На гинекологија ми рекоа може нане и камилица ама да не се претерува. Кога имав бактерија во мокрача пиев чај од брусница. Можеш да си правиш компот од овошје свари си јаболко слива Дуња и пиј си мед.
Јас се решив за породување на ГАК рано ми е ама пак имам намалена плодова вода па да се спремам со време. Да ми препорачате доктор за породување. Јас немам поим од имиња уште помалку да знам дали се добри или не па би била преблагодарна да ми кажете предлог.
Нане може, камилица не се препорачува на почеток на бременост зошто може да предизвика крварење. Едит: не видов дека даваш одговор за 33 недела. Моја грешка.
Немам и јас искуство, здравје декември ми е терминот. Мислам дека сите доктори се пишано, па распрашај се и со лесно
@Giinna како си? На мисла си ми.. Што направи на прегледот? @hannybanny Мене ме породи Калчовски. Ептен е смирен ја у ненормални болки све и свашта му изнавикав ,он ме теши , после му пишував и за задравување. Ми се јавуваше додека бев таму. Сега што имав тежок пораѓај не е он крив. И да напоменам дека беше екстремно внимателен за вагинален преглед со рака, од сите други многу ме болеше.
А ме интересира само, зошто мислиш он не е крив. Болките беа дека немаше епидурална? Он целото време ти даваше инструкции како да дишеш и кога да напнеш, ти не го слушаше или како? Чисто за споредба да си направам ми е прашањето
Јас не се отварав. Се пораѓав буквално три дена со три провокации. Имсв епидурал веќе последниот ден, цела државна ја превртевме за да ми стават не можев веќе. Тој ми кажуваше се , ама јас немав сила. Немав јадено ден ипол ни испиено капка вода, зашто имаше шанса да ме стават на царски. Јас го слушав него ама џабе човек веќе немав сила ни да трепнам. Детето се заглави у каналот ја бутам не знам ни да бутам веќе. Мораше да ја извади со вакум за да не се угуши недај боже.За државна имам пренегстивно мислење , ама докоторот не ми е крив што ми беше таков пораѓајот искрено. Единствено што можеа многу порано да ме стават на царски ама таков им бил протоколот демек да чекаат до последно.
Веројатно тука е крив докторот што те малтретирал толку дена, знам ми текнува те читав.. добро во мои очи е он крив што си се измалтретирала, таму на нив сме оставени ама ајде било прошло. За споредба чисто, во ремедика примена во 18:00 со пукнат водењак, ми рекоа сабајле до 09:00 ако не се отворам и не тргне одам на царски. Јас барав одма епи, не сакаа толку брзо да ми дадат демек поспоро било отварањето ќе завршам на царски ( како закана им беше да ме исплашат со царскиот, мене па гајле ми беше). Ама 3 дена да им е протокол да чекаат за царски, докторот си знаел он требал да процени него ај...
На него му пишав ноќта пред да се породам. Инаку ми се сменија 3 доктори и сите беа со ист став имаш супер карлица и побрзо ќе оздравиш природно.Не можев веќе инаку веќе немав фатено врски за пораѓај. За жал така ни е у државата. После со епидуралната ми беше полесно. Да не ми беше таа сигурно ќе идев царски зашто ми ставија некоја ептен јака провокација и сто инекции.... Не сакам никого да плашам, ама провокации никад веќе само ако стварно треба ко во мојот случај.
Престанало да се развива од последниот преглед. Негде 6та недела е, јас сум 8+2, срце немаше, др едис кажа лошо му изгледа самиот ембрион. Втората јолкс не ја виде ама вчера исфрлив некакво парченце,може тоа било. Утре сум на киретажа. Не го планиравме ама ете се господ така планирал па се израдуваме, после не едно него две па пак се понадевавме ама сепак планот бил поинаков
Да, само што тргнав да ви пишам. Фала што ме помисли. Моите најубави ќеркички се родија во саботата, во 35недела. Заплакаа и двете, имаа солидна килажа за близнаци и добија добри оценки ама сепак се во инкубатор, фала му на Господ, стабилни. Јас поминав малку трауматично, се мислам дали ќе го споделам искуството да не трауматизирам други, дури вчера почнав да се стабилизирам. Таков однос никој не заслужува, посебно не во ваков период кога си најранлив и те дрмаат хормони. Не знам, пресреќна сум и преблагодарна на Господ што се родија живи и здрави, што дотуркавме до тука и што нема поголеми компликации ама луѓе, срце ме боли што ги гледам така, толку се мали и совршени, а мораше животот да им почне со боцки и прегледи цело време, наместо со наши гушки и сигурност. Еве, сега се враќам од таму, не ме ни викнаа прееска, грешка сме се разбрале, мислеле дека така не сум дошла, а баш чекав да ме викнат. Си плачам од како сум тука, сега кога ги видов пак си липам и само се молам да бидат добри до крај и да си одиме дома за да надокнадиме за ова изгубено време.
Мене ме породи Иво Каев посветен ок се ама груб при преглед со рака исто таму мн ок е и Данева види во друга тема породување во државна и чаир таму има повеќе мислења
Како себе да се читам исто ми направија ама па барем природно се породив башка и големо дете те разбирам ама се се заборава тоа е
Е дури сега се уплашив малку со ова што го читам.. 33+4 сум и докторот рече полна 38 ќе ме породувал со царски .. Немам страв од операции ама сега малку како опето ми се виде со пишаново..
@Amelia. Да се живи и здрави другарките Не се секирај ќе пораснат ехее. Верувам дека било тешко посебно ако си на Гак ко што зборевме.. Мисли позитивно, гледај си ги девојчињата,ќе пораснат гоолеми не се секирај Траумите се тие , се ми е јасно.Ќе имаш мноогу време за гушкање и галење, сега е битно да бидеш силна мама и за нив.
И ти на ГАК со траума? Леле да се соберете овде и една колективна тужба на тоа стоката. Само колективно може да се успее, сам по сам ќе најдат начин да уќуткаат една... Не знам, јас би тужела и би барала да се преиспита се тоа што направило пораѓајот да биде стресен за мене и бебе... Многу се нервирам кога ве читам, како не им е срам
Мене познат доктор на Гак ми кажа дека бебето ми има циста на мозок и сиг има аномалија. Ми исчита број од личен телефон каде да се јавам за да направам тест за хромозомски аномалии. Отидов кај Димчев и Афродита и ни еден не виде циста Направив тест ама не таму каде што ми рече, и се испадна океј на тестот. Детето ми е здраво. Е сега што да мислам? Финтава беше ај оваа млада детиште е нека иде да фрла пари на фирмава кај што соработувам? Или?...
Или тоа или толку знае да види циста. Како не му се врати да ти ја заокружи на ехо сликата цистата што веројатно си ја измислува. А тоа дека сите др зимаат процент дали државно или приватно, да, ама да манипулираш со такви рабори безобразие. Јас, не бев трудна, ама кај оној матичниот Цветановски не знам ни пациенти како има и дали уште останаа пациентки на кои им нема правено биопции и дадено матична млеч од познати негови..