Ми ја сликна на сликичките. Кога ја видоа докторите се смеат викаат па ова е дел од мозок. Се плашам од стручноста
Фала најмногу, да ни ги чува на сите Господ децата, само тоа ќе кажам. Не, што е најтрагично во Чаир сакав и така и бидна. А сакав за да немам трауми, сите ми ги фалеа. Со Државна имам индиректно искуство и не сакав ни да стапнам таму. На прсти се бројат тие од тука што сум задоволна, сестрите од предродилна, анестезиолог една постара жена и шок соба се катастрофа, па и тоа е мал збор за нив.
Здраво девојки, Имам прашање во врска со белиот исцедок. 27ма недела сум и го имам секој ден во не многу големи количини и без мирис или друга боја. Дали е ова нормално? Брисевите на почетокот беа ОК и чисти, и тогаш имав бело-прозирен исцедок секојдневно од самиот почеток. Матичниот за секој случај ми даде канестен вагиналети (3 дена ставав) и пробиотик за вагиналната флора за пиење докај 29-30 недела превентивно. Дали и други се соочувате со ова и дали претставува проблем? Имате искуства со пробиотик Lactogyn капсули? благодарам
И јас имам исцедок, прилично доста, од почеток на бременост и еве уште, 32 недела сум. Пробувам да не носам дневни влошки ама кога сум излезена или за на работа морам... Кога зборам со докторите тука (не сум во мк) секогаш ми викаат дека е нормално и нема место за паника се дури е белузлав и без мирис и немам дополнително чешање.
И јас имам цело време. Кажав на матичен правевме брисеви излегоа негативни ми даде пробиотик за вагинална флора. На клиника исто им кажав два пати ми даваат вагиналети на природна база. Првиот пат ништо вториве од утре ќе ги почнам. Јас веќе мислам дека е нормално и веќе не се ни замарам а на почетокот си замислував секакви глупости
Во целиот процес се потпирале само дека бебето е ок, и не многу марат дали ти се мачиш или не. Што викаш ај еден ден не иде отварање, више др ден ако не бива да не страдаш толку и да се истоштиш требало може епидурал или царски да идат. Ѓабе е све кога немаш сила неможе да излезе само.Незнам и да дошло до царски требале да ти дадат храна и вода да имаш сила. На ПИН во три ипол недели што бев може 30 жени ги породија и јадени и пиени. Има терапија реглан, фамосан. Чепче и ајт со здравје. Мене јас јадам во 10 во 10 и 20 на операција ме однесоа. Ни чепче ни бутур, бебе беше мн успано и тахикардично. А цел ден такво беше, и таа Ирена толку неодлучно човече. Да дошле др ден Самарџиски и Симеонова па да се видело што ќе се прави со мене. И дојде една докторка незнам како се вика дежурна , вика што е ова ај пак цтг, стај рингер нека јаде нека се продвижи. Све направив и исто цтг и вика оваа Розе спремај сала и две мин и толку, само се јавив на мм и порака на сестрами и во сала. Таму толкав распад систем е, многу време горе бев и во предродилна неколку дена.
Подолго време ќе ги пиеш пробиотикот? Ваљда не е штетно? Пошто и јас ќе ги пијам 2-3 недели превентивно...
Девојки, сакам да прашам дали има простор за грижи, да сподели некоја ако има искуство. 33+4 сум, веќе 3 дена осеќам долу нелагодност, притисок, како да ќе добијам. И тоа трае да речиме 80% во денот. Денес бев до кај докторот ме провери рече затворено е, бебето е ок, цервикс 2.5. Нелагодноста продолжува, прочитав на интернет дека 2.5 е долна граница. Дали треба да се грижам? Нареден преглед ми е во понеделник. Во август ми бил 3.5.
Реков ако се одлучам за второ некогаш ќе си платам на приватно. Јас ги молев за царски знаеш што значи 3 провокации, контракции до 130 а да не се отвориш ич. Доле беше онаа Адела докторката, само ми викаше ќе биде ја се убивав од плачење, толку ладнокрвни суштества. Не знам зашто не ми даваа, немав сила што викам ни да трепнам веќе изнамоштена до крај... Верувам дека не им е гајле што јас се мачам, битно бебето да си е океј..
Труди се да одмараш овие 3 недели. Бебето веќе тежи и нормално е да се осеќаш така долу. Цервиксот за таа недела мислам дека не е лош, ама за да не ти е на мисла одмарај до 36та.
Јас исто отидов поради болка како силен притисок долу во 32 недела, измерија 3.0 на ГАК и ми дадоа превентивно Циклогест и магнезиум 2х400мг и одмор ми препорачаа иако не беше критично. Не да лежам нон стоп, ама да одмарам колку можам и никако дигање тешко, клекни стани и слично. За 2 недели ми се продолжи 0.7.
Честитки, се надевам брзо ќе си одите домче да де изнагушкате А тебе ти посакувам брзо опоравување и побрзо да заборавиш низ што си поминала..
Мене ме породи др Ели Ѓорѓиева Николова и сум презадоволна од неа. Мораше кај мене царски ама се беше со договор,анализи и испитувања. Јас се породив 37+5 со близнаци.
Здраво Феминки После 8 години плачки, неуспешни 3 ивф, претходни неуспешни 3 инеминации, биохемиски и киретажи, само си велам фала ти Господе што ја имам таа радост да забременив по природен пат. Баш кога скроз паднав емотивно психолошки па и биолошки веќе исцрпена. Дури и последнава пролет и лето се откажав од секакви суплементи, ни вит Ц, ни фолна, ама баш никаква таблета не земав. Неможам да ви опишам кое изненадување беа двете цртки. Сега сум 16+3 и среќна што ова мало прчасто меше почнува се повеќе да се познава. Бременоста е уредна, нормална и со правилен тек. Нифтито вели здраво бебче а и на ехо се е по тамам. Одам кај тројца гинеколози, матична во Промедика, др Палчевски Систина и др Коруновски. Кај ендокринолог др Муратовска Систина, и кај трансфузиолог др Јани. Некако како сите тројца да ми враќаат што пролетта и летото не пиев ништо, па сега ми дадоа еден куп терапија. Секако и од предострожност заради историјата. Примам Еутирокс по шема, Дабростон 2х ден, Прогестерон вагитории 400мг дневно, Магнезиум 400мг дневно, Ферозомал кесичка и вит Ц 1000 мг, Фемибион2ка, вит Д 2000ИУ, метил фолна 1000, метил в12, Провен пробиотик, Клексан инекција секој ден и Аспирин 100 на секој 4-ти ден. За да ми биде уште малце поинтересно, ми најдоа некоја Гарднерела на брис, па истерав доза Алмацин 500мг 7 дена и вагитории Макмирор. На контролниот брис пак се појави, па пак други вагитории Нео-пенотран. Контролни брисеви правев на две места, Синлаб и Авицена, и на едниот резултат пак беше присутна па затоа пак ги почнав новава тура вагинални. Уште некој ден па ќе завршам и со нив…валда ќе ја решам. Препорака за 2 литри вода дневно, јогурт и кефир, какао, цвекло, црвени плодови, семе коприва со мед, црно чоколадо, мало и чести оброци… Сакав да споделам дека среќата доаѓа кога најмалку ја очекувате. Верувајте, молете се и знајте дека по секој дожд иде сонце. Ве читам и се надевам ќе можам да ви дадам некое мислење и во трудничкиве теми.
Апсолутно не е штетно да се пие пробиотик во текот на бременоста, само кога ќе го купуваш види да не има некои дополнителни работи во составот што може да ти сметаат.