Се пие отприлика 6 дена по едно апче на ден зависи од состојбата на градите ама ако не го ставаш нема да имаш проблем тоа додека си во болница гинекологот ќе ти објасни
И јас не сум во Македонија. Ама лековите тука се горе долу исти како кај нас. Гастрогард земав летово кога бев во Мкд, ама тоа беше катастрофа. Сега сум во таа фаза од се да ми се повраќа, буквално. Ако првиот триместар можев да трпам некои јадења, сега ништо. Јас очекував подобро ќе ми е ама изгледа полошо станува.
Јас цела бременост ја поминав така, со лошење, повраќање, киселини страшни, од прв до последен ден, некогаш таква е бременоста и не можеш ништо да направиш. После тоа проаѓа се. Нели старите викаат - со коса ќе се роди, штом има киселини мајката Никогаш не сум верувала и уште не верувам во такви бабини деветини, ама богами со коса се роди моево Тие од дм ако ги најдеш, помагаат колку толку и чај од камилица. За гадењето, цела бременост пиев Xonvea, помагаа колку толку, ама одат само на рецепт (ова во Германија, не знам дали ги има насекаде).
Јас пак ќе пишам тука за мислење ако некој случајно има искусено вакво нешто. Од завчера премногу ме заболе кичмата и левата нога дури до вкочанетост, неможам да седам, ниту да стојам ниту да лежам. Едвај ме прегледа докторот, ми ставија инекција кетонал заради силни болки. Несмеат повеќе со таа терапија заради здравјето на бебето 16+5 сум. Целата лева нога ми трне до прстите ,преку облека го гледам пулсирањето на мускулот и вената и боли. Штом почнам да се движам одма почнува да трне и неможам да одам. Се сомневаат на некој фатен нерв или притискање. Дали некој има одено на некоја масажа дозволено ли е ,прашував една женичка што масира ми рече несмеам бидејќи си бремена. Незнам што да направам веќе од болка...
Нема врска киселинатаа со косата Јас немав многу киселини, неколку пати само, ама мојава колкава црна коса има Мислам дека повеќе е колку притиска и како е наместено бебчето.. За киселини мене ми помагаше сув леб да јадам и непечени бадеми.
За непречено бадеми знам дека помагаат ама мене ми се повраќа и од нив, вкусни ми се ама после 5 мин ми е лошо. Едино што ми помага сега за сега се пуканки ама не можам само тоа да јадам. А ноќе ништо не помага.
Од каде купувате облека за трудници? Приметувам дека фармерките и панталоните ми стануваат се потесни, некои едвај ги закопчувам а повеќето воопшто не ме собираат и останав само со 2 пара ама и тие наскоро нема да можам да ги носам. Панталони, фармерки, хеланки од кои сте задоволни и од каде?