Нагло нè фаќа зима, почнува сезона на грипови, не можам крај со крај да фатам што е дозволено, што не е. Банални работи (што сме ги мислеле бенигни) искачаат не-ок. На пр, земав 3 пастили АНГАЛ за грло во 2 дена, па ми текна да прочитам упатство, пишува "не се препорачува". Чатгпт вика, нема докази за штетност, само да не се претера. Дали сте ги консултирале вашите гинеколози за ОРЛ лекчиња за настинки/вируси, што дозволуваат?
Здраво женски. Дали некоја од вас патувала 18-19 недела со авион? Саат еден е летот, уредна бременост, вежбам постојано(активна сум ептен), исто така сум втора родилка. Имаѕе ли некој совет можеби некои чорапи за компресија и слично што помогнале да биде уште полесно? Фала ви
Еве ме мене пак. Денес отидов кај матичната викам да видам и она што ќе каже. Ме прати уште денес за киретажа, го измери дека е помало, сакусот бил лош, ко да се суши, да ме исчистат бидејќи денес крварам малку повеќе. Одам во чаир, 2 доктори, 2 сестри, прво прашање- близнаци во фамилија имате? Викам ама што ви реков пред 2 дена? Итфрлив парче, дојдов на преглед празна матка гледаат потоа ми рекоа тука е уште. На толку различни мислења и со исфрлено парче што личи на ембрион ви реков мислам дека сум имала две! И ми вика има 2 јолкс, почеток на близначка бременост. Дур сега гледаат втора кеса. Не го разбирам дали подоцна се развива таа, дали има ембрион и во неа, што се случува воопшто не ми е јасно, мислам и они се многу збунети. Матичната па 1 саат пред прегледов кај што викаат близначка бременост, не виде ништо. Двајцата доктори се согласија штом до сега не се чуло срце да се даде шанса уште некој ден, да наполнам 8 недели, може послабо се развива дека близначка бременост. Го исплакав и се збогував неколку пати, неколку пати излегов од дома за киретажа и се враќам. Ме истоштија ме уништија ама веќе губам надеж.
Јас летав 20та недела, ништо поразлично не носев се си помина најнормално. За чорапите сум видела советуваат за подоцна во бременоста,меѓутоа ако имаш потреба земи си
Те читам цело време и многу ми е мачно за сите трауми што ги имаше до сега. Но, тоа мало душиче изгледа сака да живее. Почекај уште малку. И се надевам ова ќе ти се последни трауми. Ти ја пуштам цела среќа
Јас ти препорачувам да отидеш СИСТИНА- Панчевски, Димчев, Ивановски... се молам за убави работи да слушнеме следно
Девојки на колку време може да се пие Парацетамол? Ме боли некој заб и цела лева страна ми е како укочена..
Која недела си? Пред месец дена бев околу 24та недела, имав бактерија во увото и неиздржливи болки, докторот ми дозволи да пијам бруфен, земав блокмакс од 200. Ама сепак прашај си
Уфф не знам за трет триместар, знам дека и тогаш забрануваат лекарства. Сепак прашај дали смееш да пиеш нешто освен парацетамол. Јас имав неиздржливи болки па го пиев на 6-7 саати.. со лесно о се надевам дека брзо ќе помине
Кога ќе се напијам или каснам нешто (без разлика што е) имам жарење во грло и дури болка меѓу плешки позсди во грбот. Дали е ова од рефлукс?
Јас имав таков проблем, само што мене ме гореше и желудник и хранопровод, и киселината ми одеше во уста, навечер не спиев воопшто и на крај на своја рака земав фамотидин, ама само еднаш. Во аптека ми кажаа им го давале на трудници. Читав и не најдов негативни ефекти, а во Македонија е забранет кај трудници. Искрено ме спаси таа една таблета. И сега имам киселини ама не е толку лошо. Побарај совет од лекар, види што можеш да земеш. Инаку да, можно е да чувствуваш болка и кај плешките.