На неколку наврати поназад во темата имам пишувано за Waya Stop Reflux ќесичките. Дека на страна од тоа што се поподносливи од таблетите за џвакање, имаат сосема друг механизам за спречување на киселините во желудникот (механички начин, за разлика од таблетите за џвакање кои се полни со сода бикарбона и кои по хемиски пат пробуваат да се ослободат од киселините во желудникот). Кога содржината на ќесичката ќе дојде во контакт со киселата pH средина во желудникот, магнезиум алгинатот формира гел. Во меѓувреме, карбонатите ослободуваат јаглероден диоксид, кој му овозможува на гелот да се подигне и да создаде чеп, што преставува физичка бариера која го спречува рефлуксот (враќањето) на желудочниот сок во хранопроводот. Ова е причината зашто Waya ви се поефикасни и зошто се побезбедни за трудници.
Нема на што, мило ми е што успеав да ти помогнам На крајот од бременоста киселините се најјаки, така што штом тогаш ми делуваа неколку часа да спијам без проблем, знаев дека ќе помогне и на вас што сте поназад Инаку да, малку се гаднички ама се трпи.
и јас денес планирам да ги земам, чисто да пробам. Киделини немам секој ден, така на два три дена ама да си ги имам за кога ќе ме спукаат ептен
женски, ради мутација др ми рече да пијам метилирана фолна и б 6 и б12 е сега незнам дали и бит.б да е метилиран што сте пиеле и од што сте задоволни? кој бренд?
Јас пиев Прегнатол. До 12 та недела. После преќинав. Ама бев со аспирин од пред бременост секој ден, до кај 34-36 та недела.
Од брендот Now. Сега земав Б12 100 пастели се околу 1000 денари, на соглар 30 пастели беа 1050.. Ми рекоа да ги држам под јазик за подобро да се абсорбира. А за Б6 навистина не знам, во принцип до сега од брендот Now сум задоволна.
Девојки здраво Бремена 32 + 3 од завчера наваму спијам како баба меца во зимски сон. Само што ќе легнам, седнам заспивам. Нормално е ова или...
Здраво девојки. Колку се очекува да бидат отчукувањата на срценцето во 5+6? Докторот ми рече дека е околу 80, ниско било, но со образложение дека може е рано. Читав сегде дека треба да биде мин 90/мин во таа недела. Многу се плашам да не има проблем, а дури за две недели ми е следниот ултразвук… имате ли позитивни приказни со ниски отчукувања? Анксиозна сум и се плашам дека ќе слушнам лоши вести
Мене тогаш не ми ни кажуваше колку е.. Само дека има. Многу е рано, не се вознемирувај за тоа.И знам дека е тешко ама, НЕ ЧИТАЈ. Дури на прв скрининг ми кажа колку е отчукувањето. Јас прв пат срце слушнав накај 6+3. Пред тоа сеуште немаше.
Фала ти на одговор, малку ми олесна! Ќе пробам да не читам, ама мозоков ми е 100 на саат и тоа е лоша комбинација со телефон у рака..
Немој да се оптоваруваш со тоа. Бебенцето е многу мало и нормално е да биде така. Јас дури слушнав срценце во 8ма недела. Докторот воопшто и не ми спомнуваше за тоа колку се и колку треба да се отчукувањата. Опушти се, најмалку стрес и лоши мисли сега. Гали меше и уживај
Некогаш ми се повраќа од некои мислења на доктори. Катастрофа е мал збор. Мила, отчукувањата ти се во нормала за 6та недела и ич да не се плашиш. Јас воопшто тогаш не ни знаев колку се, а првпат слушнавме срценце 6+5. Уживај, гали меше и не мисли дека се ниски отчукувања, дека воопшто не се.
Знам како е . Иста бев ама мој најискрен совет е немој. Што повеќе читаш тоа полошо за тебе и секогаш ќе испадне нешто ново за да размислуваш. Многу е мало, премало. Има срцева реакција и тоа е одлично
Хоуп, кај мене плодот беше од старт како поголем за една недела и на 5+ некој ден да не те лажам, ми вика матичниот нема срцебиење не е тоа добро 6+недели одговара а нема рекација вака така. А продолжен викенд идеше и бев кај др докторка и она го виде на ехо како трепка, вика има ама мн е мало за ултразвукот (вагинално рачунај) да го детектира. И после продолжниот викенд бев више 6+ и бебе како за 7ма недела големина и тогаш слушнав срцебиење. Ама да не отидев кај Докторката мн бев под стрес, тешко ќе поминев викендот. Примаш нешто терапија прогестерон? Јас би отишла на уште едно мислење да не си под стресс не е добро за почеток од бременост, ако си Скопје Ремедика можеш Котларова или Афродита. Може више да се тука на работа, мислам гледав на фб на некој семинар надвор од држвава беа. Или некој др доктор за уште едно мислење и да се смириш
Мене во 6та недела ми кажаа само дека има срцева акција, има срценце. Тек во 8ма почнаа со мерење на отчукувањата, без звук. Во 12та дури го слушнав срценцето.