Некои доктори стварно без потреба ќе направат паника, како да не знаат како да се однесуваат со пациенти.. знам дека затоа и не препорачуваат многу рано да се праи ултразвук, ама пусто за да се смири психата, се отвара некој нов проблем… Не живеам во Мк, но може да отидам на второ мислење неделава, се надевам ќе успеам да се смирам и спасам од негативни мисли Не примам никаква терапија, освен суплементи. Ми рекоа да прекинам прогестерон штом ми потврдија позитивен тест пошо телото само произведувало (ради бетата што расте). Последно коа проверив откако прекинав (за да си ја смирам психата) ми беше 110 цело време само паничам, а на крај сите резултати добри.. ама второ ивф ми беше ова и доста стрес си набилдав. И да не го забораам стресот за да немам стрес.. ништо, ќе мора поише позитивно да се тера! фала ти многу за одговорот
Мислам повеќето почнуваат да мерат во 8ма, ама некои доктори само ќе напраат малце паника безпотребно фала ти на пораката
20+4 сум, многу почна кичма да ме боли во последниве неколку дена, не сум поправена па тоа да ми прави проблем. Има некој слично?
Здраво, дали некоја на последните брисеви во 36та нрдела била позитивна на. GBS и како го решивте тоа? Со антибиотици пред породување или со инфузија пред самото породување?
Искуство со тест за гестациски дијабет со покачен резултат на гликемија после 1 час? Дали ве следи матичен или ендокринолог, дали ви кажаа да се боцкате дома да проверувате гликемија после оброци? Кој ги регулира овие работи?
и мене многу ме боли од 21/22недела. Не можам на моменти нит да седам, нит да лежам, ужас и секој ден така се гура. Еве веќе 27ма тоа е
Здраво ме интересира дали некоја жена се соочила со несоница во бременост јас сум на почеток што се вели 3 недела само што дознав дека сум трудна но неможам никако да спијам.Значи више така проблеми со спиењето имам може 2 години но имало периоди кога и ќе спијам кога и не но сега богами незнам што е никако да заспијам или самонпто ќе заспијам се будам целата како под стрес под страв незнам како да се тресам и неможам пак да заспијам.А да појдам на психијатар одма антидепресиви но не сакам да ги земам ќе пробам така,бидејќи пие пре година ипол 8месеци исто беше и со нив и без нив и незнам стварно ме фаќа паника како ќе виде тие 9 месеци така без спиење незнам ни јас самата страв ме фаќа... Затоа дали има некоја со проблем исто како мојот да ми сподели искуства позз
ми личи дека на психичка база ти е несоницата, ако нејкеш да одиш на псих пробај со б6 можеби колку толку ќе те олабави. Исто пробувај во тек на ден да де измориш убаво, пешачи, тоа и за тебе и за бебе е добро. Во овој период најмалце стрес ти е потребен , ќе најдеш начин да ја победиш несоницата верувам ❤️ која недела си сега?
Оооох утеха.... навечер највеќе осеќам непријатна болка, преку ден сум таман. А за две недели свадба моја ќе имам... невестата ќе ја напушти свадбата така ми стои
Цела бременост патев од несоница. Во консултацијансо двајца гинеколози, Б6 и чај за добра ноќ пиев. Колку толку спиев. Откако се роди беба, повеќе сум наспана. И нема да ти дадат антидепресиви, пред се немаш некоја ситуација страшна за бремена да пиеш. Пробај со Б6 и чајот. Ама консултирај гинеколог прво.
Докторот што ме водеше рече антибиотик пред породување, матичниот гинеколог не сакаше да ми препише затоа што по протокол било инфузија пред самото породување. Се снајдов да ми препишат орален антибиотик и среќа што го послушав докторот што ме водеше затоа што се породив експресно брзо, немаше време за инфузија.
Те разбирам, ама еве јас да не отидев на 4 недели само што направив тест може и ќе завршеше поинаку мојата бременост.Имав болки цел ден (ми викаа нормално е сите блиски) и отидов виде сакус све и му кажувам имам болки вика ај седни на бокс и вика ама ти крвариш и вади само памукчиња со крв, направив бета беше негде 980 што беше океј и мислам ете терапија прогестерон одма мирување и се среди работата. Сум за преглед, зошто 8ма недела е доста период за ако има потреба нешто со терапија да се делува. Зошто се помалку нормални бремености без терапија имаме за жал. Смири се, одмарај и пиши како ќе поминеш на следниот преглед
Фала што сподели! Многу ли крвареше и колку време? Добро е што си реагирала на време… Мене вториот трансфер од првото ивф ми беше со низок прогестерон на граница, и покрај тоа што бев со контролиран циклус, заврши неуспешно. Овој пат правев цело време анализи приватно, за да следам параметри, и дали дека имав свеж трансфер, се’ се одвиваше одлично со хормониве. Досега не сум имала крварење, а болки као за добивање од време на време и кратки. Мирувам поголемиот дел од времето, со домашни обврски и по неколку прошетки на свеж воздух Ќе пишам штом отидам на следниот ултразвук
Tretta јас пијам еден чај од (мелиса)мислам дека на македонски треба да е од матична не дека спијам и од него ама малку колку да задремам 5.10 мин а јас си го пијам сама не сум прашала доктор бидејќи читам на интернет може по еднаш на ден и се будам одма автоматски и незнам како ќе биде до крајот...само молам Бога се добро да биде и да заврши